Јас имав период од 5 дена кога не го доев синко и молзев на 3-4саати од двете гради. Успешно одржав лактација и после то немав проблем со доење. Ама пак ќе напоменам кај мене тоа беше само 5 дена. Се надевам ќе успееш и ти. Ако и почесто осеќаш мака измолзувај и на пократко време.
Во истиот период кога доиш и ќе се одмолзуваш, на секои 3-4часа, наизменично на двете гради.... Ние уште фаќаме ред некако.... Малку ме фрустрира, имам помали брадавици и помали гради.... Тешко оди фаќањето, а млеко имам задоволително.... се надевам дека ќе биде во ред...
Пробај со силиконски брадавици. И на мојава тешко и беше фаќањето. Имам мали гради и брадавки и еве успешно дојам 4 м со силиконски.
Денес има некоја промена кај малава при доење. Додека цица почнува да се нервира, вриска, прета со раце и со нозе и не заспива на града како и досега. Можеби оти не беше спана денес. Има некој вакво поминато? 6та недела е.
Тешко е за гледање. Можам да и помогнам некако или само чекам да помине? Прво што ми падна на памет е дека со млекото имам проблем, али утринава во ред си беше.
Ќе помини за некој ден. На првиот скок јас ја однесов на болница и кога и кажав дека одбива да цица на др ми рече сигурно ја боли уво и ни даде капки. За некој ден се среди и си помислив од капките. Но подоцна сватив дека тоа е скок. Ќе се навикниш. Ги има скоро секој месец.
Кај нас е исто вака, ние сме 10 недели. Исто кога цица прета и со раце и со нозе,вознемирено некако, по 10 пати ја фаќа и пушта градата и јас одма мислам нема млеко ама кога малку ќе се смири има убави голтки. Ќе помине, ќе чекаме
Проблем имам додека да зафати поголем дел од градата со се ареолата... Кога докторката ме намести супер беше, ама сега не е таа тука.....
Колкаво беше бебчето? Ако сте сè уште само на доење потребно е на секои 3 часа да се измолзуваш. Ако е поголемо ќе се измолзуваш во времето кога обично цица бебуш. За ноќите исто, ако се буди ноќе за цицање ќе треба да се измолзуваш, ако не, не. Друго што сакам да напоменам е да истражиш убаво за терапијата, дали навистина не смееш да доиш додека ја примаш, зашто има многу погрешни информации за тоа кои лекови одат со доење, а кои не. Пример некои доктори и при пеницилнска терапија советуваат престанок на доењето, што е апсолутно непотребно. Има интернет бази со податоци за тоа кои лекови одат со доење, може таму да пребараш за твојата терапија, па после да побараш мислење и од друг доктор.
Zdravo majki, Dali znae nekoja dali mozam da pijam uvin caj i caj od kantarion dodeka dojam? Bebeto mi e 2 meseci, i samo na doenje e. Dali toa ima vlijanie kaj bebeto i mlekoto? imam kamcinja na bubrezite i imam bolki zatoa prasuvam ne mi po aga brusnica pijam so denovi ama ne pominuva bolkata.
Колку подои имате преку ден и по колку време ви трае еден подој, конкретно за 2 неделно бебенце прашувам? И како доите, нудите само една града или од двете на истиот подој?
Правилно треба 15 минути на една, 15 минути на друга града на секои 3 до 3 часа. Но во пракса кај нас никогаш не беше така. Кога беше ептен мала се успиваше па со сати ми висеше на града, сега некогаш за 5 минути се најадува на едната града. Некогаш пак со часови си дреми. Детето ќе си диктира како сака.
Први две недели беше школски по книга 15 мин од една па од друга. Сега само од едната околу 10 мин и доволно и е.
Јас вчера малку прогуглав и наидов на инфо.дека всушност не било тоа правилно доење затоа што бебето така ја гаси жедта и цица помалку квалитетно млеко, она баш мрсното убавото било на крај од цицањето, затоа требало да се нуди само една града, па на др.подој друга града..затоа сакав да слушнам и ваше мислење..
И јас така прочитав и почнав така да ја дојам, па мн малку ми напредуваше и матичната ме испокара и ми кажа 15 мин на една па на друга. А и од болница кога не испуштаа така ни кажаа.
@bella.s и @FreeMind на мене пред да ме пуштат од клиника сестрата што ги ренеше бебињата ми кажа дека подојот на мало бебе до 2 недели требало да трае саат од двете гради со паузи, со заспивање на бебето, со играње на града (мене така ми правеше сама бебка првите два дена) а кога дојде патронажната ми кажа дека бебе треба да цица од една града да ја исцица тоа го прави за некои 10-15 минути а после кога ќе престане да ја ставам да цицне и од другата додека не се дојаде, после тоа да ја измолзам и следниот подој да почне од таа града што не е доцицана. Ние кога цицавме ми цицаше од едната града повеќе 10 -15 минути а од другата помалку 5 минути (таму имав помалку млеко) и секако ја менував на двете гради, битно ми беше бебка да ми е најадена