Еее добро е Само да знаеш дека штом еднаш се запушило, можно е да ти се повторува баш на истото каналче
Можеш да бидеш иста како пред бебето верувај ми. Ако ти е тоа желба инаку не мораш да си правиш притисок тоа да биде во одреден рок
Јас сега дојам само навечер... кај и да е, ќе престанам скроз. Не ми се исти градите и си реков да родам уште едно, па може еден boob job да се почастам ама не за зголемување, туку за подигање (ако постои такво нешто)
НИКОГАШ нема ниедна жена да е иста како пред бебето. Не зборувам за килажата, формата на телото се менува комплет. Колкови се шират карлица се шири ребра се шират стапало расти...
Тогаш ја сум исклучок килажата ми е иста од претходно, само некогаш дури варирам со килце помалку зашто трчам цело време околу дете )) струк и карлица тесни (таква ми е конституцијата), никаква промена во стопала немав дури ни кога бев трудна... само градите ми се променети Па кај мене има таква промена... не знам дали со време се враќаат.. можеби има мајки кои не виделе таква промена, зашто секое тело е индивидуално
Кај мене е се Ок и исто и килажа иста како да не сум родила , а отидов во болница со 17+ кг уште првите месеци се нормализира се , е градите малце се смениа , ама нема други никакви проширувања , ваљда таков ми е метаболизам и градбата шознам , ама знам мн си се исти , градите најпоеќе се мењаат кај сите и килажата зависи од самите нас .
И ја сум иста во другите делови од телото, ама градите не верувам дека би биле тоа што беа никогаш. Уз муабетов, да се насмееме.
Ми спласнаа, ама и чувствувам дека се по празни. Бебе ќе почне да цица и по извесно време кога ќе ја тргнам гледам дека нема млеко. Имав стресен период не негирам, можно е да е од тоа? Ја јадење јадам и пијам доста вода, ама ете.. А беба се нема променето секое доење ни е со плачки, тегнење, шетање низ соба... Ова е неподносливо! Почне да цица, па заспе ја оставам да поспие одма се буди и пак исто плачење па на града и се така во круг цел ден. Се мерам јас без неа и со неа и така отприлика гледам колку има..
Јас не очекувам дека ќе бидам истата јас како пред бејби, тоа е многу нормално, во еден период од животот имаме на нас 8 екстремитети, две срца и две глави, и тоа е во ред ..... ама пак и не може да си дозволам ете родив дете тоа е најважното, и јас да шетам запуштена, секако првите месеци дури се научиме нема да има време, но потоа по пола саат вежби ќе имаат бенефит а нема да ни штетат ни мене ни на бебето
Апсолутно се согласувам. Затоа и реков дека дури и килограмите да се исти телото не е исто. Тоа тело создало друго тело и нов живот. Нема поубаво нешто од средена дотерана и фит мама
Кога вежбам сѐ е во ред, после доењето не се исти градите, но откако почнав да правам склекови значајно подобрен е изгледот - речиси како пред доење
Јас планирам да дојам макс до 5/6 месеци на бебе потоа до 12 месеци да се затворам во теретана и да заличам на човек. И онака бебе ќе го пуштам во градинка со полни 6 месеци, па ќе ми остане време за мене.
Само на природна база... јас користев кристален камен и жива се изедов, оти било алуминиумова сол, се лачи во млекото. Го препорачувам Аромако на Лаш, го користев додека доев со второто, супер е. Не спречува потење, ама мирис нема.
Ооо па јас сакав да нарачам кристален камен од Тианде.... .... А Лаш каде може да најдам? Во аптека, маркет? За во Охрид зборувам...
Спрејче на Алверде без алуминиум. За зимски денови е супер, за во лето исто го користев, ама не спречува потење, среќа јас не се потам многу па ОК ми беше. Едит: Еве го