До вчера градите ми беа полни топка, малата цицаше на 4 саати околу 80/100 мл од двете гради. Денес цица на два саати градите ми се издишани. Бидејќи денес не мерам на вага колку цицала, не знам колку примила. Ова е нормална ствар или треба да се појачам во течности и храна?
Нормална ствар. Се "балансира" побарувачката со производството. Колку е стара малата (претпоставувам многу е малечка). Често доење по потреба. Балансот на лактацијата обично се случува во првиот месец (до 6 недели). Кај вас мислам дека се работи за моментална корекција на производство. Удоволувај на побарувачката со ставање на града, и гледај дали полни пелени малата (особено мочани). Мерење има логика на минимум 2 недели. Дневното мерење може да биде контрапродуктивно.
До утре седум дена. Денес не пуштија од болница, а таму пракса е пред доење на вага да се види колку примила. Денес бевме без вага али и времето ми е намалено. Ми е страв да не не и е доволно млекото, а да не знам. Купив и ад за секој случај. Ќе ја ставам на града кога сака, веријатно е пад на млеко денес. А и слабо со течности бев денес и тешка главоболка можеби има влијание. Пелени полни редовно. Значи рано ми е за баланс на лактација сега.
Немој АД никако да даваш, ставај ја на гради кога и да посака, првиот месец 20 часа ми беше на града, си плачеше нормално бебе е се прилагодува на средината млеко имаш, дури сега на 2 месеци малку се среди лактацијата.
Не секое барање за доење е глад. И не значи дека послабо имаш млеко денес. Можно е да си прави корекција на производството за да ѝ одговара на потребите. Како ќе расте така ќе бара повеќе и само со честа стимулација денес ќе имаш повеќе млеко утре. Така функционира овој механизам. И сѐ си е нормално. Најважно - опуштена, давај кога и да побара, и не е важно колку исцицала на секој подој (некогаш ќе се најаде, некогаш "ќе мезне"), не давај АД без индикации (пр. пад на тежина на подолги релации) и разговор со педијатар. И мерење на недела / две. Вистински индикатор би бил месец. Доени бебиња би требало да качат околу 20-30 грама просек на ден. Ама често мерење не е во ред, затоа што некогаш ставаат 10 грама, некогаш 30... Затоа се зема просек на месец 600-900 грама месечно (може и повеќе). Жива и здрава! И само опуштено!
На бебешка вага во болница. Го ставаат пред да цица и после цицање. На секое доење иста постапка се мери капацитет на бебето за доење.
Жении..се породив пред 3 вечери со царски...малата значии сака да цица...преку ден си фаќа се супер..проблемот е навечер...и вчера и денес не сака да цица...после 8 саатот не фаќа..а гладна е со оглед на тоа дека последно цицала во 5 и дохрана не и дале (веројатно не ме лажат) ... дајте совет се извадив од памет два вечери по ред...млеко имам..сеуште е млечно прозирно ..упорна сум ама неможам многу ми е страв да не се одбие...
Цела вечер не фаќа? Сигурно не ѝ дале дохрана? Провери - пишува на картончето кога е дохранувана. Нуди почесто. И да не сака, пробај потоа пак. Контакт кожа на кожа.
Јас параноја може бев, купив и за дома, посебно ми се наоѓаше на старт кога не бев сугурна дали е воспоставена лактација. Со три деца душа и извадив. Во подрум е, жал ми е да ја фрлам. И патронажната редовно мери при посетите, кога ќе дојде замоли ја за пред/после подој.
Да споделам искуство, нели од сам старт бев слаба со млеко па комбинирав доење плус дохрана со АД... Градите како празни ги осеќав, но сепак за бебето имаше колку-толку да цицне. Пред 3 дена почнав да внимавам на исхраната и почнав за појадок да јадам овесна каша (од тие на виталија готовите) и верувајте градите почнаа повторно да ми се полнат, бебето сега цуца повеќе и е позадоволни. Ова е моето искуство.
Одма купувам и јас да пробам, друго што повеке внесуваш од храна освен ова? И јас сабајле за чудо прв пат рачно измолзив без малку 60 мл и одма го замрзнав не знам што се случи дали дека поспав малку повеке
Zitaricite se super za doilki em mleko vnesuvate em zdravo. Jas sekoj den skoro jadam zitarki is site vidovi so mleko. Zatoa sum slonce ama bitno bebe mi e ok
Во што го замрзнувате млекото? Некои посебни ќеси/шишенца или? И кога се измолзувате, после подој на бебето? Јас уште не сум почнала да замрзнувам, добро што ме потсетивте.