Хаха, ептен е популарно, и јас го имав споделено...Маж ми пак се навреди за useless nipples Демек он не бил useless по цели ноќи
Здраво девојки. Од кога почнав да го дојам бебушот а веке сме во вториот месец чуствувам одвреме навреме многу силна болка во двете гради истовремено и веднаш почнува само да ми тече млеко чудтвувам како некој мускул да ме стегнува во градите ме држи околу 30 секунди и прекинува. Дали е нормално тоа?
Ми излезе црвена флека на градата, како лишај (круг) што чеша. Бев и кај мојот и кај матичниот на беба, не ми кажаа ништо конкретно освен што ми даде маст да мачкам. Од што може да е. Малиот имаше кандида на устето, можно ли е да е од тоа?
Мамички по колку време по царскиот рез имате добиено млеко? И да ме советувате нешто што да пијам и јадам да ми надојде млеко. Тегне малиот, се одмолзувам со рачна пумпа само 10 мл, а денес ни е 6 ден после царски.
Ставај го упорно на гради...ќе надојде,нека не ти е мерило одмолзувањето.. Другарки со царски што ги знам одма им надошло млеко...пијај многу течности, чај за доилки, боза, јади си здраво, кромид исто мн помага...
Нормално е. @tamarce.j дали кога малиот имаше кандида се мачкаше и ти? Многу е важно да се третираат и мајката и бебето во спротивно ќе има пинг понг ефект. Веројатно лишајот што го имаш ти е од кандидата, сигурно ти дале антимикотик, мачкај редовно дури и после исчезнувањето на лишајот за да се излечи скроз.
Кога влече бебе, слушај дали голта. Тоа е подобар индикатор дали имаш млеко. Ниедна пумпа не влече како бебе. На форумот има мајки кои не измолзувале ни 10мл, а бебињата им се на ексклузивно доење и напредуваат одлично.
Уште првиот ден кога ме правеа царски млеко имав. Бидејки првите два дена не смеев да пијам нисшто освен вода,само на вода бев и пиев по 3-4литри дневно не затоа што морав туку постојано чуствувам жед. Сега сме веке два месеци исто пијам 3-4литри течности вода сокови плус си правам дома во соковникот. Малата ја доам и плус се одмолзувам бидејки имам многу млеко градите ке ми пукнат ако не се одмолзам.Инаку и јад земав рачна пумпа и тоа е чидта глупост едвај одмолзував 20мл со неа. Сега се одмолзувам со рака и успевам да се одмолзам 90-120мл.
Ете јас сум пример дека кога се одмолзувам ни 20мл не вадам а бебе на три месеца ми ја дуплира родилната тежина а сме само на доење така да нуди цице упорно ќе почнете со ред
Јас едвај вадам 10мл и со електрична и со рачна. 20мл со потење ако се стискам сама. А бебе напредува 1100гр месечно. Што почесто на града на почеток. Јас на почеток не можев да слушнам дека голта, а сепак голтала.
Мајки да ве прашам дали на почетокот ви влечеа бебенцата или два три пати и заспиваа?Имам сега таков проблем градиве ми пукаат а бебчо не сака мн да влече.Од болница ми викаат дека тоа е нормално мало нема сила.Совет? Дали да се одмолзувам или не знам што да правам утре ме пуштаат од болница а тука дохрана му даваат...
Малку влечат кога се толку мали и одма заспиваат. Одмолзувај се да не фатиш мастит. И нека цица бебе колку што сака.
Знаам многу се нервирам ради тоа...во систина сум ама не сум нешто задоволна треба да ни посветат внимание околу доење а не да викаат уживај мајка има време ќе доиш дома сеа уживај
Супер штом ти надошло млеко одма, јас немав додека бев во болница. Инсистирај уште од вечерва ако сакаш одма да даваш твое млеко.
Абе одма викај ги да дојдат со апаратчето. Или викни доктор ако нејќат. Тие сестрите знаат да се доста безобразни.
Еве веќе пола саат ги чекам ептен безобразни...ме разочараа баш.Какво е тоа апаратче што да им кажам?
Безобразни...ц ц ц ќе си речи чоек џо приватно ќе е пубо...тие бетер од државно Пумпа ваљда за молзење