Имам пипета од витаминските капки бебивит и така и ги давам инаку од лажиче се научи да ги плука.. Пробај во аптека побарај или со шприц друго не ми текнува.. Растат убавиниве па уште се научиле плукаат ххаа
Јас и ставам мое млеко со капките и така ја лажам. Ова за пробиотик не знам за какви капки се работи.
ако е само на доење и убаво напредува и јас се согласувам нема потреба да се буди, ама тука беше зборот дека пие и АД.. зошто наместо да се дава ад за да го држи ноќта да не биде само на цице и почесто, така и лактацијата ќе се зголеми.. инаку се учат градите дека "толку треба" и помалку млеко ќе произведуваат.. нели?
Па со мое млеко и јас. Од лажиче ми плука, а од шише како да не знае да влече. Заборавила. Ќе се лажеме некако. Ни цуцла лажалка ми неќе да и ја натопев со капките. Ќе си имам мака.
Епа пробај со пипета тогаш, инаку и мојава одбива лажливка во последно време, а многу ја сакаше до скоро.
Женички сакав еден совет да ми дадат тие што користеле пумпи за измолзување.Се мислам дали е подобро да земам електрична со една пумпа или со две пумпици?Јас сеуште не сум ни породена но сакам да знам која е разликата и дали воопшто ќе ми треба пумпа
Не земај пред време.. јас рачно се молзев. Може нема да треба ќе цица срцлето а, вишокот можеш и рачно. Болно ми беше пробав со рачна пумпа.. повеќе се снајдов рачно.. што знам мое искуство е тоа..
Здраво и од мене од бременост се префрлувам тука ние утре правеме 2 недели.овие денови и давам само од десната града зато што од левата ме боле многу и ми е разранета па чекам малку да ми помине ја измолзувам колку можам вчера измолзив и синоќе на 3 пати и го давав по 60 мл.само понекогаш навечеркачувам температура ладно ми стане па се испотам пијам парацатамол.незнам дали е исправно така што правам што и давам само од едната града ама ја измолзувам и поголема ми еи потврда
Да пробаш со силиконски брадавици? Мене ми беа спас. Околу 10тина дена ги користев, ми заздравеа и после се научивме да се доиме без да се прават рани. Мачкај се со Пурелан или со Ланолин. Мене и кремата за брадавици од FrezyDerm добро ми се покажа. Или стискај заби и издржи. Внимавај да не фатиш мастит. Молзи се редовно.
Имам едно прашање... доев до 3ти месец и ми престана млекото пиев и чаеви и се молзев џабе млеко немаше... сега бебе е 8 месеци значи веќе 5 месеци е на ад и денес случајно гледам на маицата мокро стискам градата тече млеко... пробав со пумпа гледам и на другата града има... дали да му дадам на бебе да цица дали е ок млекото, да пробам пак со чаеви и бебе да цица сега големо е може ќе влече повеќе ќе надојде млеко?... има ли можност да е некој здравствен проблем ? Имала некоја од вас слично искуство?
Mачакам со ланолин и стискам колку можам кога цица од едната другата ја стискам од тие силиконските подобро ли е не се осека оти јас па викам да ми помине барем
Па не боли со силиконски, можда малце првиот фат само. Прашање е само дали ќе ги прифати бебето. Ако ги прифати за 2 дена ќе ти се залечат скроз
Супер ако може така многу ти благодарам па добро секако и од другата после спиење на почетоко кога повлече малку заболе како зајче ме грицне после омекне по друго е
Здраво мајки.Ние сме 3 недели цицаме преку силиконски брадавици меѓутоа на едната града одма под брадавицата забележав како топче нешто поголемо од зрно ориз . Некој со такво искуство или нема врска со доењето и е сосем трето?