на старт касаат кога ќе излезат првите забчиња , после ќе прекине , т.е некогаш од интересно ќе го направе тоа, најсмешни моменти се тоа , ти занесена оно што сум до скокала не се тргај само наеднаш , полека некако отргни и внимание да го заборава тоа ..
Моето сите заби ги извади така, дури од што загризуваше неможеше да цица, па си остануваше така гладна и за два три дена пак продолжуваше со нормално цицање се до наредно запче. Плачев, во моменти на очај помислував да ја одбијам, се шетав така со голи гради по соба оти не трпев ништо на себе од раните. Се мачкав ланолин и таман заздравела ете ја пак со гризење почнува и ради тоа и денес уште имам рана која ми зараснува. И секако имаше и крв на неколку пати од јако гризање. Нема што не испробав ама такво ми се погоди гризалче, ти посакувам да е само моментално и да не те снајде моето.
Синко почна да ме гризе кога му излегуваа првите запчиња и боли страшно многу знам. Јас кога ќе направеше така од старт се тргав луто и му се карав, а ако повтореше со прстот ќе го ударев лесно по носето. За кратко време се одвикна, после само знаеше да ја фати меѓу заби, да ме гледа во очи и да се смее, ама не смееше да загризе.
Изгледа ќе да си трпам и да се надевам дека ќе се одучи некако. На крајот од секој подој гризнува и држи,па чекам да пушти госпоѓицата мала. Иначе 5 месеци е, не верувам дека воопшто е свесна што прави и дека и е интересно... нема ефект да има ни од викање ни од лутење , затоа останува да си трпам.
И мојава ко пијавиче, одма се закачи немав и јас млеко одма ама она влечеше. Ко ќе осетиш како да креваш температура значи иде млекце
Замрзнато мајчино млеко од прилика колку време се одмрзнува? И дали во топла или жешка вода и колку временски да стои во водата? Иначе убаво ми кажавте не го сака АД млекото на Хип Комвиотик му дадов ни голтка...па со електрична пумпица успеав денес на два пати по 80мл.па до вечер со план сум уште толку за утре да има за сабајле и за пред спиење во меѓувреме ќе сум дома и ќе цица. Со онаа на Чико вакум рачна едвај саат ипол 50мл.а со електричната за 15-20мин.80мл.што сфатив дека си имам млекце
На топлово не ризикувај да го чекаш на собна да го одмрзнеш, подобро стави веднаш под млаз топла вода, водата на некои 37степени треба да е, значи како за бањање, ќе го држиш млекото под млазот додека не се одмрзне, нема да трае долго и веднаш ќе дадеш да пие бебе, што остане фрлаш
Прво под млаз студена колку да се одмрзне и потоа потопла,пополека промешај го и одма ке му дадеш да пие. Ако ти е погодена пумпата на градите многу повеќе млеко ке вадиш,можеш и да се масираш побргу ќе тече.
Кога ми доаѓаше мене млекото ме фати треска. Тресење не знаете какво. Се тресев од студ, како да бев на Северен пол. Цело тело ми се тресеше и тоа траеше околу 30-40 мин. Жива замрзнав, како никогаш дотогаш.
Мене од ноќеска така ме тресе валда ќе ми дојде млекце. Бебињава како тегнат и тоа на празно уште сега ме болат брадавичките.
Мешиња Градиве ми се тврди и болни дали треба да одмолзувам или само зелки ќе завршат работа утре дома кога ќе си дојдам?
Бебињата ти ги носат ли ноќеска за цицање? Најдобро е нив да ги ставиш на гради, вака до сабајле ќе добиеш мастит. Ако не ти ги донесат мораш да се одмолзиш малку, колку да ти олесни, ама не до крај зашто ќе стимулираш создавање на повеќе млеко.
Јас ставав зелки. Ја влечат температурата. И така цел ден ќе ти бидат на гради двете, во "празно" кога не цицаат ставај. Со дупче на брадавицата. Измиј си листови, во пластично, во фрижидер, тури на града-фрли. Ме разбра, нели ?!