Јас имав такви " вериги" уште на болница. Аку ти се врели градите ставај ладна облога. Ќе ја исцицат, само притискај ја и за време на доење, полесно да можит да ја извлечит.
Нема потреба од ништо. Моево до крај на доење заспиваше со цицање, после тоа ништо не давав. Вечера, миење заби, успивање. Во раце го земам, го занишувам два-три пати, пеам и готов е, го ставам во кревет. Мислев дека ќе биде потешко, ама не, немам мака во тој поглед. Млеко воопшто не пие, само кисело млеко јаде кога сака, не секој ден. Не е по млекото, повеќе сака сирење, ама и тоа не јаде секој ден. Не внесува млечни производи колку брат му, ама не му се секирам искрено, кога веќе јаде се друго.
Анатх а пиеше нешто за да сопре млекото или само по себе ти престана? И јас планирам некое време да заспива со цице а и навечер кога се буди само така презаспива и влече најмногу,., преку ден слабо влече, ќе цицне од едната града само .
Пиев, Бромергон, морав. Многу ми надојде млеко и ми се направија грутки. И првиот пат пиев и потешко ги поднесов, овојпат немав нуспојави. А можеби ги имав, само не ги почувствував. Големиот беше попроблематичен за спиење и заспивање навечер, а јас одвај стоев од апчињата. Со второво немав мака, дали дека немавме проблем за спиење, па не морав да го нишкам по цела вечер, веќе третата вечер спиеше цела ноќ без будење, втората одвај еднаш се разбуди. А големиот почесто се будеше. Ако го одбиваш, почекај до септември, во лето не се одбива бебе/дете од доење поради можна дехидрација.
Јас пиев по едно навечер, седум дена. Третиот ден имав најголеми проблеми со грутки, ама се одмолзив целосно и ми беше полесно, веќе петтиот ден немав никакви проблеми.
Јас не би чај додека дојам, зборувам за од типот жалфија, маточина, зелен, црн.., сепак се јаки чаеви.
Месеци. Ама се некако немам време да појдам на контрола, плус дека не ме боли скроз заборавам дека имам грутче. Ти беше?
Неќе да фати града малово ми ги извлекуваа брадавиците со шприц, ама пак неќе. Малку ми се вовлечени, и црвени.. Цел ден ја ставам на града, ко демек шмука а уствари само ја допира со уста. Ќе има ли надеж дека би ја доела?? Ми викаат да си купам силиконска брадавица,полесно да било цицањето, а тоа стално ли ќе треба со таква вештачка или не? зошто баш јас да ја немам таа среќа да си го дојам бебето
Мајче нема потреба од тага или песимизам. Тек вчера се породи. После неколку дена ќе има полни гради млекце. Првите 24 часа на бебето не му ни треба млеко(така ми кажаа во болница и не му ни даваа дохрана иако јас немав одма млеко). Ставај го на града малото, нека влече(макар на празно), пиј течности и добра мисла.
Не се разочарувај одма од старт,мене ми дојде млеко дури после пет дена ,дека вовлечени брадавици едвај цицаше ,земав силиконски па така некако почна да влече и ми ги извлекуваше па така постепено и ги исфрлив и сама си цицаше.Малечко е многу ,нема сила да влече,спие ,важно е да го ставаш на града заради лактација
Мене на третиот ден ми дојде млеко. Јас исто имам вовлечени брадавици, го цицав со силиконска брадавица и сега после месец ипол почна без неа да цица.
Мами нешто грешам. Пијам чај за лактација, сокон вива што го даваат во систина и градите ќе ми се стврднат , ќе ме болат , жешки и кога молззм пак 40-59 мл максимум.