Па оти давате со шише измолзено или ад млеко на почеток? Давајте со шприц, помали се шансите така да одбиваат града.
Во болница почнаа да и дават од шише. Со царски се породив, млеко добив на петиот ден кога излегував од болница.
Јас користам силиконски на чико и малата си цица без проблем, исто и шише фаќа кога и давам измолзено, најверојатно исто и иде. Ги купив околу 550 денари.
Систина. Не ми смета, сега бебе знае и да цица и од шише да пие, па немам проблеми кога треба да ја оставам.
Мислам дека на градата ми се направи контактен дерматит, ма да не сум многу упатена, никогаш не сум имала ваков проблем. Од вчера цела града ( освен брадавицата ) ми е со ситен црвен осип, најмногу под градата во долниот дел, а вечерва страшно почна да ме чеша, до полудување. Дерматолог ме виде само на слика и ми даде крема Декотал, пред да цица беба се мијам убаво, веќе 24 саати како мачкам и ништо. Доколку е тоа, има ли шанси да му пренесам нешто? А доколку не е, што би можело да е, има ли некој искуство? Ништо немам сменето во секојдневието, како сапун или прашок, не знам од што би можело да е предизвикано. А само што мислев дека ми завршија хорорите со мастити, па растечени гради и сл. и ќе си дојам на раат
Да се пофалам. Од саботата малата почна да цица и немам дадено преку шише, ама САКА да цица, ужива она, уживам и јас. Изгледа скок ќе беше ама воопшто не сакаше 3 дена града да фати. Па и цицаме на 2часа а не на половина час да сме гладни. Сега е у фазон со раце во уста, цуцлатљ ја плука за рацете да ги стави. Пуфка, ме топи!
Мамичкиии, Бебето за една недела ќе е 4 месеци. До сега бевме само на доење. Од пред некој ден почна да не му стига моето млеко. Плачеше, вриштеше, го ставам на града...влече неколку пати и почнува да плаче. Морав да му дадам ад на Хумана, 150мл.и одма се смири. Заспа , три часа убаво се наспа. Исто и денес. Навечер убаво се нацицува пред спиење и си спие до 06ч. Многу се плашам да не го изгубам млекото вака со ад. Еве трети ден, по еднаш на ден, морам да му дадам ад 150мл. А пијам триста чуда...од Хумана чај за доилки, Лактамикс, сок од јаболко, течности, вода...
И мене ми се случи истото ама баш исто. Др одма земи ад 2 пати по 70 мл на ден. И почнав да давам од пуста грижа и после излезе дека е скок па сеа сме 8 месеци и нема потреба фала на Бога од ад мада кога сум 6 саата на работа дава свекрвата по едно шише и кашичка. Давај често нека цица и ќе се ствара повеќе млеко и не се нервирај тоа е мн битно. Поздрав
Не се плаши за млекото и јљ мислев немам ама ете тоа е. На мајка најважно и е детето да е здраво и најадено па затоа се правиме. Само упорност нуди често јас никој пат до сеа чај за доилки не сум пиела. Најважно е мн вода да пиеш јас и супи јадев навечер и мн повеќе млеко имам од тоа и јади повеќе месо, јајца. Искрено доењето ми е најубавата работа што сум ја правела во мојот живот. Гушки до вас
Женски, каков сируп смеам да пијам за искашлување, додека дојам? Секое утро кашлам, имам шлајм што немам појма од каде и зошто ми се ствара, еве веќе месец дена. Ни ми тече носот, ни сум била настината. А насабајле градите ми свират ко од бронхит, ме гуши дури и мачно ми е да дишам.
Вечер има супер предавање за доење во Систина многу е практично и корисно https://www.facebook.com/events/413051982609139/
Мајки малата не цица веќе некој ден, а немам многу млеко. Како да го секнам скроз да не ми се згрутчи?
Немој тогаш ништо да измолзуваш, ќе си направиш само беља. Значи нема поубаво од вакво прекинување постепено.
Мамичли најпрво среќен празник Христос воскресе да ве прати само убавина. Кажувајте што можам да пијам за грчеви во желудникот боле до толку да не можам да се издишам. Бебе цица и е 8 месеци