Вчера почнав да пишувам ама бебушка викна па несакајки сум пратила. Иначе одлуката до колку ќе доиш е само твоја и на никој друг и нема зошто осуда. Само ќе треба да ја научиш да пие ад, дневно мислам дека треба по 500-600 мл да пијат плус оброците. Јас планирам до годинка здравје, ама кога ќе тргнам на работа секако ќе треба еден оброк ад, затоа што сега за сега цица меѓу доручек и ручек, а машала си јаде. Иначе ноќни подои јас имам само еден некогаш ни еден и мене ме лижеше не ни цицаше само мојава фаќа цуцла, па кога ќе запрета маж ми и ја враќа и продолжува или ја држи за раче (мајката спие како топ), па околу 4 ако пак се разбуди тогаш цица. @FreeMind ме изнасмеа.
И јас се изнасмеав со иш. Абе ја само вака зборам уште од бебе коа беше Не фаќа цуцла, не фаќа шише. Не верувам ни АД дека ќе фати. Коа се роди многу ми беше мачно доењето. И мастит фатив. И успеав сепак на крај. Викав до 3 месеци ќе цица, па дојдоа 3 месеци, ај викам толку издржав, ај до 6. Па еве 7 ми месец тераме. Сеа реков, ај до 9. Не знам вие како се осеќате, ама мене ме уморува и се исушив од доењето. Среќа се намалија денските подои. А ќе немам душа да ја одбијам, само зборам... Којзнае како ќе биде.
И мене ми е жл , си викам сега морбили , грипови а доењето им е единствена заштита ама со две бебиња многу ми доаѓа и молзењево .
Мојата наместо да намалува, зголемува подои После доручек бара цице, не ми јаде наутро ич. До ручек уште 2 пати секако цица, па од ручек до спиење сигурно уште 3 пати.. Навечер ко цуцла и е цицето, битно ме држи будна иако не јаде уствари И мене ми е мачно, синоќа од 3 до 5 и беше во уста и стално се будеше, за да во 6 стане од спиење. Не можам да функционирам вака, ќе купам ад да ја привикнувам полека... Не знам ни како ќе се оди на работа, ни како ќе се одбиваме.
Доењето е нешто што треба да трае додека на двете страни тоа им одговара,ако тебе повеќе не ти одговара тоа е тоа. Еве ќе ти дадам пример со мене, со првото дете уживав во доењето,буквално, нешто најубаво ми беше тоа и со саати лежевме и се доевме дури и поголем кога беше,сам се одби на 15 м, јас плачев тие 2-3 дена иако знаев дека е доволно. Со второво дете е обратно,не уживам, најчесто не ми е убаво, едвај чекам да заврши да станам, ме влече, ме тегне, ме стиска со непцата и едноставно не ми претставува задоволство. 3 месеци е. Ја дојам зошто тоа и е единствена храна и зошто...така треба Затоа мислам дека ова дете пократок стаж ќе има, и тоа е тоа. Инаку сум голем поборник на доењето,можам цел ден да убедувам некој зошто треба да се дои,ама моево второ искуство е такво какво што е.
Уффф мајка... А ти фаќа шише/цуцла? Мојава ич. Веќе почнав да ја учам од чаша. Не знае да шмукне да повлече, башка ги гризе цуцлите и нешто ако капне ок, ако не и давам 2 - 3 лажичиња вода. Ние цицањето преку ден супер го подредивме од кога давам оброк, али ноќе и ја сум цуцла лажалка. Цица околу 7 сабајле. Доручек во 9. Дремка. Цица во 12. Дремка. Ручек во 2и пол. Дремка. Цица во 5,5ипол,после дремка и околу 8 за спиење. Е ноќта е посебна приказна сама за себе, многу слична на твојата.
Да ми фаќаше шише, ќе ја одбивав, ова вака искрено кажувам. Ама не фаќа и вака уште ми е рано. Ги знам бенефитите. Ама полесно ми е ваљда кога ќе си кажам дека ми е тешко.
Те сфаќам, мојата уште неможам да ја научам на шише, јас повеќе од 2 часа неможам да искочам надвор од дома, купив и адаптирано за кога ќе ме нема ама џабе, не знае да пие. Ни цуцла не фаќа никако, цел ден виси на града, кога цица активно,кога си мези...ноќе со цицката у уста спие залепена до мене,и нормално веќе ми станува напорно се тоа
Лелее како бе слабеете со доењево,ја мислам по цел ден тоа правам и пак ни кило не сум ослабнала Дајте некој совет како се исушивте така од доење
Ова и кај мене е вака ама само цица мал е 2+ мес. Нон стоп цица, си бара му давам (7 и пол кила е), а ноќите ми се најтешки некогаш цица ама повеќе ја држи пупката наместо цуцла, а цуцла не прифати, исто и 2 шишиња пробав за чајче, но и тоа не ни е успешно многу, ептен ретко пија чај со сила мајкаиј ако успеј да му дај. И јас веќе прифатив дека нема спиење подочници до земја имам.
Не слабеат сите со доење, некаде читав дека телото кај некои жени ствара одбрамбен механизам и ги задржува мастите, исто и многу влијаат хормоните ако немаш добиено. Јас добив по 6 месеци кога почнав да воведувам храна и имаше 1 оброк и почнав да слабеам, па започнав и режим и сега имам симнато 7 кг, а претходно ни грам не мрдав ни горе ни доле. Додека пак другарка ми од доење се исуши, а јадеше ко дупната, така да на кој како му е среќата.
Јас пак се плашам што слабеам толку многу. Иако кај мене најголемо влијание мислам дека има недостатокот на сон. Како болна изгледам во лицето, со подочници до колена, и ослабната. Кој како ме види во град веднаш тоа коментираат, лелее колку си ослабната. Послаба сум од пред да останам бремена, ги симнав кг 2 недели после пораѓај.
Јас одма се лизнав. Дури послаба сум него ли шо бев пред трудноЌа. Можда метаболизамов ми е таков. Нишо не се лепит
Женски едната на едната града ми се направи тврд дел и не можам да го измолзам и ме боли. Таа града послабо ми ја фаќаше бебе. Паника ме фаќа да не добијам мастит. Сега планирам да ставам термофор и да пробам со пумпа. Совет?
Стaви термoфoр и сo туш жешкa вoдa вo млaс директ нa грaдa. Акo ти е пoлеснo сo рaкa oдмoлзи се. Стaви и зелкa листoви.
Се одмолзив едвај 20мл. Цврстото спласна но сега на тоа место напипувам топче неподвижно. Дефинитивно утре одам на гинеколок. Ексик више.
Леле оваа груткава деф не е од млеко. Еве и бебе цицаше а таа си стои. Ќе си умрам од страв до утре дур не појдам на гинеколог. Зошто се мене ме наоѓа.
Мене пред некоја недела на едната града ми се направи црвенило, почеток на мастит. Вчера на другата и со мало топче. Топол туш со масажа, ако те боли и не можеш да се масираш барај помош од мажот ти. Масирај од надвор накај брадавицата да се отпуши каналот. Ставај топли облоги пред подој, ладни после тоа. Листови зелка обавезно навечер. Мене ми се намали црвенилото за еден ден.