Можеби немаш млеко, иако кога си ја стиснеш градата имаш (ова пример). Ако е така, давај и АД после секој подој, ако го пие, значи гладна е
Имам млеко... проблемот е што она воопшто не се ни фаќа на града во тие моменти. Туку само ќе се сврти кон градата, и заплакува и се врти на спротивната страна. Ноќеска подобро цицаше и сабајле. Ќе видиме... Ако некој има некаков совет нека кажува... Од шише го пие млекото... вчера се измолзев и од шише го испи...
Не брзај со АД млеко, посебно штом си имаш млеко. Веројатно се работи за т.н. скок во развој. Го поминуваат сите бебиња, со различен интензитет. Обично се манифестира баш со тоа, бебето одбива да цица, понервозно е, поплачливо... (Е сега, некои бебиња пак почнуваат нон стоп да бараат да цицаат, така манифестираат, па мајките се во паника дека немаат доволно млеко). И најчесто кога цица во сон, нема проблем, ама кога е будно . И моето бебе ги поминуваше тие фази, вриштеше да цица, а кога ќе ја ставев на града, се вртеше на страна со плачење. Често маж ми ја земаше да ја смири со шетање, со шепкање (ќе си најдете и вие начин, другарка ја смируваше малата со фен, на пр, се ќе проба човек во очај). Кога ќе се смиреше убаво, полека ми ја ставаше на града и фаќаше да цица. После тие скокови во развој, се си продолжува нормално, не се секирај. После скоковите, бебето почнува да прави нешто што дотогаш не го направило, може на пример да почне од грб легнато да се врти на меше (или од меше на грб), или нешто друго (нагло ќе напредува во висина на пр). Не би требало да е некој поголем проблем, фаза е, ќе помине.
jas so prvoto dete imav problem 2 godini po kapka mi se cedese i mi kazaa da idam na ginekolog vikaat nekoja inekcija za sopiranje na mlekoto ama jas ne otidov zosto ostanav so vtoroto
ве молам да ми помогнете доколку можи...прашувам за моја другарка...значи има бебенце 2 недели,,го дои и сама и со прашок,раствора...како дохрана...значи кога детето пие од неа,пие по пола час,и пак како да е ненаситно,,значи ли тоа дека млекото нејзино не е доволно добро,танко е?што да превземи за да и се подобри млекото?преку исхраната некако,,или лекови?
Мојата мисија со одвикнувањето да не цица навечер не вроди со плод, не помагаат ни баба ни тато А од пред некоја вечер е уште подраматично станува буквално на саат време да јаде. Така вчера во неврзан разговор со една докторка ми сугерираше дека детето е гладно и затоа се буди ноќе, а бидејќи и де спие нема сила да цица долго па брзо заспива и пак се буди за еден саат. Многу е малечка за некои млечни кашички кои се давале навечер а ги држат децата сити. Не знам што магија да направам за да поспијам навечер
А зошто малечка Божица? Па вие го терате 6-от месец, мислам дека без проблем можеш да почнеш со житарки безглутенски (ориз, пченка, просо) и адаптирано млеко, па да и` правиш кашичка пред спиење. Ќерка ми и ден денес тоа вечера, сега само преминавме од адаптирано на козјо, ама житарките на Нестле за ништо не ги менуваме п.с. Ама треба да земиш во предвид дека може да има и проблем со запчињата, затоа се буди повеќе...исто може да е во скок во развој (точно во тој месец е - 6ти), па е понервозна и поплачлива и сака повеќе внимание и мазење. Си има повеќе фактори, сепак не е само храната и гладта
За Нестле житарките и јас слушам само пофални зборови но биле за 6+ месеци. А јас секако каснам со воведувањето на храна па сега во овој месец треба да внесам уште некое овошје па малку компир и ориз па на крај да пробам со житарките. Е сега друг муабет е како ќе ги издржам овие 20тина дена ама ајде што се мора не е тешко. А може да е и промена некоја ја чешкаат непцата па може ќе изненади со некое рано запче!
Божица мојот е 8 месеца и некој ден и по цела вечер станува да цица млеко од шишето,пробав со цуцла не ја сака се одби од цуцлата и никако не можам на друг начин да го заспам само со млеко,ако не се напие млеко вришти пишти
Попуштате, тоа е проблемот. Вие сакате без плачење да ги одвикнете. Јас еве, со син ми веќе немам проблем за денско цицање, скроз му го скратив, а гледам дека и ноќе повеќе не бара толку често. Ете на пример, ноќеска спиеше цела ноќ, пу пу да не го подречам. Ако плаче, ќе стиснете заби и ќе го нишкате, ќе му бутате вода или чајче без шеќер, мора да сфати дека нема да добие млеко ноќе. Што се однесува до твоето малечко Божица, можеби навистина е гладна. Затоа понекогаш е подобро порано да се почне со дохрана, за да може на време да воведеш одредени намирници. И јас ги препорачувам житарките на Нестле, јас почнав со ориз и пченка (не содржат глутен), а сега сме на Осум Житарки, најчесто со мед, му ги мешам или со овошје, или со млеко, два пати дневно. Ако случајно купиш млечна каша на Хип, внимавај тоа да биде Baby's first pap, другите содржат глутен.
Абе колку непроспиени вечери имам за да го одвикнам и пак ништо,инатче малечко е не сака да спие ако не му се даде млекце,аууу ако му дадам чајче или било што па војна станува одма се бунеме рикаме како да сме заклани сите ќе не разберат абе комшиите не слушат секоја вечер и се смееме преку ден знаат и во кое време се буди се хехехе смешки невидени сме
Ете, веќе прекинавме со доење. Малиов засега се држи добро, подобро од мене. Јас сум таа што има мака - не мислев дека ќе мора апчиња да пијам, ама дојдов и до тоа. Градите ми се надуени како балони, со две раце една да фатиш ќе ги преполни ќе си ги барам после Боли кога почнуваш со доење, боли и кога прекинуваш... ама ќе се издржи...
Еве ме мене пак (извинете за пост врз пост)... мака си имам со малиов... првите два дена немаше гајле, ама сега кенкав е... особено ноќе, се буди на секои 15 минути и плаче, тешко се смирува. Само што заспал, се буди. Денес веќе и носот почна да му тече од плачењето, ама мислам дека и заби ќе вади (се проѕираат долните двојки)... како да му помогнам на детево? Не за носот, не за забите, туку да го преброди ова, прекинов на доењето... тешко ми е ваков да го гледам, шетам до грло покриена да не му текне да бара. Сите велат дека е најубаво да не ме гледа, ама кој да го чува?
Ana ne se sekiraj cim dosega ne pobaral odviknat e. Prvite 2-3 dena se kriticni, a i da ti pobara daj mu sokce,cajce,biskvitce neka gricka ili izlezete od doma i ke zaboravi. Malite deca se lesni za manipuliranje .
Јас кога го одвикнував син ми од доење му ја подметнував мојата рака односно дланката од страната на малиот прст и ќе ја пошмукаше 2-3 минути и ќе заспиеше. Искрено мислам дека друго го мачи ,ете заби ,може и поднастинал,а понекогаш знаат и така од чиста мира да се будат и да кенкаат (мојот од 1 до 2 години се будеше како да сонувал нешто страшно и плачеше навечер и одкако ќе се смиреше ќе продолжеше со спиење до сабајле). На града не го враќај никако ,ќе издржиш една две вечери,а евентуално ако имаш по дома дај му цуцла додека да се смири.
Не дека ќе му текне да бара, ќе бара кога ќе е гладен, туку ќе те намириса . Една пријателка (јас немав проблем) се спасуваше со тоа што се мирисаше со тешки парфеми и го земаше детето обратно, мислам со негово грпче накај неа. Критични се првите 4-5 дена после се смирува состојбата. Моето ниту цуцли ниту флаши ништо несакаше. Си го нушкав до бескрај на нозе а јас спиев по полуседната положба....
Анатх, според мое мислење и искуство со моето со идентични симптоми - најверојатно ти е поклопил периодот на одвикнување со вадењето заби, не мислам дека тоа плачење е за цицање, со оглед на тоа што 2 дена веќе немате проблем. Гледам од таа фела си па не морам да ти кажувам за Дентиноксот. Стави и баш види дали ќе се смири, па ќе знаеш од што му е....со лесно нека ви е
Благодарам на сите за советите... Моира, геловите не го смируваат... само моментално, единствено ќилибарно герданче уште не сум пробала. Ама сега нема да ми го прифати... или сепак да земам?