Мене ова ми изгледа на супер почеток. Млеко ти надошло и бебе фаќа града и цица, првите 2 чекори кон успешно доење се исполнети. На бебе старо 4 дена доволно му е 20-30мл млекце за да му се наполни мешето, ако цица активно за 15 минути може да ја исцица таа количина па и повеќе. Каките асоцираат на тоа дека внесува млеко, мада доени деца може и по неколку дена да не какаат, да знаеш, затоа прати број на мокри пелени. Ставај ја да цица кога сака и колку сака, ако е заспана и не бара сама нуди ја на 2 часа преку ден и на 3 часа преку ноќ. За положби побарај на нет има различни положби за доење, перница за доење исто би ти била од корист, јас лично користев обична мала перница, си ја ставав во скут и синко на неа го легнував и така цицаше и спиеше. Тоа што постојано го мрда устето како да цица е основниот човечки инстинкт и е сосема нормално да прави така, а дали ќе дадеш лажалка или не, е твој избор, јас лично сметам дека е доста корисна и нема штета од неа.
Девојки, колку време ви трае еден подој кај бебе од една недела? И на колку време го доите... дали го будите нанодредено време или чекате сам да побара. Моето бебе јас го дојам по отприлика пола сат на 2 ипол сати или 3 и сам се буди бе гп будам јас. Си кака и мочка неколку пати на ден и не плачи досега. Дали е доволно?
Доволно е. Толку мало бебе треба да јаде на 2-3ч. И мојив сам бараше, подој тој период ни беше по 40тина минути
Кај нас подој никогаш не траел повеќе од 10-15минути. Ни на две недели, ни на два медеци. Секое бебе е различно. Ако ти е страв оди на мерење еднаш неделно за да следиш напредок и нормално какани/мочани пелени.
Времетраењето на подојот е индиводуален, секое бебе е различно. Првата ќерка висеше на цице по саат време, втората е најадена за 10 минути. Не се секирај, како што ти кажале другите ќе си следиш по пелените колку ги полни.
Мајки, таман научивме цицање (после многу труд и напор), сега приметувам дека градите се меки и не се полнат како порано. Се мислам дека се намалува млекото. Пијам се што зголемува лактација, и вода, и лактамил-чај и лактил-капсули. Не знам што друго да направам за да го задржам млекото....ве молам, предлози и совети.
Кога ќе се воспостави лактација т.е кога потрошувачката ќе биде колку што е побарувачката ( лактацијата е воспоставена и млекото е според потребите на бебе ) градите ќе се меки нема веќе да се преполнуваат. Обично тоа се дешава 3-4 недели по надоаѓањето на млекото. Млеко се има иако градите се меки. Ќе бидат набрекнати и пуни само доколку бебе нецица повеќе сати. Еве ме 16мес градите ми се секогаш меки и сеуште го дојам кога сака и колку сака. Не се плаши имаш млеко и најдобар показател ќе ти е вагата ( напредок на бебе и полни пелени ). Моринга и Фероглобин капсули + витамин Ц.
Имаме мал напредок последните две недели (70 г), а мочкани пелени 5-6, но само преку ден. Ноќе пелената е сува.