Мајка тоа е млечен блистер, еве ти на линкот прочитај како се третира, статијата е од советничка за доење. http://superbeba.com/2015/01/24/sta-je-to-mlecni-blister/
Доилки, ај некако изгурав неделава на работа. Сега утре викенд и цице е тука на тацна. Да давам на бебе или да се однесувам како во работен ден?!
Кукле јас кога сум дома му давам да цица кога и да посака, проблем досега сум немала. Сум пишувала многу пати, одев 1 недела - 2ра смена па 1 недела - 3та смена на работа. Кога сум 2ра цица од сабајле и ноќта, кога сум 3та цица цел ден а ноќта не, кога сум дома цица цело време. Цело време различен ритам на градите, ама не ми направиле проблем. Не знам дали ти протекуваат кога се полни, може само тоа да ти се случи додека си на работа 1виот ден после викенд, па ќе си ставиш влошки и ќе си ги менуваш по потреба.
Јас давав и немав проблем. Ама ти мислам да си тераш ко да си на работа најарно така. Мака имаш со градите сега? Се измолзуваш?
Нешто сум измешала брзини. Еднава града ја осеќам многу полна и побрзо ми се стврднува, а другава е стално мека. Кога и да стиснам од двете има млеко ама многу различно ги осеќам. Бебе гледам да цица исто од двете. Преголема е разликата. Левава стално мека а деснава се стврднува мноогу како на почетокот. И сега почесто ја нудам таа за да ми ја празни зашто умирам од страв пак да не качам 40темп. Чаре? П. С. Да се пофалам - 3 дена не сум дала АД
Мами ,млечниот блистер го потфатив со изгорена игличка, каналче се отвори ама уште како да има уште едно заворено. Молзев под туш ,цицаат бебиња од таа града, молзам со пумпа и пак ме боли брадавичката како претходно. И не само брадавичката а како струја и по целата града.што да правам?
А мачкаш нешто? Тоа како струичка надоаѓа млеко повеќе, јас во двете гради така осеќав.. а ова со игличка прв пат слушам некој така да направи, некој така ти кажа?
Следи дали цица убаво од меката града. Исто, едната ми беше секогаш помека, поспоро се полнеше, не се сеќавам која сум ја нудела повеќе и дали сум го правела тоа, но гледав на секој подој различна да дадам. Ама некаде пред полни 2месеци приметив дека едната му е повеќе како играчка, само ја шматкаше, за да набрзо ја одбие, па од тогаш бебе цица само од една града. Се тоа е супер, го доев до полни 6м, значи имав млеко и му стасуваше (ќофте е). Ама градите ми се дијаметрално различни еднава дојка, голема, другава не можеш да ја видиш
Мајки....совет? 3та недела како сме, засега се уште се доиме,меѓутоа од вчера двете гради се веќе меки,а после доење уште повеќе омекнуваат. На стисок се уште излегува млеко, но малку зголемивме интервал на доење,од 15_20 мин,сега и до 25мин. Дали тоа значи дека ми се намалува млеко? Јадам овес,пијам вода многу,боза и чај за доилки? Дали меки гради значат дека се намалува млеко? Да почекам и да не внесувам дохрана се уште...или? Благодарам однапред за советите и искуствата
И мене исто ми се има случено, две недели мека десна града а лева тврда но секогаш левата ја нудев повеќе. Почнав на десна града прво да ја ставам без разлика дали е мека и еве веќе трети ден и десната се стврднува. Јас сеуште неможам да се осудам да не давам ад иако пие по еднаш до два пати на ден се си мислам нема да е најадена
Меки гради не значи дека немаш млеко туку дека ти се воспоставила лактацијата. Немој да воведуваш дохрана ако бебе напредува убаво и полни пелени.
Јас кога имав блистер не го горев, само ја форсирав таа града. Форсирај и ти. Нека го извлече млекото што е по каналот и ќе се исчисти. Мене за отприлика 5-6 дена ми поминуваше. Малце боли, ама ќе навикнеш.