И јас се плашев ама ќе видиш може потешко ќе е првите две недели(не се измолзував на работа) камен ми беа, ме болеа, жежеа, дома едно влагање бебе на града ко нов човек се осеќав Бев и на службен пат два дена со спиење интаму ептен мачку измолзував со рака колку да ми олесни. Потоа се си дојде на свое место. Да пробаш да скокнеш подој сега , да и даваш ад пример за да има време организмот да се "програмира" до поаѓањето на работа. И не се измолзувај многу , малку само колку да ти олесни инаку пак ќе ги преполниш. И ај после лесно било доењето
Мислев пиеше твојата... исто како мојот значи Не се секирај ќе се адаптираш. Јас се каам што не му одтавив еден оброк ад баш ради ова. (Мака мачевме неколку месеци, еден оброк ад со лажичка му даваа)
Јас и давав за континуитет едно време, ама со шетање ваму-таму и некако полесно беше само цице. Ќе пробам денес пак. Мајка ми зеде со лажиче да проба (одма на тебе ми текна). И викам а бе до утре вака ќе и даваме. Вика, ти што мислиш тебе како сум ти давала течности
Пробајте и со шприц. Јас во моменти на очај кога не сакаше да помириса се пробував, и со шприц најмногу успевав да му дадам.
Не знам дали е до млекото/шишето? Не сакаше воопшто шишето во уста да го стави. Буткаше со раката. Деновиве и храна одбива, па си викам да не ја мачат заби или од настинката е.
Уф, секое дете своја приказна. Кога ги вадеше забите малку намали на храна, ама за млекото не приметував разлика. Ќе мора да пробуваш. Јас само ти давам идеа што нас ни текнуваше да правиме кога не сакаше да помириса шише. Се надевам со лесно ќе ср навикнете. А нема ли шанси да ја користиш паузата за доење, барем додека да се навикнете?
Ќе си одам порано. Не ми се исплати да правиме иди ми-дојди ми. До 4 ќе сум дома. Денес пак ќе пробаме. Нема друго чаре.. ако не, ќе ужинкаат нешто друго со баба, па од 4 цице.
Јас со законот да ти кажам дека секоја мајка до 1 година има пола сат пауза за доење. Ако нешто менува Уф бе кукле шо совет не знам да ти дадам. Чајче водичка пие од нешто? Ако да, пробај во тоа дај и оти другарката на дунде, Ева, не пие чај од друго шише туку само од она за млеко Или во млекото да ставиш една бисквита може ќе се залажи. Ама глупи совети давам ама гледам си загрижена па штракам шо ми падне на памет Ова со градите верувам треба време да се средат за да создаваат помалку млеко.
Јас со двајцата ја побарав паузата..зошто ни едниот ни другиот ни шише ни друго млеко не пиеа. саат време е пауза за доење плус регуларната пола сат..вкупно саат ипол..блиску ми е работата (помал град) за некој 10 тина минути дома.искрено дури и пред рој саат ипол се враќав..темпирав подој пред да одам на работа 08.00ч, овошје доручек со жената кај 10ч,јас околу 12.30 накај 13 доаѓав за доење пред спиење..и ручек во 15.30 до 16ч и таман се враќав.. Со лесно само ..ќе се навикнете.. Помалиов ѕвер не беше многу по други оброци до кај 9 месец..тогаш јогурт и кисело млекце му се броеа оброци ..кога тргнав на работа виде невиде почна да јаде повеќе..
@fana не е по благото бисквита нема да ја лаже ќе јаде кисело млекце @victoria мене со гужвава низ град не ми се исплати да се враќам дома. Дур дојдам, треба назад. До 4 ќе гурам некако Цела сум паника. Ако не бива, ќе земам боледување. Нема друго.
Колку месеци е бебето? Мојата шише не фати. На 6 месеци ја оставив. Си идев на пауза и доев до 7 месеци. После дома јадеше 2 оброка и ич млеко. Идев у 3 и доев. Значи пред работа доење у 7, па у 10 појадок, у 1 ручек у 3 цицање. Градите преполни 2 недели. У веце стискав по малку. Носев прслук со корпа и црни блузи. После 2 недели немаше млека до 3 саат. У 3 ми се полнеа гради. Мастит добив по 20 месеци доење а не кога почнав на работа
9 рамно И мене страв ми е мастит да не фатам сега допрва. На почеток на доење закачив еден проблем (ќе мора хируршка интервенција ) и сега уште ова ептен ме плаши.
Ехеее. 9 е големо. У 7 цицање о до 4 саат 2 оброка и ужинка. Ич не се замарај. Не му треба ни млеко ни вода. Стискај по малце само кога ќе сетиш мака. Телото е создадено за ова. Само знае кога треба а кога не да произведува млеко. Јас имав млеко за 2 деца па океј бев со градите.
Ајде само без паника. Ќе намалиш со течности во првиот дел од денот и ќе пробаш да си олеснуваш, ако ептен надоаѓа. Мислам дека организмот брзо ќе си се прилагоди.
Не се секирај, ке фатите ред за неколку дена. Не се малтретирај ад да воведуваш. Со две деца го поминав истиот пат. Сабајле во 7 цицаа, пред да излезам на работа, они си продолжуваа со спиење. Кога ке станат накај 8- 9 доручек. 11-12 ужинка, околу два- три ручек. Еден од овие оброци беше млечен. И јас се вракам 4:30 пак цица. Градиве за неколку дена ми се адаптираа. Првите денови знаев на работа малку, само малку да измолзам колку да ми олесни, после веке не го правев тоа.
Отечена ми е ареолата под брадавицата, не е тврдо туку зголемено како перниче, немам болки освен пецкање кога надоаѓа млеко, има ли потреба за грижа?