После доење одмолзувај се, ако ги осеќаш градите полни. Иначе со тек на време ќе ти се регулира лактацијата
@Coco31 @Maryaaa @Sandrin4 благодарам за советите.Еве денес ги измолзив двете на различни подои и подобро е не се полнат до толку.Кој рекол дека доењето е лесно ништо не знае
Јас земав пешкир голем и дирекно шприцав млеко на него...неможев да одам од шо ми тежеа...Ама се среди за брзо...
Јас пак проблеми со доењето и додавам ад. По 2 часа ја чувам на града, ја галам, штипкам, гатичкам ама таа ќе поцица на почеток кога е ептен гладна и поссле си спие мака нема. Дури и на сред подој ја преслекувам да се расони ама пак малку ќе поцица и се успива. И на крај ќе видам не видам и правам 60 мл ад и цело шише си го пие и уште да има ќе испе. Ретко одбива или остава недопиено. А кога е гладна сама ме трга за блуза плаче и тегни како да не видела. Ама вака 10 минити и после е кома и ништо не ми успева да ја разбудам. Знам дека уште е малечка и нема сила долго да пие ама таман едниот подој ни завршил време е за друг. А градиве ме болат и млеко ми течи. Со ел пумпа едвај 20/ 30 мл молзам. Ексик веќе не знам што да правам.
Ако си полни пелени и добро напредува сигурно и е доволно цицање. И јас мислев гладен е мојов зашто секој подој ни трае максимум 10 мин и тоа само од една града, на околу 2 ч. , не стигнуваме да се пррфрлиме на друга, па еве го буце не караа многу накачил на тежина (никогаш АД не дадов).
Па затоа што се буди па ќе тргне малце па заспива и си викам колку толку ќе се напие нешш. Со рака ме боло не можам да се молзам.
Нас педијатарот ни кажа помеѓу подои да има барем 1 саат разлика. Сега и стомачето може да ја боли од грчеви па нонстоп ќе ти бара на града да седи.
Можно е и од тоа. Бидејќи ја имам приметено дека тогаш и нервозно цица и ако се тргни писка. Во такви моменти и давам капки био гаја и се смирува
Мајки имам еден проблем. Бебето ми е 10 дена старо, до пред 2 дена градите ми беа тврди фул млеко, бебето цицаше активно голташе плус јас се молзев цело време. Од пред 2 дена градите ми спласнаа, меки ми се и кога молзам излегува мала количина млеко. Како е можно преку ноќ вака да ми се случи? Го губам ли млекото? Бебето кака по 6-7 патј во ден ама кога цица осеќам дека не е тоа тоа. Некој совет
I исто и кај мене моето е седум недели не цица туку се залажува ке заспие го оставам да спие ке дремни 5 мин се буди пак сака да цица никако не можам да го разбудам ко ке заспие на града , градите ми се стврднаа од внатре неколку дена ми се така не можам рачно да се измолзам не течи нешто многу млеко 10 мл исто и со пумпа ,околу 21 ч му давам 60-70 мл ад затоа што интензивно тогаш сака да цица а јас тогаш немам млеко се нервира го слушам не голта а е гладен се треси со главата и рачињата во уста ако не му дадам ад се буди многу почесто не спие цврсто а вака спие од 22 ч до 2- 3 сабајле тогаш цица па од 5 истото цел ден немаме ред ,патронажната ми рече вака ке било до 3 месеци ,еден педијатар ми рече после секој подој прво 30 мл па да ја зголемувам дозата на 40 ,60 ад млеко ? демек колку ке сака тој ке испие друг педијатар ми рече и тоа што му го давам 60 мл да не го давам да додадам чај бекутан за да се засити ? инаку има жолтица почна да се чисти од чајот ми рекоа до 2 месеци ке ја има и така додека да решам што да правам времето отиде, инаку сега е 4300 што мислам дека е ок ,ако е добар со килажа не му се секирај ,со ад или без како ке решиш така ,јас мислам дека за тие 10 мин и се доволни се најадува после е за мезе и галење.
Не ми е прво, со првото фатив мастит и сега демек искусна молзев деноноќно, осеќам како да се нервира бебето додека цица главата ја врти на другата страна најверојатно не му тече млеко камо претходно.
Пиеш ли нешто за лактација? Пиј чај за доилки, ако пиеш нане одма да прекинеш, овесни снегулки, сок од ананас, многу вода и не молзи, зошто молзиш кога бебе цица. Мастит така се фаќа, ти стимулираш лактација која бебе не може да ја исцица. А од друга страна градите се учат многу бргу на ритамот кој бебе го воспоставува, не ти треба нит пумпа нит ништо, само бебе и течности. Јас се молзев, да, ама јас само се молзев, не цицаше бебе и затоа течеше многу млеко кај мене при молзење.
Немој мајка не давај АД кога имаш млеко на претек. Тоа во многу случаеви е почеток кон одбивање, еднаш и тече лесно и брзо (од шише), нареден пат од града и треба повеќе труд да влече и нормално ќе се нервира. Така е првиот месец, ќе поцица малку, ќе поспие повеќе и така се во круг. За скоро ќе почне да менува, да добива повеќе сила и да се нацицува побргу. Колку погрешни совети.... Педијатри, срам да им е! Не го губиш млекото, само ти се воспоставува лактацијата. Ако не цица од што ќе кака по 6-7 пати на ден? Внесувај течности, храни се умерено и ставај бебе на града и нема шанси да го изгубиш млекото, не се секирај.
Дали бебето качува на килажа без ад? И зошто ад ако имаш млеко? Мој совет ако спие на града тргни го.Ако е гладно ќе се разбуди и пак ќе бара.Колку цица толку.И вака во круг цел ден без ад.Само ако немаш млеко тогаш давај дохрана и колку можеш помалку.Не молзи туку бебе да исцицува да се одучи од шише.После ден два ќе почне повеќе да цица и повеќе да спие.
Па на експлузивно доење бевме краток период на почеток ама тогаш имаше и жолтица и ми намали. Затоа почнав да додавам и АД и така останавме и сега. Сега го намалив па ќе видиме во петок како ќе бидиме со тежина.