Пијам, кога едно кога две. Второто со грижа на совест. А душава и трето ми бара. Прашав баш да видам дали сте приметиле да им влијае.
Во право е @LiliBoz . А Аптамилот на кучешка храна ми мириса мене. Нан "најнормално" ми мириса на малку подрасипано кисело млеко. Другиве ги немаме пробано.
Јас пример кога пијам покасно не можам да заспијам до никое време, а бебе се комира секундарно кога е изморена Баш синоќа пиев во 7, она во 8 и пол заспа без проблем, цицајќи. Пробај еден ден, ќе пратиш ситуација .. Пиј си колку ти душа бара,ако нема мака. Ајде бујрум, го пијам првото за денес
Која храна ја избегнувате додека доите? Се нешто ми кажуваат ова не она не, се со страв јадам дека нешто ќе му биде неубаво во млекото
Во почетокот многу се замарав и скоро ништо не јадев. Супи, ориз компир ми преовладуваше во исхраната. Дури и изгубив апетит. Потоа почнав полека се да каснувам и следев реакција. Ако не реагираше бебе си продолжував со јадење и полека почнав се да јадам.
Препорака е да јадеш сѐ затоа што на доилка ѝ треба разновидна храна со секакви витамини и минерали. Ако ептен забележиш дека нешто прави разлика отфрли го. Но, немој да отфрлаш намирници затоа што некој друг така кажал.
Мамички еве втор ден во болница, ама не дојам. Прво не ми се испакнати брадавиците и плус ми биле тврди. По преппрака на сестриве мм ми купи силиконски брадавици ама џабе малава не влече не шмука за да ги извлече..и плууус неам млеко дајте некој совет што да правам...
Прво смири се бидејќи стресот ти е најголем непријател во овој случај. Пиј многу вода и сок од јаболко дс дојде млеко. Втор ден не е страшно, многу честп доаѓа на трети четврти ден. Од коа ќе дојде млеко ќе се средиш со брадавици и коа ќе осети млекце ќе влече бебе.
Само смирено, пиј вода, сок од јаболко, јогурт. Мене третиот ден ми дојде млеко. И јас со силиконски брдавици го доев не се секирај ќе фати ќе ти ги извлече
Честитки. Нормално е да немаш млеко и до кај 3-4 дена после породување. Најважно е бебето да го ставиш на гради, тоа треба да се учи да цица, а тебе рака ќе ти стимулира млеко - важно е и да го добие колострумот на почетокот. Тоа се неколку капки густа течност но полна со имуни фактори. Немој да се предаваш ако си решена да доиш. Побарај некоја од сестрите која би сакала да поработи со тебе во однос на доењето. Нивна работа е да ти помогнат, а не веднаш да те советуваат за силиконски брадавици. Особено што не ти е надојдено млеко. Гневна сум на нивната незаинтересираност да помогнат т.е. да си на вршат својата работа. Земи го бебето и смирено стави го на гради. Не се фрустрирај ако не бива. Ќе пробаш пак. Биди упорна. Гушкај го. Контакт кожа на кожа.
Фала ви на сите! Во моментов немам сок од јаболко, но ќе зголемам на вода. Дали треба некако да ја стискам градата/брадавицата? Може ли некој совет? Неколку пати ги замолив сестриве ама тие викаат само важи мајка за кратко ќе дојдам и ништо..
Не се нервирај. Мене млеко исто ми дојде 3ти ден. Па бебе беше во инкубатор две недели и енос после почна да цица. Така да не паничи, со упорност ќе се среди. Ако не фати одма ќе фати за 3 дена, или за недела, небитно....енос почнува, не се понашај ко се да е завршено Ако немаш друго многу многу вода. Јас ако претходнп пиев 2л на ден. Тогаш дуплирав на 4л....
Премногу течности исто така не чини. Ама држи се добро хидрирана. Не мора сок од јаболко. Вода врши работа. Не студиска брадавици - верувам доволно те стискаат сестрите да проверат дали имаш млеко.. можеш нежно да ги масираш градите - ама многу нежно. Биди упорна со сестрите. Побарај и позиции за доење на интернет. Види како треба бебето да се намести на града.
Зошто не премногу течности? озбилно прашувам, не дека нешто контра идам...јас знам дека треба многу, така и правев, така и во болница ми велеа, ми носеа вода постојано, немаше момент кај што немав до мене 1л вода мин
6 и пол сме, ја дојам кога сака. Два цврсти оброка, и измеѓу цел ден си цица. 6-7 пати (ако не и повеќе)сигурно..
Мајки, едната града ми е црвена; топла и ме боли кога цица бебе. Од денес ставам листови од зелка. Друго што да правам за да не ме боли ? Инаку мека е, не е тврда.
Мајки, бебе уште не цица почна со силилонски брадавици мнооогу малку да влече. Фати жолтица таму ја чуваат. Градите како да ми качија температура. Што да правам?