Не знам,ги будам за дохраната . Од неа јадат уште 45 мл плус. На мисла сум да земам силиконски брадавички. Едниот бебуш лапа од шише а од цице слабо. Си мислам ако можам силиконската да му ја бутам во усте.
Imam mmnogu golemi grutki vo gradite tesko mi ide so racno izmolzuvanje premnogu mleko mi doaga ... moze li nekakov sovet ?
Иста бев и јас, се будев целата мокра, листови од истолчена зелка помагаат. Мене сега од како малку пораснавме, 2ипол месеци сме, повеќе исцицува и градите ми се подобри.
Здраво феминки, ми требат ваши искуствата и совети, вака синко само што наполни 7м, од раѓање е на доење значи супер си фати да цица од прв момент, е сега веќе 2 дена како осеќам болка во брадавицата, болката е како печење, на почетокото кога почнува со цицење дури на лудост ме кара, не ми е црвена, немам рани, дури и на допир боли и тоа во едната многу, истото е и сп другата но со пимали болки, што би можело да биде, незнам дали да ставам нешто или на доктор да одам. Ви благодарам
По колку дена од ц. Рез ви дојде млеко? Моиве фатија колку толку цице ама со силиконска. Едвај им местам града, претешко ми е, беба плачи гладно, па и грчеви имаат. Јас уште сега се скренав ама најкриво ми е што не знам убаво да им наместам града. Барем млеко да ми дојди... ми протече само малку колку без ич колострум. Совет некој?
Немам сеуште, можно е и од тоа да е, ете денес од сабајлечки во левата немам повеќе болка, но затоа пак десната ми пречи дури маицата, ме печи страшно. Се надевам дека до тоа ќе е, страв ми е да не се работи за некоја си инфекција
После 20 денa, со силиконски сме и ден денес е претешко не сме навикнати и сме со ад по секое цицање. Без нервоза, и повеќе течности! Многу многу течности!
Ми дојде млеко 3от ден по царски рез, уште првиот имав колострум. Никој не ти покажа како да местиш бебе на града?? Во родилиште?? Патронажна не ти дојде уште?? Погледни на јутуб некое видео. И зошто силиконска?? Некој така ти кажа или??
Јас знаев му го заменив подојот меѓу доручек и ручек со ад и немав никаков проблем. Цицаше пред да одам на работа, па кога се враќав. Сега веќе и пред да одам ретко цица, а кога ќе се вратам обавезно.
Пробувам да не давам и камче ми се прават Сега ја наручав и ја закачив да "ме измолзи". Малку цицна, се тргна и млеко течеше уште 2-3мин после Многу ми е страв. Веќе ми се направи еден проблем заради кој ме чека интервенција, па се се плашам од уште проблеми
Градите не ми се стврднаа цел ден. Ми снемува млеко? Околу пладне ми зајде бебето од плачење а цело утро беше на цицка. Дадов АД се смири. Еве го 18ч. уште не се стврднаа. Она си тегне и кога ќе ја тргнам има млеко во уста.
Како после 20 дена? Сакаш да кажиш дека по толку долго време ти надојде млеко? Денеска подобро ми одеше пробав друга положба и ми тргна работата. Инаку уште сум на болница, сестрите ми помагаат, ми местат бебиња, а со силиконска подобро фатија зошто брадавиците не ми се убаво истргани нанадвор. Уште млеково да дојди... почнав чај од хип да им барам.
Во почетокот одмолзував по малку за да ми олесни. Не претерував и не секогаш, само кога ѓи осеќав градите претерано тешки. За среќа кај мене многу брзо се регулираше.
Ако цицало цело време, може и да испразнило гради. Мислам дека е рано за воспоставување на лактација. Уште не ти е убаво надојдено млекото, тоа се случува околу 18-20ти ден. Пиј течности, ќе се наполнат. Дај си барем 2 ч време меѓу подој и следи дали има промена во градите.
@Feodora Па да, до тогаш само колострум имав и тоа ептен малку. Кога почнав со чај Хип и Лактил капсули почна да надоаѓа, кога ќе притиснев брадавица шприцаше. Иако сеуште мислам дека немам доволно. Битно ја дојам, колку имам-толку.