Мајки ние нели преминавме само на доење и овој месец немам воопшто дадено АД, но овие 3-4 дена како да ми се намали млекото. Беба плаче бара уште а нема Од што може вака? Цело време ми виси на града... осеќам дека на празно влече, наместо да ми се зголемува мене ми се намалува
Мамички ве молам за совет, дири по недела ќе одиме на преглед на здраво, бебето е една недела, само на доење сме , од болница ни запишаја капки д3 и пробиотик провен арно ама нинрекоја ништо дане земаме дури не одиме на здраво на преглед. Бебето мн ми почна на вечер да плачи а нафоена убо преслечена мислам дека мешето ја мачи и сакам да прашам дали цицла лажачка би и сметала во доењето, ако и давам на вечер?
Не давај лажалка мало е цуцнува малку и брзо се уморува давај и колку сака кога сака да цица. Стопли и го мешето со пеленка, гушни ја пеј мало е пред една недела искочило чудно му е се. Гушкај гали пеј често ..
Вчера ми појавија како грутчиња на градите, со масажи и одмолзувања со пумпата се средија арно ама ноќеска приметив затнато каналче- блистер. Ужасно боли! Како да си помогнам?
Натопи фротирско пешкирче со многу топла вода, исцеди го и стави го како облога врз брадавицата, и сѐ додека не се олади држи ја облогата. После само малку погрубо со пешкирчето помини преку блистерот да се отвори каналот и обавезно притисни да видиш дали ќе почне да искача млеко. Потоа дај му на бебуш да цица или одмолзи се малку. Јас сум ептен паталец со блистериве
Драги мами ме интересира дали некој има искуство со крема за испукани и болни брадавици FREZY DERM NIPPLE CARE? Дали треба да се измие пред доење или може да се дои слободно? Никаде не пишува неможам да најдам инфо.
Ти спласнаа градите? Не ти се намалило млекото, туку ти се регулирала лактацијата. Секако верувам внесуваш доволно течности, јадеш редовно и спиеш доволно, стрес избегнат. Кај малата може се грчеви, а може скок некој ве фатил. Висењето на града не значи секогаш дека се гладни, врескањето по града па ич, не ретко не користат како лажалки, а најчесто сакаат близина, топлина, ама секако вагата знае се. Оди преку еден ден на мерење, па и секој, а верувам имаш дома кујнска/телесна вага, па мери ја секој ден, јас бебе мое дома си го мерев кога имав дилеми.
Пишува што состав е? Ако е чист ланолин не треба да го одмиваш. Едит: овој ли е? https://www.frezyderm.co.uk/pregnan...ple-care-emollient-cream-gel/?UserAction=True Пишува не мора да се измива.
Во Зегин ли беше? Аман кај нив само Фриздерм е најдобро! Верувам тоа е ланолин, па тој не се измива, читни упатство пред да купиш, побарај да го видиш. Инаку јас користев на Медела - пурелан, везден се мачкав, уште пред пораѓај и градите воопшто не ми испукаа
да предходно го користев пурелан на медела супер е, а ова го добив не сум го купила јас па да го искорисам кога веке го имам. овој е https://www.frezyderm.co.uk/pregnancy-products/nipple-creams/nipple-care-restructuring-cream-gel/
Знам дека се создава млечна киселина и други штетни продукти на метаболизмот кои се излачуваат преку телесните течности, меѓу кои спаѓа и млекото .. Затоа и прашав....
Да ти кажам искрено, јас сум вежбач , вежбав и додека бев трудна, и неколку месеци после породување, пак продолжив. Бебе беше на ексклузивно доење и немаше никаков проблем... за да бидеш 100% сигурна и мирна, можеби е најдобро да се консултираш со педијатар. Можеби не се пожелни некои многу ригорозни серии со одредени справи... јас конкретно повеќе се фокусирав на пилатес и кардио
Може да се вежба. Кај нас и доктори различно кажуваат. Според мене може и треба да се вежба, да се разоноди мозок и тело.
Не дека сум некој зависник од вежбање, ама одвреме на време кога вежбам, се чувствувам подобро, немам проблем со тежината... Ама после бременоста баш сакам да се ојачам малку да не сум свисната сепак 27г имам... Разбирам дека нема да биде исто како пред бебето ама малку да сум фит
Ќе ти покаже самото тело до кај да идеш со јачина. Вежби за истегнување се супер. Пример ја не можам да замислам да скокам на јаже со цицкиве. Ќе ми распрска млеко на сите страни. Посебно ако сте вежбале претходно уште поубаво е да продолжите со вежбање.
@TeddyGrey хахахаха ме изнасмеа, се замислив и јас со јажето хахахаха пилатес, зумба, аеробик нешто такво и кардио вежби, нешто што може дома да го вежбам. А башка и лето ќе фати па ќе го користам за пливање
Фала ти многу, се средив конечно. Неколку пати ставав облоги и се одмолзував и конечно каналчето се отпуши. Ставив ланолин да заздрави, од триењето со крпата ми се раздразнија брадавиците, ама барем топчето веќе го нема.