Поздрав до сите нови мамички. Сакам да споделам искуство кое се надевам ќе биде корисно за вас. Минав низ многу проблеми со доењето на моето прво бебе. Сега има 8 месеци и уште го дојам. Почетокот беше ненормално тежок. Бебево се плаче и се цица, 24/24 часа ми се чинеше дека цица. Имаше грчеви а затоа и цицаше многу и повраќкаше потоа. Утеха им било на бебињата да цицаат. Сите околу ми велеа гладно е јас бев сигурна дека не е дека има некоја мака бебево а така и се покажа. Си напредуваше супер во тежина. Од страв дека МОЖЕБИ и е гладно не се одмолзував и добив мастит од вишокот на млеко, ми испукаа брадавиците, болки, температура, вртоглавици. Мајки одмолзувајте се после подој ако забележите дека бебето не исцицало, немора многу, убаво е и пред подој да истиснете малку . Ова е многу важно бидејќи на почеток млекото е побистро и бебето неможе да исцица доволно и да дојде до помасното млеко кое заститува. Решението е тоа. Мислам дека ако се одмолзува премногу ќе се создаде пак многу млеко и ете проблем.Не дозволувајте да спие повеќе од 3 саати. На мене така бебето ми спиеше и после гладно гладно а неможе да исцица толку многу....будете го нека цица- тешко е ама поубав ритам ќе си има. Слушајте го вашето бебе сите се различни, и пробувајте различни работи и ќе видите што најмногу му одговара на вашето бебе.
го прочитав и ова па став ме фати https://www.google.com/#q=laktacija+nak ... a&start=10 ..инаку и писав на др.јулија.
mila101 јас го имав истиот проблем како ти, сите викаа неправилна положба на доење меѓутоа маките не беа од неправилна положба, едноставно помина период од две и пол, три недели и градите ми се стабилизираа, три недели беше ужасно тешко и болно, крвави рани, болно доење и сл. кој поминал знае, едноставно требаше време да се прилагодат градите на доењето, нешто што дополнително ми помогна беше мачкање со растворена сода бикарбона во вода и сушење на градите по 15 минути после подој, положбата на доење остана иста па сега ништо не ми е, така да едноставно треба време да помине, раните ќе заздрават и после нема пак да се направат
Јас само да се пофалам! Ни помина кризната фаза, па периодот со прихранување од 50 до 100 мл вештачко млеко во денот е зад нас! Сега сме си повторно само и само на мајчино млекце! Многу сме весели, расположени и насмеани. Мешето ни е сито, а пелените полни!
Мамички со искуство, дајте ве молам кажете ми до кога ќе треба да се измолзувам? Заради неправилно цицање на малечката, количината на млеко во градите страшно ми варира. Ако не се измолзувам три дена и готово повеќе млекце нема. Ја ставам нон стоп на града и сите “правила„ за доење ми се јасни. Некогаш имам млеко до толку да ме болат и да ме чешаат градите а потоа немам воопшто. Би се измолзувала ама живеам сама со две деца а мм е постојано на работа па немам баш толку време за тоа. А и малата бара се повеќе во раце. Несакам да ја одбијам нема ни три месеци и сакам барем летово да помине ама ова ми е премногу фустрирачки. Дали ваќа ќе тера цело време или ќе ми се стабилизира лактацијата?
За да имаш млекце треба да имаш постојана стимулација, односно да цица бебуш или да се измозуваш ти. Количината на млеко секогаш ке варира, за тоа поаѓам од себе. Некогаш ми се преполни градите некогаш помеки. Но тоа тврдоста на градите не значи немање на млеко, бебушите се многу поспособни да извлечат млеко, иако ние не можеме ни рачни ни со пумпа. Ставај ја почесто на града и не секирај сега има и скок во развој затоа ти бара да е почесто со тебе. За постручни совети обрати се кај докторките од соба за доење.
Мамички ве молам за совет. Земав да се одмолзам малку сега и почна крв да тече. Нормално ли е тоа и која е причината? Градата ми е полна не знам што да правам.
Нормално е не се плаши, некоја капилара ти има пукнато. Ставај го бебуш на града нека цица. Или пак одмолзувај се но не темелно туку коолку да ти олесни. Влези под топол туш да ти се отворат каналите. Прво масажа во правец на стрелките, па масирај од градата кон ареолата во правец и одмолзи. Има неколку страни назад слика за масажа. Се надевам ти помогнав. А и оваа да ти поврати бебуш малку како кафеаво не се плаши. Тоа е ако цицал па од крвта што ја внесол, не е страшно.
Бебуш по не ја сака таа града, потешко ја фаќа. Се мачам ама му давам од двете. Е сега цицаше од другата и оваа остана полна и викам ај малку да си олеснам да се одмолзам, ама само што почнав одма почна крв да тече. И сега ем ми е полна, боли, ем не можам да се одмолзам а ни него да му ја дадам да цица. Се намачкав со маст за градите, па земав рачно да се измолзам барем малку. Рачно е подобро, повнимателна сум и не тече крв вака. Фала ви мајки за советите, многу.
Стави топли облоги на градата, можеш и по туш. Можеби и не сака да ти ја фати бидејќи ти е преполна, тогаш многу јак млаз им иде и се нервираат. Мораш полека да се одмолзиш за да не дојдеш до масти на града. А за крвта не се секирај на секому му се случува, ама најубаво е рачно да се одмолзуваш.
i da se nadovrzam ako ne saka da cica na taa grada, namesti go vo polozba kako drugata da ja cica, taka ke go zalazuvas
Таа не може да ја фати оти ми е мала и поповлечена брадавицата и се мачиме. И уште нешто, се доиме само легнати оти мама не може ни да седне, ни да стои, ни да заземе било каква друга положба. Ама ќе помине Важно е да имаме млекце, да цицаме и да растеме. Фала ти девојче, поздрав до бебушката твоја
Со текот на доење ке си ја извлече бебуш брадавицата, ама можеш и ти со пешкир фротирен нежно да ја масираш, најубаво после капење. Така да пред да му дадеш да цица од таа града помини се со фротирен пешкир тоа ке му олесни доста на бебушко.
Јас имав проблем со левата брадавица уште од болница ми беше рамна па таму ми дадоа силиконска брадавица. Јас правев вака: ќе почне бебе да цица со силиконската и кога ќе ми ја извлече одма ја тргав силиконската и цицаше без проблем. Околу 7 дена така правев и сега гајле немаме. Пробај го и тоа а и советоот од мелинара.позз и гушки до вас
ZDRAVO MAMICKI, MOETO BEBE E 4 MESECI, PRED EDEN MESEC PRESTANAVME SO DOENJE I SEGA E NA ADAPTIRANO NO SE POJAVI ALERGIJA NA KRAVJI PROTEIN, PA POVTORNO SAKAME DA SE VRATIME NA DOENJE... DALI NEKOJ OD VAS IMA NAPRAVENO RELAKTACIJA POSLE 1 MESEC? KAJ KOGO MOZAM DA SE OBRATAM ZA POMOS?
Имаш ли млеко во градите воопшто? Искрено не знам дали може да ти надојде млеко пак ако престанало затоа што поминало мн време. А ако има реакција на млечни протеини бебето знаеш дека ќе треба и ти да не конзумираш млеко и млечни производи? Исто и ако е нетолеранција на лактоза. Мене така ми препорачаа. Доктор ви препорача да му давате соино млеко (ние купуваме такво сега) или Алернова Ар на бебето? Мислам дека тоа млеко е погодно за бебе како вашето , ама е малце скапичко 1100ден е, плус било мн гадно на вкус и др-ката ни рече дека треба да се изгладнува бебето со денови за да го прифати. Се надевам дека ќе ти надојде млеко пак,сепак нема ништо подобро од тоа.