да направив така како што ми кажа десната омекна сега ме фати левата и температура 38 незнам дали е за на лекар работата ,и со пумпа после секој подој го вадев млекото и пак ми се направи истото .
Здраво, сакам да прашам дали додекс ви надоага млеко во градите чудтвувате болка нешто како да ве стега некој мускул внатре?
Кај мене после 5 дена многу малку и тоа се одмолзував со рачна пумпа, немав убави брдавици па бебето не фаќаше а и јас не знаев убаво да го наместам па цело време пиштеше. Се мачевме така со малку млеко додека не прочитав тука дека доколку ги масираш градите иде повеќе млеко, брдавиците да ги потопуваш во жешка вода така се отвараат повеќе канали. Сега после 43 дена имам млеко за да заменам 3-4 шишиња АД млеко или оброците со АД да ги развлечам од 3 часа на 5.
Истото прави го и со двете гради, разбивај ги грутките, се надевам дека немаш маститис. Не форсирај со пумпата, гледај бебето да цица.
Мајки и ние се мачиме да цицаме, кога не отпуштија од болница ми кажаа после доење 4 пати во денот да давам дохрана пошто мене предпоследниот ден почна малку млеко да ми доаѓа. Видов дека вечер ептен ми се полнат градите (повеќе десната) и почнав само дента да давам малку ад кога гледам дека стварно кај мене нема. За да бидам сигурна дали напредува ја носев на мерење и супер беше напредната за 2 недели, е сега имаме друг проблем. Додека и давам да цица многу се напнува,се тегне, голта воздух, нервозна е и плаче и никако да се надоиме како што треба, што би можело да е? Веќе неколку дена е така.. среќа вечер кога се буди е смирена.
Затоа што од шишенце тече поубаво, затоа. Не попуштај, ако цица и напредува намалувај на АД. Што им е со тоа АД, порано не го форсираа толку многу. Биди упорна со доењето, ќе стекне навика.
Баш напротив намаливме ад и давав само еднаш во денот и тоа 30мл и што и стана стварно немам. И уште нешто нормално ли е едната града да ми лачи повеќе млеко од другата? Исто ја ставам на двете страни да цица, десната се полни повеќе од левата
Вчера цел ден не сум и дала ад млеко ја доев цело време подобро за неа и за мене плус се молзам понекогаш несака да фаќа цицка се нервира несака без силикон како да направам незнам се мачам многу со тоа пупки имам ама не сака..И давам и ад млеко и цицка нека качи килажа малку па ќе видиме.
Оф, нели е мала за скок? 26 дена е. Со син ми многу лошо ги миневме скоковите ама ко шо ми изгледа и со неа ќе се мачиме.
На месец дена таман. Имаат на 3 дена, на 7 дена, на 14 дена, на еден месец, на месеципол... До кај 6 месеци нон стоп имаат скокови.
Мамички ве молам за совет, бебушот мк е 2ипол месеци и не сум и давала ад млеко, веке една недела многу тешко ми фака на градата кога се доближува до градата плаче и се бута назад пробувам и на двете не сака никако да фате. Пробав да се одмолувам и ставам во шише пие ја доближувам до градата пак нејке плаче многуу незнам што да правам. Дали е можно да сака да се одбие, инаку и давам чајче бекутан за грчеви оод шише си пие па полесно и доага така па сега стекнува навика за од шише само
Каде ја доиш денски? Да не и е галама, бучно, нешто да не и смета и ја нервира.. Потруди се секогаш да сте насамо, тивко да е, во полузатемнета просторија, гали ја, зборувај и тивко, едноставно дозволи да се поврзете. Инаку мене од старт едната града ми беше помала, всушност и секогаш едната е помала, но не треба да е драстична таа разлика. Како минуваше времето така се повеќе приметував, знам, убаво се сеќавав дека првин нудев од таа па го префрлав на другата, некогаш не ја фаќаше другата, но најчесто да. И се така кига на неполни 2м не се осигурам дека бебе цица само од едната града, од помалата само си игра и си шматка, па од тогаш се доиме само од една града.. Мој совет ти биди поупорна, нуди ја секојпат и секојпат таа прво, бебињата секогаш си имаат омилена, но немој и тебе да ти се одбие скрос од едната. Не дека бебе не ми се дојадувало и воведов АД, напротив напредуваше над просек, но да не објаснувам како јас изгледам, очајно
Нема што не пробав.. и на темно и на тивко и покриена и откриена.... Се обидувам да ја смирам па пак нудам и пак иста песна Ме излуди денес.. и други денови правела вака ама не цел ден, денес буквално од кога станавме сме вака. Ако е скок ајде ќе разберам ама ако не е незнам што ќе правам. Ме фати денес инает ни еднаш не дадов Ад ама ако не успее да заспе ќе морам изгледа. Инаку јас имам мали гради и не приметувам многу дали ми е помала левата од десната ама очигледно е така. Ја нудам и јас секогаш прво неа, освен навечер ако ми е преполна десната па да почне од неа.
Ах ти е скокови во развој, и нас мака ни направија иако не се доевме туку пиеше молзено па некогаш не сака и крај, се нервира. Бебе е тоа, нормално е, се му е ново. Моето мислам секој месец имаше скок во развој, два три дена ќе се исплаче, ќе се извришти и после оп зголемуваме мл млеко, мирно бајче.
Исто ми се случуваше и мене и никогаш не дадов ад бев многу упорна и со челични живци.Едно време пуштав аспиратор па така цицаше,кога и тоа веќе не помагаше на телефон му пуштав звуци од фен или како паѓа дожд и така цицаше.До 6 месеци бевме со телефонот и само во легната положба.Полека го тргнав и телефонот па сега чека со отворена уста кога му се цица.
Деновиве ми се преполнуваат градите како на почетокот, а ништо не сум сменила во течности и исхрана. Дали дека расте бебе па му треба повеќе млеко, не знам. Ме фати страв од мастит да не фатам пак. Некако и бебево како нагло да ми порасна и цица голта ненаситно, па можда се зголемило производство. Искуство вакво некоја дали има? Следната недела полни 4 месеци.
Скокот во развој ви почнал. Само заспано или во тивко и темно дои го малото. Издржи го периодов, ќе помине. @TeddyGrey немаш мака штом цица, влече повеќе, се создава повеќе. Ако прави подолги паузи измолзувај се колку да ти олесни.