До сега супер ни одеше и со положба и со времетраење на подој од вчера почна да ме тегне да црвенее ја пушта градата па пак бара, на едно цице е 20мин па пауза имаме после пак бара цице..а ноќните подои ни се 10мин и кома е заспан..пелена е полна вчера дури 8 пати какаше за скоро месец 800гр, туку страв ми е да не се одбие или нормално е да како расте да мене?
Како бебе и мојата еднаш се разбуди со сува пелена, прашав педијатар, ми рече океј е се потпи и затоа немочка многу. Ама од следниот ден пак мочкаше. Да напоменам, мојата ставаше над кило месечно штозначи супер цицаше, а не мочкаше од топло.
Кажете некоја финта за убаво да јс фати и ареолата??? Трпеливо да ја чекам да отвори уста повеќе? Или?
Се поти бебе? Доколку се поти нормално е да не се полни пелените до тој степен како и кога не се поти. Исто така зависи и колку пати цица ноќе. Доколку не цица често пелената неможе да е преполна. Доколку цица почесто тогаш ќе е полна. Пелената не ја гледај во текот на ноќта туку сабајлето кога ќе стане бебе. Не секогаш се исто полни пелените доколку бебе се поти на тој начин исфрла исто течности. Би ти препорачала да исчиташ некој постови и статии од најпознатиот лактациски советник во светот https://m.facebook.com/DrJackNewman/ Имаш корисни совети и информации поткрепени од човек кој е најрелевантен на тема Доење. Имаш и за полни и неполни пелени, за тоа дали е загрижувачки или не доколку бебе не качува први месеци кг според табели итн.
Фала ти многу. Го имам читано Newman за многу работи. Ќе погледнам и за ова. Не се поти, а ноќе не цица, спие, дури во 4-4:30 станува за цицање.
Чим не цица тој период немаш простор на грижа, не внесува течности и затоа тој период не полни пелени.
Штом бебето убаво си напредува, кака и мочка, не гледам причина зашто би се одбило. Тие промени во "расположение" можат да бидат од различни фактори, пример грчеви или топло му е. Ако плаче и се црвенее, направете кратка пауза да се олади, прошетајте низ соба, гушкајте се да се смири. Па пак од ново. Најчеста причина да бара цица откако е нацицано се грчевите. Без паника, ќе имате вакви фази уште многу.
Дали ве болат пупчињата ,дали ви се осетливи? Не можам хартија да пипнам ми се ежат градите и како да ми се суви. После секое доење се мачкам со ланолин и во прв момент ублажува после исто.
Зошто мене ми рекоа еден месец по пораѓај и после не треба ништо? Бебињава до пред некој ден цицаа 15 мин и таман дохраната биднала па од неа после јадеа. Ќе се измолзев после немаше млекце.Сега за 3-5 мин заспиваат на цице и останатото време додека бидне дохраната не голтаат само седат .пак се молзам после тоа и пак нема ништо. Побрзо испиваат или помалце млекце имам?