Браво мајка многу ми е мило. Да допрва тек ќе надоаѓа млекце. Дома се ќе е полесно ставај листови од зелка на градите помага за убаво да се отворат каналите и ја зема топлината. Убаво е да имаш пумпа за одмолзување кога ги осеќаш тешки градите малку да одмолзиш за да ти олесни па тоа млекце ќе го додадеш со шприц (не со шише). @mimiiiii ќе пробаш еднаш да скратиш од 45 на 30. Вториот пат ќе си дадеш 45. Пример ако треба наутро да дадеш еднаш 45 па по 6 часа пак 45, тој подој наутро скрати го и дај 30. Пробај и следи како ќе биде.
Јас некакл наеднаш и скратив. Ми требаше време да ми "легне" дека имам доволно млеко. Почнав да кратам преку ден, а долго го оставив последното пред спиење. После сфатив и тоа не и треба нема универзално решение. Битна е твојата самодоверба и решителност
Кај мене повеќе цицаа и кога ќе дојде време за дохрана не ја јадат дозата што ја јаделе претходно. Мислам дека тоа е полека откажуваат сами кога им е доболно мајчино.
Мислам дека имам доволно млеко, ама пак не сум сигурна. Имам дополнителен страв дека е родена помалечка ( 2.900 г.). Ние секоја вечер ја мериме. Ќе пробам да скратам едно хранење од наредна недела. @kostarika колку имаа кога им ја тргна дохраната? И може ли линк од пумпата, цените им се too good to be true.
А бе какво помалечка? Супер си е тежината. Ќерка ми е родена 2800г. Сѐ што е над 2500г. е нормална родилна тежина.
Не сум ја тргнала ама се намалува количината и бројот само по себе. Родени се 2040,2160 и еден месец покасно се 2960,2940 Look what I found on AliExpress http://s.aliexpress.com/Z7nYRjqm 1200 ја земав јас
Па педијатрите инсистираа на дохрана дека имаше жолтица и 5 пати ми рекоа дека има мала тежина. Се плашам да не ми се намали млекото ради дохраната па затоа сакам да земам пумпа за да стимулирам повеќе млеко ама не ми се даваат 9-10 илјади, а не знам дали ќе ја користам, па и рачните под 3000 не се.
Уф, за пумпа имам искуство само со рачна. И кога изгледав едно видео за рачно измолзување, одма ја фрлив пумпата. Ем повеќе вадев млеко, ем не ме болеше, ама ич. Види изгледај некое видео на јутуб за рачно измолзување и пробај.
Синко се роди со 2400 па немаше дохрана. Какво мало. Ако добро напредува ич не се мисли крати и бебе ако треба почесто на града. Како што оно ќе стимулира пумпа неможе
@mimiiiii и јас ти советувам рачно молзење, не фрлај пари за пумпа. Многу е полесно и побезболно, а и побрзо. Јас со пумпа се испомачив, а рачно многу повеќе млеко вадев. Изгледај видеа на Youtube, како што ти кажала @NarCis@, ќе го фатиш штосот и ќе видиш дека е полесно. Пробај
Фала на советите девојки, малку сум збунета се плашам да не згрешам. Пробував рачно молзење синоќа маж ми се прсна од смеење. Он ме убедува за пумпа. Дури прскаше ама млекото по чаршав отиде, не земав шишенце. Ќе пробам утре опремена.
Одмолзувај се во поголема стаклена стерилна тегла или чаша, и после тоа млеко ќе го даваш. Ќе биде сѐ, само почетокот е малку понапорен
Мими штом ја мерите секоја вечер тогаш нема што да се плашиш да почнеш да намалуваш дохрана. Колку има напреднато досега? Како што сфатив даваш 4 пати по 60 мл, пробај 3 дена давај 3 пати по 60мл, ако напредува добро намали на 2 пати по 60мл... и така постепено ќе ја тргнете дохраната. Вака ко што кажуваш имаш доста млеко, не би требало да е проблем.
Рачна пумоа на бејби нова од еурофарм 450 ден презадоволна бев. После си купив и електрична на лансинох на старо. Ако доиш рачната ти е доволна. Јас користев електрична зашо не доев туку нонстоп се измолзував.
По 45 мл давам, дозава педијатарот ја даде, прво беше на 3 саати по 30мл дека првите 2 дена дома паѓаше на тежина ради жолтицата па почна да качува и ја сменија на 4 часа па на 6 часа. Инаку сме скоро месец и има над 700 г качено, отприлика 25 г дневно качува. Ќе пробам да намалам се надевам нема да ми симнува.
Ако качува толку, тоа е супер. И тоа што кажува педијатар, кажува. Ако детето бара повеќе, дај повеќе. Ако цица давај цело време колку сака. Ние првиот месец пиевме и ад. По шема. Бебе не издржуваше три саати со определената милилитража. Ем побрзо, ем повеќе бараше. не се сите "по шема".
Каква е таа доза од 45? Нема таква.. се прави доза од по 30/60/90. Ние тука може се да ти кажеме, ама дур сама не стекнеш "сигурност" нема да откачиш дохрана. Мене фала богу и педијатарот ме охрабруваше да намалувам. Одевме почесто на мерење и бидна. Ако може поголемо бебе да се засити само со мајчино млеко, помало уште повеќе можело. Ама пусти страв. Мене од болница ме испуштија со совет да не давам дохрана, освен ако бебе во текот на (мислам) 6 часа нема мочана/какана пелена или кака зелено.
1 ипол мерица со 45мл вода, или 60 мл па да и го тргаме, ние со 60 ка одиме. Ама да во картончето и во извештаите и 2 те педијатарки имаат пишано 45 мл.( и мене не ми е јасна дозата) Кај нас не беше таков случајот во врска со дохраната, родена е во 36 та недела, не сум дала на своја рака, задолжително беше според лекарите. После контролите веќе почна да не охрабрува педијатарот дека ќе може да се отфрли дохраната, дури и ме тераше да ја дојам пред неа за да види како се снаоѓаме. За стравот во право си...