^Нема врска тоа. Слободно мила давај му кога му се јаде. Можеби не му е многу силно млекото и затоа си го троши и си го вари побрзо .
Мајки, кажете ми како одржувате хигиена на брадавиците пред и после доење? На моево како да му излегле афтички на горното непце, но ја чекам патронажната утре да ми каже за посигурно, па морам да припазам највеќе што можам на бактерии. Јас ги мијам после секое доење, премачкувам ланолин и ставам влошка за гради. Пред доење ги поминувам брадавиците со памукче натопено во вода со сода бикарбона. Влошките ги менувам по 3-4 пати дневно. Незнам дали сево ова е доволно...?
премачкување со сода бикарбона растворена во вода пред и после подој и обавезно оставање на воздух непокриени градите по 15 минути јас не ставам ланолин и сега за сега се си е ок, нормално туширање секојдневно
Мамички ми треба мислење и совет од вас. Бебето ми е 2 месеци и досега го дојам, добро напредува, првиот месец 1кг а овој месец за 15 дена 850г (сеуште не сме биле на преглед овој месец па не знам колку има качено за цел месец ама над килограм ке е секако). Постојано ми бараше да биде на града, се доевме многу често (дури мислев и пречесто), полневме пелени и бидејќи не фати цуцла градата беше единственото место каде се скортуваше и заспиваше. Е сега... овие неколку дена (скоро цела недела) наеднаш имаме проблем со доењето... ја фаќа градата, цица неколку секунди, ја пушта брадавицата и пак бара да цица...и повтроно истот фаќа па пушта и се така во круг. Во еден подој дваесетина пати ја фаќа и пушта градата, па започнаа повторно да ме болат градите од неправилно цицање. Не ми е јасно зошто не цица нормално како што си цицаше туку прави фати-пушти односно цица нервозно. Сега забележувам и дека поретко бара да цица а кога сама ја ставам на града почнува да плаче и се трга од градата што не беше случај до пред некој ден (секогаш сакаше да цица). За оваа цела недела промени има многу, поретко цицаме, пократки подои, нервозно цица и пелените послабо ги полниме. Дали некој друг имал таков проблем и како го надминал?
море ни градник ни ништо не носам...на овие горештини сама не се трпам па уште тоа чудо да ме стега...нека висат до папок ако сакаат....и онака цврстината што ја имаа претходно нема да се врати
Да не те разочарувам ама СЕКАКО ќе ти виснат градите, а после неколку години малку ќе се оправат ама ако родиш и второ дете пак истото . Внимавај да не носиш тесни прслуци, може да влијае на млекото, на крај има начин како да изгледаат убаво сега најважни е бебето и доењето.
Јас носам бебидолче слично на ова и внатре ставам само влошки за гради. Прслучињата што ги имам не ми се точни ниту ако ги закачам на последните копчиња. Ако ставам прслуче мислам ќе пукнам, ме стигаат и не можам да ги поднесам, а со ова сум раат.
Навистина било тешко да го одбиеш детето од цицање. Моето синче има 22 месеци и еве веќе 3 дена не цица. Последниве месеци цицаше само пред преспивање и спиење, и навечер ако се разбуди... значи2-3 пати. Сега не му давам ич и тешко е. Плаче, се нервира, пробувам да му објаснам дека веќе е голем, дека ќе пие млекце од чашка, а не од мама, ама џабе сега-засега. Плус и мене ми е тешко, голем е, а чувствувам некоја вина што му го прекратив доењето, не знам како да објаснам и јас сум тажна, ама подобро сега. Засега немам проблеми со градите, а не пијам ништо, се трудам само помалку течности да пијам. Се надевам дека ќе поминам без апчиња, бидејќи не сум во Мк, а тука е потешко не даваат баш многу лекови... Сакам да прашам после колку време и се нормализираа градите, немам грутки може некоја капка ќе капне ако ги масирам... Внимавам овие денови, ама не знам кога да бидам сигурна дека нема опасност од мастит или нешто слично...
здраво, сакам да прасам сто пијете сто помага да имате повекје млеко јас пијам млеко и овосни сокови ама н. збам дали е доволно колицината засто овие денови како да се смаленј градите и не се тврди се пласам да не ми престане млекото засто многу добро напредува бебето со моето млеко. поздрав
Млекото не ствара млеко, урамнотежена исхрана, течности спрема потребите на организмот ( никако повеќе), а меките гради не значат помалју млеко ако бебето напредува. Кај мене на пр.цели време се меќи а бебче супер напредува.
количината на млеко не зависи толку од количината на храната што ја внесуваш туку од тоа колку често и квалитетно цица бебето.нормално е градите да не се тврди и тешки по воспоставена лактација.ако поминале 3-4 недели од почетокот на доенјето тоа е тоа.нормално јади и пиј течности и многу одмарај (кога можеш).мене од замор ми се намалуваше количината на млеко.евентуално можеш некој од чаевите за доилки да пиеш ако ти е страв....а и пивце по една чаша и да видиш млеко што е ем расположена мама ем бебуш сит
и јас го применувам ова со пивото и приметив дека од тоа најмногу ми надоаѓа млекото па затоа секоја вечер со мм си се дружиме со по една чаша пиво
Докторката од соба за доење вика дека храната нема врска со гасовите/грчевите, ама да пробаш, па ако приметиш дека има тешкотии да не јадеш.