@Chanell* и јас имам колострум, се молам бога да надојди зошто сестриве ми ги носат кога се гладни и јас му давам празна цицка, ај ќе речиш се стимулира ама почнуваат да плачат од глад, а јас се чувствувам некорисна зошто немам млеко плус грчеви фатија. Цел ден плачам под стрес сум многу.
Од тоа плачење и од тој стрес мислам не идеше млекото. Природна работа, ќе надојде, не секогаш надоаѓа млеко после 2-3 дена. Еве јас сум жив пример. И јас давав празна града и во болница и дома, ама ден немам прескокнато, колку има толку ќе исцица, ќе си ја дохранам и мирна глава и мирно бебе, нема да запаѓаме за тоа кога имаме решение. Колострум последниот ден кога не пуштија од болница почна да капнува, дотогаш за гревови(мислев дека)бев. Пиј во болница колку можеш повеќе сок и вода, бебињата почесто барај да ти ги носат и ставај ги на града, ќе стимулираат лактација, ако огладнат и почнат да плачат ќе ги нахранат што се секираш, ти смирена треба да си битно. Ќе имаш млеко! Јас тие грешки што ги правев првите денови ти не ги повторувај, стресот ти е сега најголем непријател За грчеви зарем не е рано?
Еве вечерва имав подобрување, добив надеж некако и овде на форумов што си се олеснив. Инаку можеби не се грчеви ама бебево само што го наранија 35 мл за прв пат по 10 мин почна премногу да плаче, ни цуцла не помогна, памперс и се смени, бљуцна и пак не прекина, ова сето траеше 3 часа, ја гледам се витка со ножината, па така си претпоставувам дека или се грчеви или можеби и разработуваат цревцата?
Мамички ние цицаме панповраќаме.. спиеме дури и 4 часа пелени полни супер... исто проблеми со гругки но мислам дека имам премногу млеко.. имаме 10 дена .. некаков совет? Понекогаш цица 40 мин понекогаш 10 у глобала цицаме и спиеме.. ссмо не знам со поврсќањево?? Нормално е ?
Го повраќа вишокот млекце, ништо страшно. @Feodora Грчеви ќе да се со лесно, дај боже да не се јаки ,.
Јас ја будам од сам почеток. Сеа ко аларм ми е, повеќе од 2-2ипол часа не спие гладна, сама си бара, некогаш и на секој саат/пола саат. Навечер на 3 часа ме буди сама Сама кога сака ќе ја оставаш таму од кај втор месец, барем до 40 дена буди ја на 2 часа
@kostarika само таков им барам, повкусен ми е, ама морам да ви се пофалам дека еве спавачава цела водена, ми надоаѓа, џабе паники кревав, но и хормоните ми се на сите страни па затоа можеби.
Фала костарик. И друго да си прашам. Синоќа ја начекав бебушка во сон гладна па и дадов да цица без силиконска брадавица и фати, едно 15мин поцица така Е после се расони и имаше плачки, и дојде потешко него ли со вештачката брадавица. Арно ама, додека цицаше некако ко да ме болеше, мислам ме стискаше многу и денес ми е малку вцрвенета брадавицата Не сум доела без силиконски и не ни знам како уствари изгледа, оти вака со нив не осеќам ништо.. Нема фатено убаво штом сум црвена, или дека прв пат искусив вакво нешто па затоа боли и е црвено? Да не пробувам пак ако не е правилно. Денес е пак по старо, дека расонета и пак не знае да фати
Мене прв пат кога ме фатија бебињава мислев дека сестрата ме стиска и ја замолив да биде понежна. Не ми се веруваше све кила мевце да влече толку
Батали тогаш силиконот и нуди без, биди упорна! Вцрвенети, болни, ми жежеа, пецкаа во стартот, ми сметаше што и да ме допре, но со тек на време се исчезна, првиот месец дена само беше така. Мене ми рекоа дека правилно се местиме, но треба време додека се навикне брадавицата, башка и мојов како пијавичка беше
Мене и рани ми се направија во болница. Неподносливо беше. Страв ми е да помислам да дојам без силиконска. Мене многу малце и преку ноќ ми се стврднаа градите. Едната повеќе, не подеднакво. На туширање сабајле тече млеко од двете. Ја дојам ама како да не се најадува... Како распознавате плач за јадење и плач од грчеви???
@emkaemka Ја баталив силиконската, ама само на кратко,денес собрав храброст после скоро месец дена, почнавме убаво и продолжуваме со хистерично плачење пошо ја губи и или со силиконска или со шише продолжуваме. Ух тешко, се надевам ќе се научи