Не сакав да ти пишам кога праша да не те обесхрабрам, јас со едно збеснав, а не ти со две. Супер е жената советува и се ама и мене маж ми забрани да се опседнувам со дојките. Дури и пумпата ми ја скри, а 5000 фукнавме за неа. Бебе таман почна да врзува по 4 саати ноќе, јас ја будам на 2 часа па после молзи се па уште и 5 мин на празно, а треба и да спиеш за млеко епа кога? Исто ни предложи и хранење со цревце не ни пробавме тоа, језиво ми беше. И така по неколку кавги баталивме и се водиме по ритам на бебе кога сака да цица, ад давам еднаш или два пати кога гледам дека е гладна, се надевам ќе тераме со доењево сега некако поувежбана е.
Гледам се разбира некој во кг и качување кг. На цицање сме само 2700 родена, 2500 испуштена на месец 3360 малку ли е? Докторот вика ќе видиме до следно мерење може ќе уклучиме адаптирано
Како малку? Супер е бебе. Не ти треба адаптирано. 860 гр за еден месец качила. Не ни мисли воопшто на АД.
Можеш да пробаш со голем шприц и ќе го исечеш од долната страна кај што оди иглата и од таму ќе ја префрлиш рачката што е во шприцот а од другиот дел ќе ја ставеш брадавицата за да не те разрани и ќе влечеш со тоа. Ќе заштедиш пари за пумпа
Зашто спиштува додека цица? Млеко има, а не верувам да е до млазот, зашто не секогаш пишти. Нормално е да ждригне уште дур цица? Тогаш да ја тргам? Може да се прејаде од цицање? Како да знам кога да ја тргнам? Во состојба е да цица и 2ч. Што кога ќе заспие уз цицање? Да ја закачам? Како да ја ждригнам заспана? Да добие сила ваљда побрзо и поубаво ќе влече... Се надевам дека е најадена. Се надевам не е прејадена па да и е мака на стомакот ... Милион прашања...
@TeddyGrey Иако е заспана, исправи ја да ждригне и пак врати ја на цице, ако не е цврсто заспана ќе продолжи да цица. Ќе ждригне секако. Ако не е толку заспана,ќе се подрасони и ќе се доцица убаво. Ако запива исправи ја малку, или расоблечи ја, треба да се разбуди. Или малку тргни и ја главата наназад ко да сакаш да и ја тргнеш градата, ќе повлече пак. Јас така и го фатив некако редот на мојата за да не дреме џабе саат време а не цица цело време, она сама никогаш нема да се тргне
Мајки на едната брадавичка имам бело како балонче , ми личи како каналче затворено , како да го решам?