Мами дајте совет како да ги извлечеме пупките бебуш кога го ставам на града плаче неможе да фати и се нервира.
Мајка јас сум со вовлечени брадавици, уште пред да се породам си купив го Latch Assist на Lansinoh за вадење на брадавици, ама мене воопшто не ми помогна. Исто на овој принцип има и метода со шприц, еве како на сликата, го сечеш горниот крај од шприцот и потоа од таа страна го ставаш клипот, а мазната страна ја прилепуваш за брадавицата и влечеш нежно. Јас ја немам пробано. Мене ме спасија силиконските брадавици на Медела, 3 месеци доев со нив, а потоа откако бебе доби сила, почна да фаќа и без нив за да на крај сам ми ги извлече и сега ми се супер, едната посебно не се ни вовлекува веќе.
Здраво девојки јас сабајке се исплашив цела вечер несум спиена од болка, и на десната и на левата гради болни грутки, десната позафатена и од горната страна. Бев во Држа на на ГАК. Ме измолзуваа и масираа и ме пратија дома да продолжам да се масирам зелка облоги и измолзување. Некој друг лек да имате да ми кажете дтварно сум исплашена. Инаку бебчо е 8 дена веќе.
Нема друг лек. Стискај заби и масирај. Колку можеш. Ставај бебе да цица. Знам колку боли. Пази да не качиш температура. Упорно со масажи, топол туш и масажа со шише топла вода помага.
гледаj плус да го ставаш бебето во најразлични позиции за цицање, од секаде да го извлече млекото. види на интернет пози, од страна скрос нозете наназад да му одат под мишка, од напред врз тебе итн
Под туш и масирање, навечер буди го да цица мало е а ти имаш многу млеко одмолзувај се задолжително да не кренњш температура.. јас додека бев во болница и под пазуви ми се наПравија грутки боли корне ама ќе помине ... само упорно да не направиш комликации одмолзувај се..
Најлесно со силиконски брадавици на Медела, најтенки се. Ние месец дена се мачевме со рамни брадавици,и се доевме со силиконскиве, дур се научи да фаќа малку се понервирав ама еве ја научи и песна ни е доењето сега Никогаш не верував дека ќе ги извлечи, ама бидна.
Чекајте и јас да се пофалам Ад не сум дала од вчера, пелени мокри до гуша 3 од синоќа, бебе весело, дури и бљуцка од што се прецицува Не се десило ниту еднаш да не дадам повеќе од 12 часа ад, ама еве дојде и тој ден Голта цело време, се слуша баш гласно, повлечи-голтни е цело време, дури и спиеше 5 саати без станување синоќа одкако се нацица, сабајлево во 8 станавме свежи и спремни за гугање Ииии успеавме после толку маки. Ама битно успеавме!
Морам да прашам ова. Се доевме и после тоа ми бљуцна. Сеа пак за ни 10 минути бара пак на цице. Вришти. Нема ли да се прејаде??
Ох, што уште не направив. Ако ја читаш темава ќе видиш само јас нешто прашував Прво обезбедив секакви чаеви и капсули да пијам за да ми надојде млеко. Чај на алкалоид по 4 чаши на ден, чај на хип по 2, капсули Лактил 2х1, овесни снегулки со лажичка грчко семе внатре. Се тоа по препорака на @Mimmi39, на која сум и најмногу благодарна. Кога видов дека млекото надојде, а јас давам ад жива се јадев, осеќав ко во место да тапкам. Давав да цица па кога ќе ја премрзеше станував да правам ад.. Ќе заплаче, и ајде на ти шише. Не и давав да се потруди да се доцица. И од дома ме тормозеа дека не ми е хранливо млекото па да и направам ад да не ја држам гладна. И уште не можам да им објаснам дека млеко или има или нема, не постои тоа хранливо/нехранливо! На последната контрола докторката ме прекори уште еднаш, да не давам ад штом имам млеко, и дека ќе пратиме наредните 2 недели како ќе качува. И се охрабрив. Значи она и од цицање се најадува, и давам кога сака и колку сака. Дали 5мин, дали 45, си уживаме и цицаме На секој плач бебе е на града, и она ми помага за да доаѓа млеко уште повеќе. Гледам дека имаме мокри пелени, значи дека не е гладна. Ад ќе пие само кога би морала да ја оставам да ја загледнат бабите во случај да имам нешто работа. Тоа не го гледам како лошо, вчера и дале 60мл, и завчера пак, ама едно шише во споредба со 6-7 дневно, е ништо И силиконски,и рагади,и ад, се пребродив и истрпев, ама си ја исполнив желбата за доењето
Мами бебуш да не речам никогаш не ми бљуцка мн ретко.. Дали може би не се најадува убаво или нешто друго?
И моето не бљуцкаше, многу ретко, а сега веќе воопшто не (голема е, 4 месеци полни). Верувам дека си е супер твоето бебе, ако е среќно, задоволно, не плаче, не му се секирај.
И јас како @Chanell* врти сучи пак во темава. Читав некои статии за доење, па да се консултирам и тука. Напредуваме супер, 900грама/прв месец. Какаме златно-жолто еднаш до двапати на ден. 10тина дена сме само на доење. Плачливо бебе е (или има грчеви, не знам) и преку ден едвај поспива 3 пати едвај дали и по 30 минути. Кога не спие - плаче, кога не плаче - цица. Ретко е мирна и весела. По 1ч.во денот, тогаш и се смее и гуга. Се смирува само на цице, воедно така и ми заспива после 15-20мин цицање, односно на една града. Читав поделени мислења дали да се остава така да спие. Дали е наранета, пишува ако и се опуштени дланките и не е смрштена дека е најадена. Ако ја спуштам одма се пали аларм. А вака мирно спие во раце. Заспива и без цице ама исто штом ја спуштам се расплакува. Мене ништо не ми проблем да направам за да ми е мирно и смирено детето само не знам да не не и чинам добро. Искуства би ми значеле да слушнам за ова заспивање на цице. Јас и навечер така ја заспивам. Цица од една, ја легнувам, се буди и од втората се доцицува и заспива.
@TeddyGrey Исто сме, од збор до збор! Или плачки или цицка Спиење само во раце, или на кревет ама јас до неа и цицката во уста, инаку шанса нема да спие поинаку. Колку е добро и јас не знам. И купив релаксатор, 5мин е мирна во него и плаче за да ја земам и ко врапче некое туку се врти накај цице, бара бара и мирна е вака. Не дека е стално гладна, ама занимација мислам и е. Цуцла неќе, така да јас сум и цуцла Само што не кака секој ден, туку во 3-4дена еднаш и тоа е тоа што ме нервира и мене а и неа. Црвенее, се напрега, и плаче од што неможе да се искака и си бара утеха кај мене. Престанавме и да шетаме, затоа што стално е висната е на мене, за да ја изнесам од дома треба шишето да и го дадам пак за да биде мирна 2-3 саати, а не би. И златно сонце надвор,ние дома...
Има едни капки инфакалм помагаат за бебињата што многу се напрегаат полесно да прднат и да се искакаат.
Не му се сеќирај мајка и мојата таква беше до денот на раѓање е изгледаНе е опасно и до 1 недела за деца што цицаат да не какаат.Периоди има ќе се регулира.