Градиве ми станаа тешки како камења да носам внатре. Таа кај што протече колострум помалце ама исто стврдната е. Надоаѓа млеко? Нормално е?
Млеково ми надојде пред два дена дури, а малата неможе да се најаде од него. 45мин цица и тоа само од десната града, млеко и тече и по образи, ако се тргнам малку вришти и упорно си влече.. Одма и давам и ад и ја пие цела количина од 60мл, сабајлево дури и 90испи. Дали е одвикната од цицање па не знае да цица или само и треба повеќе време за да се доцица, и дали мислите дека треба да ја оставам и по еден час на цице да не давам дохрана? Има денови кога воопшто несака да фати, плаче дури зајдува се додека не понудам шише.. А се трудам,премногу се трудам да не го нудам. Од мислачка зошто неќе, цело лице акни ми е.. Стресот го прави своето.
Се молзам ама не вадам по многу така. Па мислам дека е правилно, ама пошо сме со силиконски брадавици е малку потешко.
Оф...сигурно знае некој има искуство од членкиве...види има една веб страна за бебиња српска нз дали смејам да ја објавам мн корисни работи има баш за цицање
Се испробав што ме советуваа, сите совети ги применив ама не оди лесно. Сега ќе видам на странава што има корисни за мојот проблем, фала
Додека го доев со силиконски брадавици се доевме по 40-60 минути. Пред пола месец почнавме да се доиме без нив и ме исцицува за 20 минути
Ние сме 3 месеци и сега градите ми се постојано меки. До пред 1 месец градите ми беа тврди пред подој и после цицање, кога омекнуваа, знаев дека се исцицала. Сега како да знам дека исцицала? Се си мислам дека не е најадена. И кркорат цревцата. Дали тоа значи дека е гладна? Вие колку време сте на доење? Како напредува бебето?
И на мене сега ми се меки градите, јас по големината си приметувам плус сам се трга кога е најаден, му нудам пак не сака. Ние веќе два месеци сме на доење, толку е и стар. Добро ми напредува последната контрола по 37гр. на ден ми имаше напреднато.
На мое дунде исто кркореа цревцата, ама не верувам од глад. Најчесто брзо по кркорење следеше какање. со оглед на тоа дека супер напредуваше, не верувам да било глад.
И мене сеа ми се помеки градиве ама цица и имам млеко. Јас исклучиво го дојам кога ќе посака иако цицат по 15-20 мин и отприлика на 2 сати цицат...а машала напредвит...имаме 2 и пол месеци и 5700 грама...секогаш ко ке и кркорет цревата или ми какат или испуштат гасови
Па од кога е роден од кога не пуштија од болница само на цицање сме, тоа е веќе два месеци. Преку ден му давам на два- три саати да цица. Ноќе до еден месец го будев на три саати, а сега сам станува два пати за цицање. Вкупно 9-10 пати го дојам дневно.
Жени... Ова било тешко. Ништо не знам. Едвај се снаоѓаме. Баби само се мешаат, секоја различна приказна. Мислам дека конечно сабајлево ми дое млеко. Влегов под врела вода масирав и влечев со рачна пумпа. Првин капка по капка, после и протече. Цицаше 15 минути од едната града и заспа. Дали се најаде не знам. Не знам како слушате дали голта?! После 2-3 саати се искака 3 пати. Златни каки. Цицаше 25 минути. Во 11 и пол. Уште спие. Градиве ми се стврднуваат пак. Да ја будам на 2 саати во 1 ипол или да пробам да се молзам? Многу тешко се снаоѓам. Не само со доењево туку со све. Греота детево. Дури мислам дека не ја ни држам правилно и само си викам дека ваљда ќе плаче ако не и чини. Можда си трпи - не знам! Не знам дали е и ова за тука-после јадење уште прави со устето како за цицање, а не е гладно 100% (зошто многу вришти кога е гладна) и цица прст или што стигне. Не ли е мало? Лажалка да не бара? 4 дена сме стари.
Тешко е точно. И мене ми беше тешко. Но, ќе се привикнеш, рано е, многу мали сте. Ќе ви треба време да се прилагодите, и да учите . Штом цица бебето, мој совет е да му даваш да цица, а не да измолзуваш. Буди го ноќе, најмногу на 2 часа (ако сте само на доење). Ако ти се полни и тврди градите, одмолзувај, така ќе стимулираш лактација, но најдобро е бебето да цица често, така најдобро се стимулира. Сама ќе процениш кога да одмолзуваш. Ориентирај се по време, но немој стриктно. Ако сака да цица порано, нека цица, дај му, не чекај 2 часа. Ако не плаче, ако има мочкани пелени (5-6) и кака жолтеникаво, најадено е. Се што пиша е нормално . Ќе помине тешкото кога ќе стекнеш самодоверба и нема да дозволуваш да ти се мешаат.
Стави 2прста под брадата на бебето и ќе осетиш дали голта. Чим полни пелени и не плаче, значи е сито. Сите цуцаат со устињата на празно, јас и лажалка давам од старт, но сеуште знае да ја плукне и си продолжува да шмучка на суво, ако сака цице отвара ширум усте и бара. Ти си најдобрата мајка, но секој почеток е тежок, сигурна сум дека се правиш како што треба, старите тргни на страна, ако имаш некоја дилема ќе си прашаш доктор. Само смирено, за брзо ќе стекнеш осет и рутина за се, па ќе уживаш во секој момент