Колку време ги користеше силиконските? Претпоставувам со тек на време излегуваат и сопствените брадавици?
И со доењето се извлекуваат, не се откажувај веднаш. Но ако навистина има проблем бебето со фаќање, купи ги. Доењето не е само шмукање на брадавицата, треба да фати и наоколу, ареолата, но на почеток бебињата не знаат тоа да го прават, па додека да научи во некои случаи потребни се силиконски. Јас сеуште појма немам колку количински цица едно бебе, па биди упорна да не мора да се измолзуваш на шише да даваш. Многу е комплицирана таа работа, би било најубаво да бидеш упорна да цица.
Јас сум упорна, ама сама не можам ништо, мора да имам помош од сестра да ми го намести за да фати и зацица. А дома нема да имам мед. сестра во секое време и тоа најмногу ме плаши.
Не се секирај, сите сме го прошле тоа, ќе фатите ред Со палецот потегни му ја брадичката надоле да ја отвори устата и напикај ја брадавицата и ареолата колку можеш повеќе.
@happygirl и мене ми беа вовлечени и во болница кога се породив ми рекоа да оставам бебка сама да ги извлече. Ни силиконски, ни ништо не пробав, само упорно бебе на града и веќе после ден-два цицаше со цела фатена ареола. Секако, ако мислиш дека ќе е подобро, пробај со силиконски, ама јас би ти рекла остави прво бебе да проба само да ги извлече. Ако одма фаќа и шмука, многу е веројатно дека ќе успеете
Многу ми е тешко што не можам сама да му дадам да цица. Ептен се нервирам, а млеко имам. Сега една сестра што ме молзеше со рачна пумпа, ми рече сопругот да купи електрична и да ја донесе тука. Ни знам каква марка ни ништо. Некое искуство?
@happygirl немам искуство со пумпи, јас само рачна имав и многу ме болеше, дали два пати ја искористив. Рачно се молзев, најлесно и најубаво ми беше. Не се плаши, ќе научиш, знам паника ти е за дома како ќе се снајдеш сама, ама ќе видиш дека ќе си фатите ред. И јас на десната града не знаев да ја наместам. На лева без проблем, ама на десна едвај, па бебе само си се местеше и си фаќаше. И они се посилни од што мислиме, сами си фаќаат. Не знам зошто електрична пумпа ти рекле да купуваш, ваљда дека на сестрата и е полесно со електрична да те измолзува место со рачна Јас не би купила, прво се скапички, второ не знаеш дали ќе ја користиш и дали ќе успееш да вадиш нешто. Јас со пумпа едвај 40 мл вадев, а млеко на претек имав. Нека те советува некој што има користено за марка и дали да купиш. Јас не би, ама сепак ти си одлучуваш
@happygirl јас имав рачна на chicco,мене ми беше ок,немав ни болки,брзо го полнев шишенцето со млеко. Инаку,мене лично не ми се испакна брадавицата туку остана иста... со тек на време бебе престана да цица од таа града,ама мора многу упорност,најбитно од се да си смирена, оти осеќа тоа. Пробај со силиконски,со тек на време ќе го одвикнуваш(јас му ка вадев за време на подој,по малку,по малку се дур не се навикн).
Сестарата така ти кажала за дома да ти биде полесно , и електричните се подобри за почеток купи рачна ке видиш како ќе ти оди рано е уште. Дали некој знае советник за лактација кај нас дали има или во Систина да појдам имам еден куп прашања и проблеми во врска со доењето .
Здраво и од мене пресна мајка Во понеделникот во 22ч се роди со царски мојот син. До вторникот вечерта бев на интензивна, ме преместија кај бебињата и тогаш прв пат си го гушнав Вчера во 12 на пладне ми го донесоа в соба и ми го оставија, пробавме да цицаме и фати убаво да влече, но тоа гладно и му даваа вештачко. Одма вечерта градите ми се набабрија камен ми се направија, дојде млеко. Малку се мачевме ноќеска беше нервозно оти не му течи како од шише но го оставив не го однесов кај сестрите не сакав да му даваат вештачко бидејќи си се навикна така и нема да цица. Денес сабајле си фати да си трга само и еве си спија, само што е многу болно, кај раната ме боли, кај тешко е бебево шлаг на тортата
na dvete gradi mi se javi crvenilo i me cesa kako alergija nesto.dali moze sega da im davam na decata izmolzeno mleko
Дали додека доите сте физички активни и вежбате нешто? Сакам килажава да почне да оди надоле а не нагоре
Денес ми распукаа многу брадавиците, многу ме боли, вечерва ставив Ланолин и одма малку омекнаа. Млеко имам и ми течи кога ќе се наполнат градите, а бебчето денес на 1 час ми цица и цело време беше нервозно и плачеше, на колку време му давате да цицаат или секогаш кога ќе бара бебето?
7 месеци дојам и имам +7 кг после породување, или +15 кг пред бременост. Некои мајки, со доење ослабуваат, но кај мене се накачуваат килограмите. Многу ми се јаде, и јадам, а физичка активност, засега ми е шетање со бебето. За фитнес и диети ќе има време понатаму, нека потпорасне бебето.