Мене тироидата ми се поремети малку за време на доењето со второто. Не знам дали и колку има поврзаност со тежина, доколку можеш провери си.
@kostarika нема такво нешто кај нас. Јас со најобични маички сум цело време. Кревам и бебе цица. Голиот дел го покрива бебе дур лежи и гајле немам. Зимото ми беше покомплицирано. Сега ич немам гајле.
@kostarika Јас фустан за доилки земав од ваикики пред некој ден види таму ( кај трудничкиот дел), градници имам 2 од хм и мн се практични и пријатни ги перам на 60 степени гајле немаат, исто 2 маички за доење од хм. Си купив и кошула фустани практични се за доење.
Јас мислам дека детето ми е гладно. Мислам, ама не сум сигурна. Вчера беше мирна и немаше грчеви, цел ден бевме на цицање. Вечерта почнаа врискотниците, дадов капки за грчеви и ја стаив на цице. Се будеше често и не спиеше мирно. Сабајле продолжија врискотници, пак дадов капки за грчеви. Пак цице. И не се смири. Или се смируваше многу кратко. Се замислив да не не се грчеви во прашање и направив 90мл АД. Ги лапна со сласт, да имаше уште ќе пиеше. Не ни бљуцна ни овојпат, не ни бљуцка општо. Ждригна и заспа и еве спие скоро 2 и пол саати како преморено е. Гладно ќе да е,што мислите? На педијатар сме дури во петок, а не би изгладнувала дете до тогаш. Како да ја распознавам што и е, кога ли ќе научам да препознавам што ми бара детето ?! Аххх, маки.
Ако ја јаде цела доза , секако е убаво да направиш малку повеќе и ќе знаеш . После пак таа доза и ќе видиш дали било случајно што ја изрла поголемата доза или треба да и правиш повеќе секогаш.
@TeddyGrey Јас после скоро секој подој и нудам, 90 или 120мл правам во зависност од тоа колку цицала. Подобро е да го фрлам вишокот,него ли да ја оставам гладна. Ако цица и задреме знам дека не е најадена, колку и да ја закачам и тргам и пак ставам на града, она пак ќе заспие. И одма давам 120, го пие со сласт. Кога слушам дека голта убаво, и давам 90 но секогаш пие само 60, и мирна е наредните 2-3 часа. Пробај неколку пати нуди и барем по 30 после доење, ако плаче и шмука уште и покрај празното шише, значи е гладна.
Викаат има врска... ако тсх е под границата се слабее, ако е над граница се дебелеело. Односно со хипотиреоза се дебелее... Јас па хипо сум + хашимото, пред 15тина дена 16.3 тсх, а ослабена сум...
Па прееска шмукаше и после испиени 90мл. Сакаш да кажеш ќе се тргне сама кога и е доста? Тоа не ми се случило до сега. Многу е лакома. После секое јадење ви заспиваат? И тоа е знак дека се најадени?
Мојата со јазикот ја вади цуцлатс и не ја отвара устата кога е најадена Претежно да, но не секогаш заспива после јадење. Ама мирна е и весела кога е сита.
Се замислив колку време ја чувам гладна... Ама па полни пелени секој ден... И качува на килажа. Не сум веќе паметна.
Тогаш не би требало да е гладна. Барем еднаш/двапати нуди и 90, ќе видиш дали и колку ќе сака. Ако не го повраќа значи таман и е Ако шмука уште, врати ја на града пак.
Исто само не сум ослабена ама грaм немам качено. По бременост за 3-4 месеци се вратив во нормала па добив дијагноза хипо + хашимото.
@TeddyGrey @Chanell* ова со нудење после подој на ад од педијатар ви е препорака? Ние од раѓање сме само на доење има денови кога несака и помалце цица ама ми кажаа ништо друго освен мајчино млеко да не давам...
@TeddyGrey штом ти напредува и цица убаво не си ја навлекувај бељата со ад, после зачаран круг ќе е. Ја не сум нешто као мора да се дои по секоја цена и ако бебето не напредува тогаш не станува збор ќе се даде ад и никому ништо. Со супер напредок како вашиот ја не би давала, бебе ко бебе не секогаш знае колку му е доста, прашај си педијатар вака по секој подој ад, ќе ја зезнеш работата со цицањето.
Премногу вриштеше. Не вришти после секој подој. Сум приметила кога ќе ми се стврднат и наполнат градите тогаш е помирна после цицање. Ама некогаш бара почесто и не ми се полнат градите, тогаш само 10 минути ја држи 'расположение'. И не спие после доење, спие само после АД. Нема 'грчеви' после АД. Којзнае и дали имала грчеви овие 2 - 3дена ко што мислев. Еднаш на ден давам, бар до сега така давав. И помирна е цел ден после. Пред некој ден од 24 часа 20 ми беше на цицка нон - стоп, пак беше распиштена, и тогаш се смири со АД. Утре ќе одам на педијатар. @baby 5 во систина не отпуштија со препорака за дохрана, а во разговор со педијатар на последниов преглед ми рече ептен ако мислиш дека е гладна-понуди. Никад не одбила. Пак ќе кажам - не сум паметна. @kostarika нешто спомна пред некој ден советник за доење, како пројде? Што ти кажаа? Препорачуваш ли?
Жената е супер , на сите ја препорачувам само што со две бебиња за една недела така се истоштив па и маж ми покрај мененшто се каравме цела недела и ми забрани да терам понатаму. Со едно бебе луѓе телефон ќе ви дадам , бесплатно е и за доброто на бебињата.
Испис - 3300 На две недели 3720. На три недели 3900. Првата недела немам тежина, била расипана вагата и покажа многу голем напредок - 3900 што после ми кажаа дека било грешно. Околу 180гр качува неделно.