Јас колку што сум информирана знам дека пиењето млеко предизвикувало грчеви кај бебето, демек не се препорачува да пие мајката. Немам искуство но патронажната и педијатар ми имаат кажано така. Но сепак зависи и од бебчето, секое различно реагира. Пробај мајка па ќе видиш дали има реакција.
Мастит??? Во паника сум цела. Едната града неподносливо ме боли од надвор. Накај пазувата. Грутка не можам да осетам. Температура имам 37.6. Тапан ми е главата. Сабајле се срушив на земја. Масирам, молзам, цицаше од таа града. Паника сум скроз. Кај да идам на доктор на ургентно ли? Масирав и со шише топла вода. Ќе полудам ...
@TeddyGrey смирено само, оди до Систина нека те видат да ти е мирна глава. Не мора на ургентно, побарај да те прими било кој доктор што е на смена
Мене истотоме снајде, со температура 38/9, по преглед кај матичниот гиниколог и консултација со педијатарот, ми дадоа веднаш антибиотик. Ме караа зашто порано не сум отишла. Мој совет да не чекаш да одиш на преглед.
Мастит е, најверојатно веќе си доби антибиотик..., продолжи со масажи и ставај облоги од зелка после подој и бебе почесто на таа града.
Имаш пумпа?? Ако немаш купи и влечи со неа колку да ти се ослободат градите. Млекото во кеси/чашки собирај и мрзни, ќе ти се најде.
Од антибиотикот за 1 ден треба да ти е подобро, земи и пробиотик со него, а најубаво е и на бебе да даваш пробиотик. Од антибиотикот може да ти се намали млекото, да знаеш, така да внесувај течности редовно, одмарај убаво и не се нервирај.
Имам пумпа и рачна и елек. Едвај искача со рачната нешто, со електричната ништо. Ми се симнува температурата ама едвај тече. Немам веќе сила. Што ако не пробие???
Не е само да влечеш, туку треба да влечеш правилно со пумпите. Градите треба да се топли, најдобро првин под топол туш масирај ги и потоа мести пумпата. Навалена нанапред повеќе и побрзо сум истиснувала.
@TeddyGrey стави топли намокрени крпи на градите. Колко топло можеш да издржеш толку. И молзи со рака. Од горе надолу. Кај мене ова беше најуспешно кога се стврднуваа. Или под топол туш. Да се отворат каналите.
И јас немав. После неколку дена од кога почнав со антибиотикот ми дојде. Ке видиш секој ден ке ти се зголемува по малце. Битно ти масирај се. Јас не се форсирав многу, два пати на ден по 10 15 мин рачно, убава масажа ја опфаќав цела града, од горе надоле стискај.
Јас со саати се масирам. 2 - 3 пати под врел туш по 20 мин бев. И се масирав. Многу сум исплашена. Допрва ноќта доаѓа.
Мајчино млеко на собна температура колку време издржува? Се измолзив додека спиеја бебињата и сега страв ми е да им го дадам по 3 саати. Или пак за тоа време во фрижидер да го чувам, но после смеам да го топлам?
Упорно со пумпата, види и на јутуб клипче како правилно се мести. Мене со рака молзење ми беше невозможна мисија, ама со пумпата раат, па спречив мастит инаку натака идев. И навечер да барем еднаш се молзев. На топлово 3ч да стои млеко е многу, фрлај го. Нареден пат во фрижидер и мешајќи кружно со шишето под млаз вода 37степени отприлика треба да е, ќе го потстоплиш и даваш.