Немам никаква рана на брадавицата, мислам дека беше од маститисот, се повлече сега немам веќе проблем беше моментално, но сепак страв ме фати. Ти благодарам мајка. ❤
јас неколку пати го ставам откако еднаш ќе ми ја плукне градата го враќам уште еднаш, два пати и ако пак ја плука, мењам града а како напредува? мене бебе по саат време ми висеше на гради на секои 45мин првите два месеци. А и лакомче ми е плус. Прати го само колку ти напредува или ставај го почесто на гради за да имаш и повеќе млеко. Јас приметувам ако не пијам вода или течност, повеќе плаче нема што да цица. и за квалитет на млекото, јади повеќе овошје, пиј чаеви за доење, вода и безалкохолно пиво, гледај 2-3л течност дневно да внесеш. јас овие кога ги практикувам дневно градите ми се ептен полни и тогаш знам дека има што да јаде
Јас го користам од билна аптека миксот од чаеви за доилки.Има голем ефект во создавање на млеко навистина.Го препорачувам
Абе се практикувам и чаеви за доилки и се. Навечер сменивме тактика сега спиеме по 6 часа сврзуваме и после тоа само цицката и спие уште 3 саати. Преку ден даваме само 2 пати АД другото се цицка. Како повеќе расте се поише влече и си ја бара цицката не сака шише сака цицка
Немам слики зошто чајот е мешавина од неколку кесички билки.Кога бев да го купам само кажав миксот од билки за доилки и ми дадоа 5,6 кесички на различни билки.потоа ги измешав сите и дозата е 4 лажици за едно литро на ден си пиеш.
Лактамикс е истиот чај, само пакуван во лименка како мешавина. А од Билна аптека ти даваат ќесичка со секоја билка посебно, само да ги измешаш.
Незнам прашањето дали е за тука,десната града ми е болна на допир и тврда посебно одгоре испумпав 10 мл повеќе нема,од порано обично ке омекни градата сега уште ме боли и е тврда и како некое пецкање ко со игла ,некој со искуство вакво или совет фала
Ставај бебе почесто да цица на таа града. Со пумпа неможеш све да извлечеш, пробај рачно измолзи се откако бебе ќе цица. Мене ми се случува ако заспало бебе на таа града, да не исцица и после неколку саати од горе тврдо и болно . Ама откако ќе цица убаво ќе испразни и омекнува.
Под туш со топла вода колку што можеш да издржиш или над тенџере со вода што врие. Каналите не ти се отворени, со топло ќе се отворат убаво. Додека си под туш, или над тенџерето, фати ја градата со двете раце една над друга под неа, и масирај во обратен правец со двете раце, поточно, со едната рака во еден правец, со другата во обратен правец, после почни да измолзуваш кога ќе осетиш дека тврдото омекнува.
До кога да се внимава на грашок, зелка...? Зелка пробав пред 2 недели, реагираше, до полноќ не заспа, од како се искака тогаш заспа. Вчера грашок пробав и тоа мала количина - денес е кенкава, плачеше, не спиеше, какаше 3 пати и дури после 3тово олеснување заспа и се расположи.
Јас пиев вирал прегна, тие ги пиев и за време на бременост Јас уште ништо од тоа не сум пробала, а скоро сме шест месеци Почнав пострпено да пробувам ама се уште си внимавам
Јас се пробав после 3 ти месец, грав, зелка, боранија беба гајле немаше. Грчеви имаше до кај 2 месеци и мислам дека немаше врска мојата исхрана бев само на супи, компир и ориз и џабе пак си имаше грчеви. @melani@ јас пиев фемибион 2 до 3 месеци.
Пијам Премама 4 месеци. Теди, јас до 3 месеци пазев на грашкастите зеленчуци, ама не е дека скроз не јадев. Пример салата со зелка морков знаев да си каснам или гравче во бурито. Немало реакција. Но затоа од пржени јајца, детево ауспуси прдеше, со кенкање и тешки грчеви. А ќе речеш јајце е, чист протеин. Еве сега е 4 месеци и веќе почнав да јадам се', дури и пикантни пиперчиња, ред темна чоколада, чорба грашок пред некој ден.. Индивидуално е, но бидејќи по себе знам за ова со јајцата, избегнувам кајгана или варено и го јадам само како дел од нешто. Пример кнедли, во кифлички итн.
Јас грашак редовно си јадам..немаме мака а зелка само свежа јадам. Т.Е мн мн не се устручавам све делкам умерено
@TeddyGrey Ние сме 4м скоро, и сеуште не јадам мешункасти плодови и зелка. Грчеви немаше вооошто до 3м, го прескокнавме тој страшен момент, ама еднаш од стрв каснав една лажица грав, многу плачеше и се грчеше. Исто и од грашок, и тоа со златна мешавина во ориз, многу мака имаше. Зелка во тост еднаш јадев,пак ист проблем. Се ова скоро, пред 2 недели. Ќе почекам уште два месеца, страв ми е да пробам пак.