Претерана и неправилна употреба може да ги оштети градите, за молзење е најдобро рачно и ако немаш потреба нема зошто да се молзиш. Мајка ми кога виде како се молзам со електричната пумпа остана занемена и вика па вака крава не би молзела, а не жена. Значи да напоменам мајка ми не е лаик тоа и е работа, радиолог е, и нејзин совет е дека таа механична стимулација не е добра за ткивото на градите. Ова со пумпите е баш бизнис посебно во Америка, се молзат претерано создаваат повеќе млеко а со тоа и хормонски дисбаланс, а природата смислила начин да се произведува млеко колку што му е потребно на бебето. Јас лупнав 100 евра и еве ми стои спакувана во плакар.
Да прашам, навечер дали и на колку време треба да се буди новороденче за да цица? Ако го разбудам на 3/3.5 саати и му дадам да цица, после цела ноќ спие немирно, едвај заспива и продолжуваме со доење на секој саат до саатипол, се до сабајле. Како да му направам некој ред со дневно и ноќно доење? Премногу сум исцрпена, немам време кога да отспијам навечер. И дали е во ред да ика после доење? Не секој пат, ама му се случува и по 10/15мин да ика.
Новороденче уште нема ред, цица кога сакат, индивидуално е. Да не има грчиња? Дали ждрига после подој? Ние ред фативме после 3 месец. Никогаш не сум будела за цицање. А нормално е да икат.
Мислам дека тоа се грчевите, го стегнува цело тело и плаче, ќе се стресе наеднаш. Ждрига, ама не после секој подој. Некогаш ќе ми се успие на градата и не постигнува. Оваа ноќ на пример, откако го разбудив во 00часот да го дојам, до сега, на секој саат цица и плаче, немирно спие, па скоро и да не е заспан воопшто.
И ние оваа вечер мака мачиме со грчеви и гасови. Прв пат доолку откако е родена. Страшно нешто ми се стопи дете. Прв пат го употребив сирупот колик што ми го донесоа од Австралија. Има некој мал ефект тогаш за тогаш и после пак на ново. Ексик.
На града не се смируваат? Будете ги само дур имаат жолтица, од кога почна да качува килажа јас не будев.
Размисли што си јадела вчера. Јас од едни колбаси што ги изедов, детето цел ден врескаше ко да го дереме, и од тогап не сум каснала А капките траат кратко.
Каснав уштипец и мислам од тоа е. Уште една намирница плус на блок листа. И онака пола храна од страв ја избегнувам. Битно бебе да е здраво и среќно а јас цел живот имам за јадење.
Кога имавме жолтица јас будев на максимум два ипол часа. Сега оставам да си побара самото бебе. Најчесто е на три часа будењето. Околу 2 или 3, и потоа 6 или 7. Минатата ноќ нешто ми поремети па бараше во пет, шест, седум... Слободна исхрана е,баш затоа што е природна,затоа и го оставам само да си побара. Ние имавме страшни 48 часа откако јас каснав грашок. Хорор филм беа тие два дена. Сега имаме грчеви,но намалени се со Еспумисанот. Внимавај на исхрана.
Внимавам. Не јадам грав, грашок, леќа, боранија зелка, брокули, карфиол, млеко пресно, бели печива, кафе, чаеви освен за доилки, цитруси, домати и сл работи. Ама ете сепак се наоѓа нешто да го надразни. Душа моја срцево ми се искорна. Сакав да те прашам епсумисанот е со пробиотици или? Јас и давам секој ден био гаја пробиотик, чај од анасон и вчера прв пат од тој сирупот колик што ми го донесоа од Австралија кој е на природна база од некои растенија.
Да. Еспумисанот со пробиотикот. Биогаја давам еднаш дневно по 5 капки и Еспумисан од 3 до 5 пати дневно по 25 капки. Чаеви не давам, само на капки сме.
Жени како се раните додека доите? Се породив пред 1 недела, млеко имам, бебе фаќа цице отприлика на 2 часа цицаме и не давам дохрана.Се одмолзувам со пумпа кога ќе ми натежнат градите, од двете гради 60-70 мл вадам. Бебе ми има страшни грчеви, се витка целото.. Изминатава недела сум на строга диета, јогурт, сок бистар од јаболко или боровница, варен компир или супа. Како да му помогнам на бебево за грчевите?
Масажа на стомаче - кружни движења околу папок, топла пелена или термофорче на мешето, масажа на ноцињата како да вози точак, чај од ким, легнато на меше или на тебе легнато, капки еспумисан П.С нека е живо и здраво
Јас од 1 недела дадов кога дојдов од болница, превентивно секое сабајле лајче ким давав. Едпумисан давав кога беа мн интензивни обично пред подој. Ама пробај прво со масажа и топлп на меше. Мн се смирвеше мојава кога ќе ја држев на мене стомак со стомак.
Зошто баш ноќе и даваш ад? Тогаш е најдобро да и даваш да цица. Ноќе градите се најполни, се создава најмногу млеко. Тогаш ставај бебе на гради, и тоа на двете. Така ќе стумулираш и одржуваш лактација. Колку повеќе даваш ад, толку млекото може да се намалува.
Така ми рекоа само ноќе да и давам ад дење што повеќе да ја дојам понекогаш и ноќе и давам ама многу седи на града па треба по саат да седам со неа она и спие и пие вака и давам и 3/4 саати не бара.
Така само ќе си го намалиш млекото. Му даваш погрешни информации на телото дека тоа млеко преку ден му е доволно бидејќи не стимулираш навечер. Напорно е навечер доењето, ама биди упорна, инаку ќе посегнеш и преку ден по адаптираното.
Мами, еден саат, па и два ако треба. Ќе го потсетуваш да цица и да не заспива, а кога ќе заспие, ќе го тргнеш од града. Не знам колкаво е бебето, но на почетокот е многу тешко. Мора да издржиш. Може да го ставиш бебето покрај тебе на кревет и со лежење дој го, така е полесно ноќе.