Здраво мамички долго разгледував и мислам дека моето прашање е за оваа тема ако не нека го префрлат во соодветната.Бремена сум со второ бебе 34 недела и сакав да прашам дали некоја користела чај за доилки од хип или хумана бидејќи со првото дете имав проблем и не го доев бидејќи немав доволно млеко а и вовлечени брадавици и бебето се навикна на шише уште во болница и дома маки мачев за да фати да цица а сакав премногу да ја дојам.и сега го посакувам истото па прашањето ми е дали да почнам да го користам чајот во бременост или од кога ќе се породам?
Ако бираш кој чај е најдобар земи си Лактамикс на Алкалоид, овие инстант чаеви на Хип и на Хумана содржат премногу шеќери и само ќе се здебелиш непотребно. Ќе почнеш да пиеш откако ќе ве пуштат дома, мада верувај и обична вода има ист ефект, јас со првото не знам колку кутии чај испив, сега со второто ниту еден филџан не сум се напила а млеко имам на претек и бебе супер напредува. За вовлечените брадавици купи си силиконски брадавици бидејќи на почеток ќе нема толку сила бебето за да ги извлече твоите. Во болница напомени им дека сакаш да си е бебето цело време со тебе за да цица и да не му даваат АД. Првите денови се многу битни за доењето, обично ако тука се направи грешка, да не се става бебето на града и истото да се научи од шише во најголем број од случаите доењето завршува неуспешно. Еве ќе ви кажам од искуство која разлика е: Со првото кога се породив во Чаир бевме 4 жени во соба и таму бидејќи ги дохрануваат сите имавме мака со доењето, не сакаа да фатат бебињата, потоа дома со маститис и сл. Со второво се породив во Кочани, овде во болница немаат АД, значи бебињата се оставени само на цицање. Во собата се сменивме 5 жени, која со 1во, која со 2ро, бебиња родени од 2300г до 3500г. Сите бебиња научија да цицаат уште во болница и на сите жени им надојде млекото уште додека бевме таму. Ама бебињата беа со нас цело време, сестрите доаѓаа нон-стоп и проверуваа дали цицаат и помагаа таму каде што беше потребно. Само стимулација, ништо нема толку ефект за количината на млеко колку што има стимулацијата. Ако го ставаш бебето редовно на града без притоа да го дохрануваш никогаш нема да снемаш млеко верувај ми.
Ти благодарам мила морам да сум упорна и да успеам ќе пробам се што е потребно од исхрана до чаеви а и силиконски брадавици зедов спремна сум
На почеток сите се така. И јас истото го прашував тука. Кога се мали, брзо се уморуваат, заспиваат на града и треба да ги потсетиш. Ако го оставеш знае за пола час пак да побара да цица затоа што не се дојадило. Јас давав измолзено после цицање и тоа го допиваше без проблем затоа што му беше лесно. Но тоа трае првиот месец. Потоа ќе накачи на килажа и ќе се најадива за 20-30 мин. Период е мора да се издржи. Штипкај го за коса, стапалце и за брадутка да се буди и да продолжи.
Мислам дека сите правите грешка со давање ад за дс видите дали и колку уште млеко ќе испие. Штом имате млеко, зошто да давате ад. Ќе цица бебето колку му се цица, ако заспие ќе пробаш да го потсетиш неколку пати, ако не продолжува да цица, остави го да спие, кога ќе се разбуди ќе бара пак да цица. Ем нема да е гладен, ем ќе ти стимулира за да имаш повеќе млеко. Нормално е на почеток да е постојано на града, мојот таков беше првите два месеци. Можеби е малку напорно додека да се навикнете, потоа ќе фатите некој ред. Кај мало бебе не може да очекувате да има ред на цицање.
Јас мила го пиев на хип и медела чајот, плус сокови од аптека за лактација. Првиот месец не се чувствував дека имам доволно млеко. Од почеток на петтиот ден имав млеко. Чај знам сеуште да се напијам ( има зелен измет од него), ако сум во аптека земам и сок ( оти ми е убав). Милка гомна да јаде, боље течам од неа )
Мене во болница ми даваа 1 шоља на ден од хипп чајот,вториот ден после порајѓај. Нема потреба пред да го пиеш бидејќи после порајѓај жлездите започнувале да лачат млеко т.е штом сме го чуеле плачот на бебето. Предходно си е колострумот па започнува лактацијата. Исто и јас царски бев и сама си инсистирав за доење затоа и чај ми даваа и упорност Со дремење тргало или не.
После пораѓај мила. Некаде после една недела од кога си дојдов дома. Не знам дали штети на плод. Прашај во аптека ако не штети да не ти е мисла пиј си. И онака деветти месец се што ќе замислиш правиш, оти да не биде тоа чај за доење
Фала ви лепотици мои ќе земам одма после пороѓај да не правам сега проблеми во бременост иако мислам дека не би штетело зошто нели ќе го пијам за време од доење ама посигурно е да го пијам од кога ќе се породам.ве гушкам и бакнувам вас две и вашите малечки
Мајки, сезона е веќе на јагоди и цреши...дали јадете? Пред некој ден каснав две три јагоди, ми беше страв за повеќе.
Јас јадев јагоди веќе, и тоа цела недела ми беа на мени во овошна салата. Денес прв пат купив и цреши.
Јас знам дека ако останиш бремена додека доиш треба да го одбиеш детето, за да не наштетиш на плодот. Сепак др најдобро ќе ти каже
Јас доев до 5ти месец во бременост. Да беше син ми помал ќе продолжев до крај, а потоа ќе ги доев во тандем. Сепак тој имаше 22 месеци и решив дека доволно му е. Инаку и мене матичната ме советуваше од старт да прекинам, но не ја послушав. Читав доста за тоа, ако мајката нема никакви проблеми и потешкотии во бременоста тогаш доењето не може да наштети. А колострум доаѓало по раѓањето.
Dali na nekoja i izleguva belo kakp voda prozirno mlekoto 4 ipol meseci sme od ednata dojka mi izleguva kako voda prozirno pa posle mleko belo.?