Нема да ти се одбие и синко кога му воведов и 3 оброк ептен намали со цицање, некогаш се фаќаше и по еднаш во денот да цица. И јас тогаш мислев ќе се одбие, ама период беше, еве го сега е 17+ и кога сум дома нон-стоп бара да цица.
Мешиња Дали да почнам да пијам чај за лактација две недели пред пораѓај да дојде побрзо млекце или рано е ?
Рано е. Треба организмот прво да "препознае" дека си се породила за да почне да лачи хормони за лактација. Убаво би било брадавиците да ги припремиш за доење, да мачкаш чист ланолин.
За ова незнам што би те советувала. Нека каже некоја што можеби користела, зашто најчесто со бременост и доење се користи ланолин, безбеден е и да не се измива пред доење. Како поприроден препарат можеш кокосово масло.
ланолин е исто природно, лана+олио - овчо масло излегува од волната такво масло. најприродно тука во Германија се продава непредена волна, таа е богата со ланолин. само како мириса ама и медела ланолинот пример е чист и природен
Кога јадам слива на мојот го протерува за кратко. Значи делува брзо. Претпоставувам и со дињата би било исто.
Многу добри совети за почеток на доењето, начин на доење итн. И многу интересен факт за кога ќе се одбива дете од доење ( прв пат го чув ама ми се виде најпаметно ) прво укинување на денски подои па на крај ноќните подои.
Тоа не пали кај сите деца, зависи од детето. Инаку да, така е добро. Со големиот така направив, дење прво ги укинав подоите, остана да цица само ноќе - турбо беше. Малово никако не можев да го одвикнам од цицање дење, ептен тешко ми беше, па наеднаш го одбив.
Да ти кажам уште од сега ме фаќа паника како ќе го одбијам. Во последно време бара да цица повеќе отколку кога беше бебе. Пробав да му скратам некој подој денски, ајде надвор искачавме ( еве сеа сме надвор ) , па ај на гости или кај нас гости, па играње па ова она и не бреее урлаааа. Еве сеа како да го колат урлаше во парков и пак му дадов. А, навечер е хорор. Буквално некогаш и на пола час бара да цица. Не дека цица цица, туку онака повлечи па ја држи некоја минута, па пак ќе повлече па така ја држи до недоглед. Пробај тргни ја готово мислиш го колат. Ај пробав вода да нудам не бре нејќе плаче. Па ај чај без и со мед нееее урла. Цуцли од 3+ нејќеше имаше нагон на повраќање. Па ај ги земав една со мед ја бапнав, една со од овошна каша намачкав, една чиста, една со од Нестле 8житарки со какао.... и не и не. И еве ме последниве месеци 2ч неам сврзано ме полуде. Башка и заби вади и хаос. Така да како ќе биде со одбивање незнам уште од сеа ме фаќа паника зашто е опседнат со тоа цицање. Да може па и некад уста не отвара за јадење само да цица бара, ќе почне да ме тегне, ако не сум му на видик зајдува неможеш да го смириш се дур не се појавам и циц циц циц циц мњам мњам дај дај и се дур не го седнам во скут не прекинува. Се мислам ако не сега од октомври да го одбијам да не е потешко па покасно. Како напраи ти? Знам и твоето беше опседнато со цицање а може и грешам извини. На колку го одби помалото и како наеднаш? Овој ми е страф ќе зајде ќе дигне тт од плачење, не прекинува буквално зајдува. Еднаш пробав кога кратев подој точно 45мин не престана зајдеее и неможев че пукнев од мака и му дадов.
Теоријава и праксава за одбивање кај мене скроз различни беа. Се сложувам, најдобро е со постепено кратење на подои ама кај некој е невозможна мисија. Која мајка искусила ќе ме разбере за што зборувам. Денските подои се намалуваат некако, иако моево бараше да цица и после јадење ама навечер "закачено на централа", цицни, пушти и спиење со градата во уста. И шише и цуцла имаше фатено ама џабе. И јас на 20 месеци го одбив. Да не се повторувам имам пишувано овде. Ви посакувам на сите челични нерви, упорност и истрајност и со лесно.
Ти пишав во другата тема Инаку, некаде после годинка сите ги фаќа таков период на интензивно цицање, и кај моиве беше така. Ама ќе помине, издржи. Се сеќавам дека големиот од таа причина го одбив, дење ич не цицаше, ама ноќе цело време во уста му беше градата. Како цуцла. И затоа на неполни 15 месеци го одбив. И со малово беше исто ноќе, ама издржав некако, како растеше, се проредуваше потребата за цицање ноќе. А дека е напорно, напорно е, особено ако работиш. Со првото не работев, па ми беше ептен тешко, цело време уморна бев, сега плус работам, и не ми беше лесно, ама помина и тоа.
Мајки чиј доенчиња имат заби - Ве касат ли бебушите додека цицат?!?! Веќе страв ми е да и дадам да цица, абе обавезно ме грицнува а сега и веќе два пати ми ги раскрвавува брадавиците. Боли моментално, плус и наредните подои боли оти практично рана ми прави на градата. А има само доле два заба, ами кога ќе излезат и горните?!?!