Докторите препорачуваст на секој два часа по половина час да цица.Мегутоа јас не го практикував тоа,си спиеше и по три часа не ја будев кога стане тогаш и давав да цица и цицаше по еден час бидејки за половина час не може да се нацица се изморуваше
Мајка, касно те прочитав. Истиот случај беше со мене и сестрите во Ремедика. Мислам дека поради нив моето бебе не се научи да цица. Не сакам да ти правам лош филм, ама ти препорачувам да се одмолзуваш штом ти се полни градите и биди упорна, држи го бебето на града. Што направивте дома? Има некој напредок? Не се разочарувај, никој не не предупредува дека доењето е комплициран процес
Кај нас во болница не спомнаа ни Д од доење, не па да не научат...Фала Богу патронажната ми се погоди и све фино лепо ми објасна, правилно држење па како да го наместам на града, да гледам дали голта...мн е битно да сте опуштени и да не покажвите страв и нервоза зш бебињава бве осеќет. Јас на саат никад не глеам колку цицат, нити го будам..Кога ќе посакат тогаш..Јас првите дестина дена мн мака имав полни гради и се одмолзвев, после се воспостави лактација и супер сме.
Исто... Полна бев со млеко и ги молев да ми ја донесат, ке ми ја донесеа за саат време, најадена... ке цицнеше два пати и толку. Полни гради, огромни, течеа... за 6ти ден да ми спласнат скроз Еднаш ги замолив не и давајте ад, полна сум.. сакам да цица и рекоа ајде ке ја донесеме, чекав чекав едно 3 саати се до 1 ноќеска и ги побарав и ми рекоа спие, е викам како спие уште гладна и ништо не ми рекоа, побарав пумпа зашто ке ми пукнеа градите, температура качив и од една града 100+ мл извадив. Пумпа една, па немале стерилни шишиња и пумпата ретко ја добив. Сега да сум ке си земев од дома пумпа, па ке фрлав од млекото ако требаше само за да го зачував млекото. Дома џабе се што направив, никако не се исполнија градите пак, а подоите беа страшни, со претање, вриштење, тргање од града... Плус таму видов во картонот дека на секое ад и давале! Па од медела шишето немало шанса да се одбиеле од града, како па да не... силикон е едно, града е друго. Синко од старт само на града беше, со него успешно доев само. И јас мислам дека поради нив е што немавме успешно доење со малава, едвај до 4,5м со сила цицнуваше + ад, за после тоа само на ад да преминеме...
Ние денес сме дома и е навистина тешко...мене градите тврди камен се измолзувам едвај 10мл вадам а бебе не влече убаво,ќе направи вакум и одма пушта и се нервира плаче.Морам ад земав и давам а сакам што побрзо да ми пробијат каналиве да ми дадете некој совет вие? Пробав со жешка пелена со врел туш и ништо после тоа со пумпица ништо не ми излезе
Леле ме навраќаш на мојот хорор филм првиот месец. Јас имав многу млеко. Одма почнав да се измолзувам со обична рачна пумпа од baby nova и вадев по околу 50мл од една града, на секои 3-4 саати. Мораш така да пробаш да се стимулира лактација, ќе се врати млекото. Сега сум со електрична, зашто после 2 месеци не успевав ништо да вадам со рачната. Давај и со обично шише, таа меделата калма ете ја прашина фати. Борете се за доење ако имаш добри брадавици, кај мене и тоа беше проблем, вовлечени ми се па плус и со силиконски требаше. Давај ад ако мислиш дека е гладна и плус измолзеното.
@Sparkles27 пред да ја ставиш.на града измолзи де омекни ја за да и биде полесно да вица. Одмолзи рачно. Натопи ја градата со вода топла, натопи го рацете за полесно да лизга и од горе надолу лизгај по градата ама не стискај мн силно. Не и давај.ад кога гледаш дека.имаш млеко. Фати убаво.со двете раце и влечи надолу накај брадавицата ќе др изненадиш колку млеко.ќе излезе. Сега е она најхранливото потврдо млеко затоа.и.толку лесно не искача. Труди се не се откажувај. Седни.убаво исправено стави бебе на града.на раката што ти е од страната кај што ќе цица бебе потпри му ја главата.и испружи ја накај газот да го фатиш цело. Ќе дојде како кифла обвиткано околу твојот стомак .Со другата рака контролирај ја градата. Со брадавицата почешкај го на брада за да отвори усте убаво. Биди упорна .ќе се исплати на крај.по секој подој намачкај ги брадавиците со млекце за да не ти се разранат или.земи си маст.значи градата обавезно омекната. Тоа што ќе.го измолзеш може дда му го понудиш од шише ама прво нека цица. Ќе поплаче ама ќе научи. И мене ме зезаа во.болница со тоа шприцовите и ад.млеко ама фала.му на бога успеав дома.. те гушкам убав ден.
Нема правило за новороденчиња. Моето цицаше на 45мин до саат, а дремеше на цицка по саат некогаш саат ипол. Многу беше мачно на почеток, ама они немаат сила брзо да цицаат. Инаку биди упорна, кога ќе сакаш да доиш не му давај ад. Не се нервирај потполно те разбирам зошто со денови плачев. Имаш ли млеко? на почеток комбинирај со ад ако не си сигурна за млекото, а како што ти кажав ќе ти плаче на 45мин и тоа е нормално. Мене дури кога ми наполни два месеци почна да цица по макс.20мин ама до тогаш мислев дека само тоа ќе го правам 8месеци
Имам од едната града повеќе моето душиче едвај цица по 15 минути и спие ко топ, дали и е доволно стварно не знам
Ти благодарам мила за советите многу ми значат,навистина почетоков е најтежок вчера немав сила да го гледам како ми плаче и бара да цица а јас млеко капки само и оно се нервира и морав иако не сакав да почнам и јас со ад...Прво ја ставам секогаш на гради почнува да прави вакум и прекинува и се нервира дека не и тече и така ја држам 20мин може додека не стане мн нервозна и гладна.После тоа и давам 30мл ад а јас се измолзувам и гледам немам воопшто млеко Не знам стварно што да правам ми ја научија во болница лесно да си прима млеко и сега кај мене не сака иако имам добри брадавки...
За затнати канали не се заебавај со топли крпи.Јас во сад со најжешка вода, колку што највеќе можеш да издржиш ги ставав градите т.е цела авеола да ми ја фати и седев таква наведната 5-10мин. На почетокот течеше малце повеќе од потребното после тоа ко луди течеа градиве на малце топло. Исто што мене многу ми помогна е кора од орев обложена со пчелин восок.Тоа е за повлечени брадавици и плус за млеко.Јас со нив спиев ги ставав навечер и до сабајле пошо бебе многу ми спиеше. За два дена бев топ само и техниката на доење ти е многу битна.Значи ставаш 4прста под авеолата палецот над, повлекуваш накај тебе (како да ја репетираш градата ) и стискај.
Жени значи моево е 24/7 на цицка, цицкар невиден. Само на цице заспива , си дремуцка, си ужива Мн е. напорно ама тоа е мора да се издржи, инаку сме месец дена стари. Некоја со ваквА слична ситуација има ?
Мамички ќе ве молам за одговор.. Пред 11 денови се породив, ја дојам малата но се од десната града бидејќи од левата многу тешко ми течеше млекце.. Но денес приметив ми протекло ептен жолто она јака жолта боја, дали нешто не е во ред да појдам на лекар?
Тоа е колострумот првото млеко, и јас пред 11 дена се породив и уште се мачам да ми дојде убаво млеко. Вчера прочитав некоја мајка пишала за полесно отварање на каналите брадавиците да се потрошат во топла вода и пробав денес и навистина од повеќе канали течеше млеко. Како си задоволна од силиконските брдавици, од која фирма и која цена се? Не ми се испакнати брдавиците па мака мачиме.
Ако може да се вмешам Јас користам на Чико, ми ги купија од Зегин. Две има во пластична кутија се, да има каде да ги чуваш и се некаде околу 500 денари. Меки се и бебето одма си фати со нив дека и јас имам рамни брадавици. Успешно се доиме со нив од старт, мислам дека засега ќе продолжиме со нив. Полека го учам и директно од града, ама уште не ми се доволно испакнати.
Мене едната брдавица рана ми ја направи од тегнење и нервоза, а на другата се мачиме, фала за препораката ќе ги купам утре.
Дали имал некој проблем со цмокање при цицање? Сега сме 2+ месеци, до пред една недела немавме проблем. Од каде сега почна да се полни воздух незнам. Изгледав еден куп видеа да видам дали правам нешто неправилно но како и да ја поставам пак си цмока...
Zdravo na site ,ve molam za odgovor,imam problemi so kicmata i staviv medicinska lepenka dali toa prestavuva problem pri doenje,dali mirisot ili samiot sostav smeta kaj bebeto?