Мене свеки мнoooooooгу ми пoмaгa. Дури се нервирaм пoвеќе е кaј неa. Сaбaјле кaј 5 кoгa јaде јa земa кaј нив вo спaлнa зa јaс дa oдспијaм или преку ден. Мнoгу јa смирувa кoгa плaче...
Мајки здраво, да си ја кажам и јас мојата макаскоро 2 недели сме стари,на почетокот во болница немав доволно млеко и бебе вриштеше и дадов дохрана за да си се врати и со килажа. Во меѓувреме цело време и града нудев, сега мака мачиме со доењето не сака мн да се мачи а млеко имам Преку ден се одмолзувам а навечер давам од дохраната. Сакам да сме на доење само, имате ли некој совет како да не вришти на града и да фати? Упорна сум ама не оди..
Што направи со каналчето? Можеби каснам со одговоров но сега те прочитав. Еве мое искуство, сум пишувала:
Не е блистер. Туку како топче поткожно на града. Ништо си стои. Пробав со масажи под туш и со молзење и не помага. Се консултирав со 2 ца гинеколози велат не е страшно но сепак си закажав ехо на дојка.
Помош голема, огромна. Јас и административни работи трчкам па два саати ја оставам дома. Со нишкање ја призаспива, стара школа. Утре идам да се средам на фризер како орангунтан сум во главата. Дојде време и за мене
Уф уф. Мерaци... Нa здрaвје фризурче. И јaс сум никсквa пo кoсите.. Oд секoгaш сум имaлa крaтки тушеви,сегa мa се пaрaм зa пoдoлгo време дс сум внaтре
Мене на петти ден ми дојде млеко. Прво беше на града колку ќе потегне толку, па потоа дохрана. Пробај така не и нуди со шише. Пробај колку сака да цица гладно толку. Ако потоа плаче дај му дохрана али прво нуди града кога ќе сака.
Има ли некоја искуство со снемување млеко кога бебе е 6/7 месеци? Што во таков случај кога неќе АД/шише/цуцла? Како успеавте? Секој совет е добредојден.
Така и правам, ама инает голем е баш кога е гладен ич не сака да фати , мн ми е криво зашто стварно мн сакав да го дојам.. има ли некој искуство бебчето покасно да фати града?
Јјас едно време така бев и ми успеваше така што прво ќе дадев од одмолзеното млеко за да не е толку гладно и да не вришти , ќе испие 30 мл отприлика ќе се смири и даваш града . Ало пак вришти пак го дабваш шишето и за кратко пак града. Исто така можеш да стиснеш малку од градата да излезе млекце за да знае дека има млеко таму и полесно да и протече.
Мене на 4 ми потснема. Се нервирав со жената што ми помагаше. Ја откачив и во консижултација со консултант за доење , на два саати молзев дење и ноќе и ми се врати млекото.
Така те разбрав, дека имаш грутка. А најчесто грутките се поради некој запушен канал-блистер. Но ако е мало топче може и да е циста, тие гинеколозите не ти предложија да ти направат ехо?
Не. Само ми го напипаа и нишш страшно ми рекоа. Тој во Плодност ми рече ако ти е толку страв закажи си ехо на радиолог ама бидејќи сум доилка дека тој бил сигурен дека не е нишш.
Чудно ми е што тој не те прегледал, туку треба да се "шеташ". И јас скоро имав едно проблемче и баш бев кај матичниот гинеколог, ми направи и мануелен и ехо преглед.
Од паталец искуство. Не верувам некој да го имал тука. Не сум прочитала. Исто ми се појави и мене. Нит црвенило, нит болка, а грутка. Прво го игнорирав и после закажав ехо. Нема штета од ехо. Ама! Биди спремна дека и на ехо не секогаш убаво се гледа што е формацијата. Мене 300та дијагнози ми дадоа. На крај биопсија правев. Ама тој период што солзи пролеав. Кога го пипаш топчето мрда или е статично. Да не те паничам, ете кај мене излезе ништо не е, ама сите велеа ако боли и има црвенило не е страшно. Кога се фаќаш под мишка, има болка? Јас консултирав 4ца радиолози. Па види колку точно се гледа на ехо. Како утврди дека немаш млеко?
Спремна сум на се. Прво си се изнаплакав после си реков имам бебе што правам, мора да сум присебна. Мрда и е мазно. Топчето не е во близина на пазува, т. Е на внатрешната страна на градата и е сосема на крај па лесно се напипува. Ако го фаќам повеќе пати почнува да ме боли, инаку не. Знам дека само биопсија е релевантен метод за дијагностика, но бидејќи дојам само тоа ми останува. Инаку и на др стр на истото мето имам такво топче само помало. Јас не го забележав но докторот баш ми рече еве гледаш и ваму имаш согурно е млечна жлезда. Тоа е што е. Нема бегање.
Тоа е тој став Мила, значи тоа е што е. Се ќе се среди и мене ми личи на млечна жлезда. Ќе направиш ехо и ќе се смириш.