Ве прочитав за доењето и молзењето. Не заборавајте само дека измолзеното млеко не е репер за тоа колку млеко навистина имате. Ниту една пумпа не го поседува потенцијалот кој го има бебето. Јас ја имав на медела електричната пумпа со која не успевав да извадам ниту 20 мл млеко, а ќерка ми беше во моментот ексклузивно доена. Кај некои жени експресијата со пумпа е малку потешка. Исто така, Ве читав за мрсно млеко и водичка млеко. И тој пристап е малку строг и некомплетно точен. Количината на мастите внесени преку млекото на дневна база не зависи воопшто од тоа како се дои бебето - не е вистина она што сите си мислиме дека честото менување на градите воопшто значи дека бебето би го добило само "водичка" млекото и дека тоа би се рефлектирало на напредокот во тежина. Nancy Mohrbacher има одличен текст за тоа: http://www.nancymohrbacher.com/articles/2010/6/27/worries-about-foremilk-and-hindmilk.html И јас ги имав моментите во кои кога не можев да ја смирам се чувствував комплетно беспомошно, разочарано, мислев дека не смеам да не знам да си го смирам бебето... Ама не се секирајте, најтешки се месеците на почеток бидејќи комуникацијата е основана само на инстинкт и претпоставки. Нема мајка која не се посомневала во себе во одреден момент. Но, со секој поминат ден, ќе расте бебето, ќе растете и вие, ќе расте и самата доверба во себе преку развивањето на сѐ подобра взаемна комуникација, па таквите страшни фрустрирачки моменти ќе се сѐ поретки.
Мене ми помогна на бебилове од дм маст на база на сончогледово масло за брадавици.. не треба да се измива.. и некоја смешна цена беше , Али најповеќе измачкај те со мајчино млекце и пуштете ги сестрите на луфтирање.. Убав ден срцли
Бебето има три месеци, и само на доење сме, ама од десната града не сака да цица, ќе тргни и иди нагон за поврајќајне како да се дави. И првото, ова ми е второ, исти така праеше. Ме е во ред градата, млекото нез шо е. Градите ми се асиметрични веќе едната како лубеница едната како маслинка. А млеко има су течи само по блуза дека не го цица. Може некој совет?
Слободно да де фарбаш...искусен фризер прашав кога сакав да се исфарбам...така да ич гајле да немаш...врска нема дека нешо ќе се деси со млекото...јас до сеа 2 пати се офарбав...а беба има 4 месеци и е само на цицање Смени положба...или навечер пробај на таа града кога ќе стане за цицање
Пробувај почесто да цица од таму и да не сака не се откажувај и не ја нуди одма другата града. Прво малку одмолзи се да омекне ( тврда е чим викаш тече по блуза значи.има мн млекце). Ако е тврда исто ко у пластика да мава со устето. И намачкај малку млеко на брадавицата ( патем извлечена ли ти е брадавицата?)кога ќе огладни и те како ќе фати. Измиј ја убаво градата пред секој подој и намачкај млекце околу брадавицата.Обавезно одмолзи се и послушај ме нуди ја таа секој пат почесто и само трпение. Пробај со различни позиции..
Син ми има 21 месеци и уште го дојам и тоа од една града,е сега другава е многу помала од оваа што го дојам.Досега не се замарав многу е сега ме мавна во глава што ако вакви ми останат и после одбивање.Дали некои имале вакво искуство.Знам дека доста беше доење,да го одбијам па да следам ситуација ама ете ме интересираат ваши мислења.Инаку вака кога ке ја стегнам тече млеко, но дете не ја сака од бебе никако.
На другарка и остана за стално едната поголема, многу мака и нервози изеде.. баш од неа добив совет дс дојам обавезно од двете гради бидејки на почеток бебе цицаше од една ..
Во сите аптеки ги има,низ сите градови. Сум купувала од еурофарм и од аптеката во систина... Каде и да побараш, може да ти ги нарачаат. Трет месец како ги пијам, ептен благодарна сум им.
Majki dali vie imate bolki vo gradite posle podoj... Mislam dali vsusnost bolat gradite koga nadoaga mleko.. Skoro 2 meseci sme so silikonski bradavici cica no posle doenje mnogu me bolat gradite