Ноќе обавезно да ја доиш ако сакаш да сте само на мајчино млеко,најмногу тогаш се лачи. Јас спијам со бебето до мене и со градата надвор најчесто, на секое закенкување буткам града и продолжуваме и двете да спиеме. Незнам колку пати е тоа ноќе,колку она бара толку. Млеко сум преполна затоа
Јас на пример не можам да спијам со бебето, многу мрдам и немирно спијам посебно кога сум преморена и затоа првите 2 месеци маж ми стануваше ми ја даваше и сме се доеле навечер и по саат време, де ќе цицне де ќе заспие, јас дохранував ама напладне и околу 9 навчер, а ноќта само цицање, е после 2 ипол- 3 месеци почна самата да си спие и убаво напредуваше па не ја будев. Јас морав да дохранувам и со маки стигнавме да бидеме само на доење @saramila09 немаш потреба од ад сега ти се воспоставува лактација ако продолжиш вака навистина ќе мораш да даваш ад.Издржи нема да биде цело време 24 часа на цицка.
Вчера бевме на контрола во систина ми рекоа да продолжам да давам ад Добро напредува а и она кога плаче морам да давам ад не фаќа цицка освен шише ја смирува и јас несакам да и давам ад ама нека порасне уште малце па ќе прекинам. Јас неможам така да ја дојам незнам зошто а полесно ќе ми биде плус и со силикони сме многу ни е тешко таа само мрда па се мести силиконот па ќе почне да плаче вака и давам шише и раат си спие 3 часа..Од денес ќе почнам да ја дојам и вечер па ќе видиме што биде
Остај докторите...поубо да се измачиш неколку вечери со доење...Верувај мн е подобро...Што повеќе навечер даваш АД помалце млеко ти се ствара. Тешко вистина ама вреди
Од денес ќе почнам да ја дојам и вечер ама со силикони сме неможам да ја дојам во лежачка положба ама ќе станам нема да ми биде мачно..бебето во петок ќе полни 1 месец. Ти благодарам за советот од денес ќе почнеме нема да ми биде мачно јас баш сакам да ја дојам
Мене денес крв ми пуштија малку пупките и од едната града се молзев и му го давав од шише да го пие за да оздрави малку пупката, па сега со другата така ќе правам. Не се знае ништо, ноќе на секој сат цица, секогаш кога бара му давам, млеко имам и сум многу упорна. Една недела има синчето, уште ме боли раната од царскиот и неможам да лежам странично за да го дојам ноќе легната. Само на кревет седната можам и многу боли половината и грбот.
Моето кога е вознемирено само цице му помага ќе си цица и ќе се смири и ќе си заспие.Друг начин нема јас се сум пробала само тоа палеше кај нас. Ниту капки ниту масажи ниту ништо не помагаше освен кај мене на цице.
Јас веќе немам идеа што да јадам, секој ден се исто. Бебуш има месец дена и е само на доење, супер тераме вака без гравче, леќа, грашок, домати, цитрусни овошја, брокула, карфиол, зелка, газирано... До кога треба да се избегнуваат овие намирници? (за да не се појават грчеви )Едноставно веќе ми се здосадиа секој ден истите работи за доручек, ручек и вечера. Споделете некоја интересна варијанта за јадење или рецепт.
@Milla989 еве ти идеи за доручек/ручек/ужинки. Ја од трауми уште припазувам што јадам. Доручеци: Путер, маслинки, зденка/крем сир Путер, варено јајце, сирење Тост со кашкавал и кечап Пита/баничка со сирење Јуфки/макарони Јогурт и житарици Ручеци: Телешко месо со компири - салата: цвекло варено Телешка чорба салата: рендан морков и цвекло Компир манџа Мусака Полнети пиперки Стек со пире Ориз со копани Супа Турлитава Ако ми текне ќе допишам уште. Ја и мм плус некад се частиме пица или 7ца,немала реакција беба. Знам здосадува, ама навика е.
Има ли некоја листа што не треб да се јаде при доење? Или останува само генерално мешункасти и зелен зеленчук, салами и останати месни преработки, цитрусни овошја и газирани сокови.
Генерално е тоа. И не е дека не треба. По малце се пробува од се, се следи бебуш дали ќе има реакција. Ако нема мака, ќе си јадеш.
Не може освен пешачење,млечна киселина се испушта преку потта така што се намалува млекото а и не е убаво на вкус. Кај секој е индивидуално јас на пример се си јадам посебно грав грашок зелка леќа и храна полна со целулоза цел живот и сега исто.Бебушот мој е два месеци до сега немал никакви грчеви освен гасови но тоа е нормално.Мораш сама да си видиш и истражиш.
Ај здраво пак Бебо е 12 дена, од вчера навака си цица почесто на 2 саати, само си бара и му давам од двете гради наизменично. Приметив сега дека градиве ми се поголеми, пополни со млеко веројатно поради тоа што тој почесто цица. Дали треба и да се одмолзувам за да се празнат повеќе или доволно е колку што си цица тој? Немам болки, ама бааги поголеми ми се и се плашам од мастит и сл. Свежи листови од зелка за што се ставаа на градите?
Банани,киви,јаболка,мандарини сме да се јаде? Мене дури на 8 ми ден од пораѓај ми надојде млеко убаво па дури се разбудив во поплава целата мокра бев а и плус испотена.
Ке си пробуваш сама што смета. Обично цитрусни сметаат, па ке видиш мандарината мака дали ке прави. Киви, јаболка и банани може да си јадеш, едино и кивата да припазиш, пробај јади и следи. Јас ништо не пазев со синко, се баш јадев (цитрусни, леќа, грав, грашок, зелка итн), а поминавме без грчеви.
Колку повеќе одмолзуваш, толку повеќе млеко се создава. Сега ти е период на хиперлактација, штом ќе ти се преполнат пробај малку да одмолзиш, рачно, колку да ти олесни. Ако почнеш да ги осеќаш врели или да почувствуваш први симптоми на треска тогаш можеш да ставиш зелка. Ноќниот период особено внимавај, тогаш најмногу се преполнуваат градите. Јас фатив мастит после месец дена кога една ноќ се успавме со бебе повеќе од 5 саати. Не носи прслук и стегнати работи и не спиј на стомак.
Постои ли веројатност да ми се зголеми лактацијата, после 2 месеци од пораѓај. Пијам чај за доилки, лактил таблети и на секој саат го ставам на града, навечер пред шишето со ад млеко го дојам и по 40/50 мин додека самото не се тргне.