Мамички јас со мојата незнам што да правам лакома е за цицање ама брзо заспива на града и се заскрнува од млекото, некако слабо ми пие или пак брзо се задоволува зошто има млеко уфф незнам некое решение за заспивањето на града и засркнувањето да не има некој?
@Eni.r се трудам и јас на секое заспивање ја будам за пак да почне да цица и ќе повлече 3-4 мин и пак заспива. Кога ќе стане од сон, кога е многу гладна цица без престан 15 мин и потоа почнува да подзаспива на града. @***Bony*** еве и јас немам решение за заспивањето на града, нашите се исти по возраст. Кај мене за среќа не се засркнува. @FreeMind првата недела дома бев во транс, кога она спиеше и јас се комирав, плус раната ме болеше многу и тоа ме измори ептен. Сега е веќе подобро
Еве и ние од денес активно си цицаме но истиот проблем, после 15 минути на едната града заспива и незнам колку испила,претходно му давав измолзено и знаев количински колку има испиено А дали еден подој ви е од истата града или менувате и колку често ги доите?
Во болница беше од двете гради по десет минути, дома само едната. Често? Додека не ти се фати грб до тогаш.
На почеток сите ми велеа да ја ставам на двете по 15мин за да добијам млеко и во двете гради и тогаш малата заспиаше на првата па на втората цицаше само 5мин. Потоа патронажната сестра кажа да ја оставам на една само за едно доење за да може целата да ја испразни за да ги земе сите хранливи материи кои најпоследно се истиснувале од градата. Денес педијатарот кога го прашав дали е доволно кажа 86% од млекото е вода а останато се хранливите материи па за да биде детето најадено пптребно било да поминат 2ч од доењето за млекото да се обнови и бебето да пие квалитетно. Јас ја ставам на секое доење на различна страна, се надевам успева да се нахрани а се надевам и дека ке плаче ако не е најадена па ке знам некако
Првите месеци го доев на 2 часа, потоа на 3 часа. Од една града го доев, следниот подој од другата града
Мами денес со синко ќе одиме на роденден, а малата ќе ја оставам на мајка ми да ја чува и сакам да и оставам измолзено млеко. Колку време може да стои на собна температура? Ич незнам како ќе фати од шише до сега и немам давано
И ние сме на доење и тоа баш интензивно,ама јас веќе не мерам колку време цицало на една колку на др. Исто е и кај нас, по 15 мин некогаш и помалку најчесто заспива ама верувам сите мајки што дојат не знаат колку испиле бебушите,сигурно онолку колку што биле гладни. За менување страна исто, некогаш на еден подој од двете убаво ќе фати, некогаш од една убаво од др малку, зависи од него. Колку често? Преку ден секогаш кога ќе побара а и кога не бара ако е кенкав или не се смирува со ништо тогаш на града е сигурно смирен. Не се оптеретувај, се додека си спие и е весело значи му е се таман.
Жени, мн ме болеше заб и се напив сируп цефалексин детски. Има нешто влијание на млекото? Морав не се издржуваше и башка мн ми е убав сирупот хаха
@FreeMind како бе се стопи со доењето, дај совет? од болница излегов со 70кг и толку си ги носам и сега. На почетокот си викав и јас кога ќе ја дојам ќе симнам некое килце а другото понатаму со диета. Еве сега се доиме ама јас ни грам не сум ослабена Се тешам рано дека е, активно се доиме неполн месец ако имаш некоја тајна сподели со другачката
Мислам дека имам запушен канал. Имам болка само во една линија од самиот почеток на градата па се до ареолата. Кога ќе притиснам страшно боли, а нема ништо тврдо. Поминувам со топол туш и правам масажи, ставам топли облоги, одмолзувам, бебе редовно цица, ама еве трети ден боли. Што друго би можела да пробам?
Цел живот ми студеше во август месец спиев со фротирни пижами. Од кога се породив чорапи немам облечено. Дојам и се потам цела. Цела у буквална смисла на зборот. И не само кога дојам кога испаѓаме надвор пред врата сум водена, умирам од жештина. Сигурно некоја хормонска треска ме има закачено. Додека дојам пијам вода зошто имам чувство дека ќе дехидрирам. Плус храната ми беше без зеленчук и дел од овошје два месеци поради грчеви и на крајот се сведов на леб и кашкавал, литро сок од јаболко, јогурт и преку 4 л вода на ден. Со две турски да разбијам монотонија и чаеви за лактација. Изгубив апетит нормално. Ради млекото внесувам и шеќери некоја коцка чоколадо или чоколаден пудинг. Од кога замина мајка ми и ретко седнувам на газ, целиот ден со обврски. Малава се буди на два саати да цица. И јадам два пати на ден што ќе фатам прво тоа. Само последниве десет дена сум -2 кг. Сестра ми за разлика од мене во бременост стави само седум плус, а при доење плус 20
Исто и јас како тебе.. Не се поматам многу, ама пред да се породам јас ни во теретана не се потев. И јас немам време да јадам плус до 4 м скоро нишш не јадев, а легуменози сеуште поради грчеви. Сите мислата диета држам.