Секогаш прво бело проѕирно излегува, после снежно бело, на крај и потемно бело. На почеток е млекото за гаснење жед, а потоа станува погусто во текот на цицањето. Прво излегува поводестото млеко, после погустото и похранливо млеко. Затоа се дава еден подој една града.
Малото ми е една недела и веќе два дена постојано бара да цица. Цица 5 мин и заспива, пробувам да го разбудам за да продолжи ама ќе голтне уште малку и пак заспива. После за 20мин се буди и плаче и бара пак. И се така во круг може во рок од 3 саати петпати цица. А во текот на ноќта одвај ја будам за да цица. Ако не ја разбудам мислам дека до сабајле ќе си спие. Не знам дали е нормално вака. Ме измачува и мене и себе. Мислев да не немам доволно млеко ама во саботата бевме на педијатар и за 3 дена напреднала 300 грама, ми рече педијатарот дека е одлично, така да не знам во што е проблемот, а ако не и дадам да цица вришти и не можам никако да ја смирам. Искуства?
Да си даваш да цица кога сака и колку сака. Со првото сакав ред да воспоставам, ми се удри од глава, па давав кога сака колку сака, после со второто ич не мислев ред да правам, си давав кога ќе побараше, макар и на пет минути. На почетокот е така, си сакаат близина, гушкање, не е само од глад. Може и грчеви веќе има.
А како да познаам дали има грчеви. Ја гледам кака доста и прднува и пред да прдне така малку ги собира ножињата ама не знам грчеви ли се тоа. И што да и дадам против грчеви?
Па обично плачат, се виткаат, ги собираат нозете. Не значи дека ќе има грчеви, чекај и ќе видиш. Педијатар нека ти препорача што да дадеш. На првото мое само топла пелена на меше му помагаше, и чај од ким. Второто немаше грчеви.
Ми кажа едни капки. Ама да не ги давам ако нема потреба, сакам да пробам природно. Чајот од ким јас да го пијам или да и го давам нејзе? А пелената како ја утоплуваше? И уште нешто, водичка од кога почнавте да давате, како (со шише или шприц) и по колку грама?
На парно ја топлев пелената, не треба да биде жешка. Чај на големиот му давав, во филџан превриена вода неколку искршени зрна ким, по неколку лажички, вода давав ретко, со шприц, колку сакаше, а тоа беше барем колку да ја навлажни устата. Ако нема грчеви, нема потреба ништо да даваш, нека си цица само. Инаку, има еден убав чај за бебиња во ДМ, од анасон, во филтер ќесички, преубав ми е, и јас го пијам ако имам стомачни грчеви, малово ептен ми го сака.
Не сум сигурна, јас почнав да го давам покасно, после 6 месеци. Мислам дека може, само немој да ја оставаш ќесичката подолго да стои во водата, доволно е минутка, па таа количина може да ја распределиш на неколку пати во денот. Макар што, ако реално нема потреба, не давај чај штом цица. Ќе му го полни мешето и ќе му создава лажно чувство на ситост.
Многу сте мали за да пробаш било како да и направиш ред. Штом убаво си напредува и ноќе си спие значи млеко има доволно, ти треба трпение засега. Ќе се среди кога ќе почне да добива на сила, ќе цица подолго. Сега повеќе сакаат да бидат во близина на мама и да се галат. Не се плаши се е нормално додека е мирна, а и сите мајки ги имаме истите стравови на почеток така да ви треба време да се навикнете една на друга после се е полесно
Прво и најважно што сакам да ти кажам, никогаш немој да мислиш дека немаш млеко. Никогаш. Вагата ќе покажи. Ти пишале и др членки, давај му кога сака и колку сака. Ред после 2,3 месеци барај. Моево е 5 и уште цица кога сака и колку сака. Ноќе на 2 сати ми станува. Не да ме измачува хехе ама мајки сме ние, имаме сила за се...во почетокот само трпение треба
Јас ја имам. За парите е ок. Поарно од на рака да се молзиш. Не е екстра, ама ми се најде во некои критични моменти кога је сакаше града да фати. Ама ако ти е за секојдневна употреба не ја препорачувам
Дали ставате антиперспирант и каков додека доите? Ми е страв да ставам да не е штетен за бебчето, ама од друга страна по 2 пати во ден се туширам и пак се умирисувам а иде лето морам да почнам да ставам.
Јас користам од прв ден, уште од болница. Ништо посебно, нивеа користев и пред и сега. Нема шанса без него,уште се правам жива вода и кога седам а камоли кога сум во движење. Не сум забележила дека му смета на било кој начин
Ќе мирисаш неколку месеци, најинтензивно првите три, природа е тоа, нема бегање. Нема врска годишното време. Користи си нешто на природна база, без алуминиум, оти се лачи во млекото.
@lady.N dove имаат без алкохол и алуминиум. Дали јадете јагоди, негде видов дека преку млекото може да предизвика алергиска реакција?