Немам доволно млеко, бебето цица и кога ме исцицува плаче и кога му давам АД млеко се смирува и некогаш доволно му е 10мл, некогаш повеќе. А знам дека нема зошто и јас рачно пробувам после подој да се измолзувам, одвај капнува по некоја капка. Имате ли искуство или онака прашавте?
Што повеќе го ставате на града повеќе се ствара млеко. Не губи надеж. Пијај чаеви, течности многууу... Добронамерно ти пишувам. Не ме сфакај погрешно. Нека не ти е мерило пумпата. Само позитивно.
Баш тие 10 мл не му фалат верувај. Плаче од друго, а не зошто твоето млеко не му е доволно. Јас го изгубив млекото после 1 месец бидејќи фатив мастит и пиев антибиотик. Но, бев упорна и успеав да си го повратам. Треба да пиеш многу течности, но и треба градите да се стимулираат, без стимулација нема додатна лактација. Најдобро е дете да стимулра со цицање, тоа АД што му го даваш капнувај му го со шприц во устето кога е при крај со цицање, за да влече на празно и на тој начин да стимулира. Друг начин е пумпање после подој пи 10тина минути и од двете гради на празно. За 1 недела треба да се среди.
Дали можи некој да ми кажи какво е чувството кога прв пат ќе го ставиш детето на града? Знам дека малце е чудно прашањево но еве кај и да е треба да се породам а цело време размислувам за тоа нешто.. многу ми е чудно како ќе се чувствувам... дали ќе ме боли.. нз како да опишам
Меме воопшто не ме боли доењето. Можеби дека дојам со силиконски брадавки но и некогаш кога успева да фати и без воопшто не ми е болно. Уживам во секој миг од доењето. Сега има мигови кога е досадно и напорно особено на почетокот кога бебе цица со часови и заспива на гради. Но тој период е мн краток затоа обиди се да уживаш и во тие мигови.
Мене воопшто не ме боли ниту ме болело ама никогаш ниту на почетокот напротив уживање ми е доењето, е сеа кога ќе има забчиња ќе видиме.
Нема правила. Јас јадев се. Според докторите во систина, научно било докажано дека чоколадо, газирано и кафе влијае на грчеви. Се друго зависи од бебе. Мене највеќе ми годеше телешка чорба. Мислам само на тоа бев месец дена
Јас искрено прво ми дојде скокот и земав се смеев ко луда .... Незнам чудно ми беше, ама малце и болеше и цело време ставав ланолин и фала Богу не ми се направија рагади. Појке ме болеа градите што ми беа преполни
Мене многу ме болеше ми испукаа пупките и крв ми протече, ги мачкав со ланолин и скоро ми оздравеа, денес 2 недели прави бебчето.
5 месеци благо немав ставено во уста,сега си јадам богами на толку благо дома нема шанси да одолеам а бебле до сега нема изразено нешто промени. Од тебе ми е останато во глава дека супа многу ти помогнало па само тоа кркам
Не постои вистински збор кој ќе долови правилен опис, благослов е најблиску Најубавото чувство на светот!
Уште се мачам и јас да го наместам на десната града а и тој да фати убаво од неа. Не знам што е проблемот, ама никако не ми е згодно и ' на рака ' да цица од десната града. А млеко имам, машала, полни ми се и двете. Се нервирам многу, секој подој ми е стресен иако пробувам да се опуштам. Млеко имам а не знам и не можам да му го дадам. Цица убаво од левата града, освен денеска кога му требаше малку време и нерви да ја фати и таа. Можно ли е да не сака да фати убаво оти вчера му давав цуцла и втор пат му дадов измолзено млеко од шише? Утре сме на контрола кај педијатар, да видиме дали и колку напредува бебо мој.
Мајки, изгорев од температура неколку дена. Ушите ми биле воспалени, ја спуштам со Парацетамол. Ми дадоа и антибиотик безбеден при доење. Сакав да ве прашам дали млекото е безбедно кога сум вака болна?