@srekice честитки!!! А зошто ти го земале бебето и каде е? Да не има жолтица па го пднеле на сончање? Или утре ве пуштаат па го однеле на проверка? Инаку не се секирај, нема туку така да снема млеко.
Следен пат речи и да ти покаже како и на десна. Ако не ти покаже повтори на повисок и остар тон. И тоа ако не бива фрли ја од прозор како ѓубре бидејќи и онака не е за таму. Плачеш ради хормоните злато три дена е таа промена од бременест во пост бременост. И не се стискај плачи тоа е време за плачење што би рекол Игор Џамбазов. А млекце ќе имаш и штом од прв ден имаш ќе станеш Милка да не ми се секираш ич. За местење стави перница ако кма за доење ако не на обична стави го бебето цело со главчето и на десна страна. Заврти го накај тебе странично. Рачето под града треба да му оди и муцето право на града. Не се обидувај во рака од прв ден да го држиш не знам таму како учат овде е на перница за доење. Вака треба да му е ареолата: А на десно и вака можеш ако ти е полесно да го наместиш:
За млекото ич не се секирај, не снемува тоа туку така. А за доењето гледај во почилежечка положба и малку навелена на десно, бебето на перница обична стави го. Знам и мене ме болеше многу раната и проблем ми беше многу. Седната не доев три недели додека не заздрави.
Ма се изнаплакав,неможам да се наместам на креветиве никако.Сечена мислам по цел гз сум неможам ни да се накашлам у пм.А она нејќе во раце засега,џоња у креветче без проблем.ај здравје дома утре ќе не пуштат па у фотеља подруго ми е,а иначе не ги прашувам веќе.Ќе си пробам сама има да цица
Ти не праша од после како е мислеше породувањето е тешко, сега види што е потешко. Плачеш како од демир хисар искочена хормони те збудалуваат, а ти си сеуште при чиста свест На гз седење јок први две недели се странично ќе се вртиш, па и хемороиди ако те закачат два месеци на ќош Пушти видео имаш на јутјуб и пробувај. Чим сама си влече ич да немаш гајле
Барај да ти го носат редовно бебето за цицање, штом толку брзо ти надошло млеко можеш да добиеш мастит. Ако ти набрекнат многу градите оди под туш да ги измолзиш. Труди се да ги менуваш градите наизменично за подој. За раната така ќе е, ќе боли 10тина дена, после ќе помине. Измивај ја со топла вода на секое одење во вц, ќе заздрави побрзо.
Барај го бебето, нека ти го даваат да цица, не е дека нејќе во раце, уште не е свестено каде е. А дома првите денови додека да зарасне раната седи на гума за пливање. Полесно ќе ти е за седење, без директен притисок.
Со нас ги оставаат,многу бебиња се.Од 6 до сега 2 пати цицаше по пет и више минути.Се осеќа болка кога ке "загризе" ама мора да ја закачам зашто прекинува се успива.Престана и ждригна,ваљда тоа е тоа @FreeMind хормони и пачење зашто си мислам не сум и добра мајка
А за раната иначе се одмивам нон стоп .Ако ви се верува само течности пијам и млеко.Страв ми е да не фатам запек оти тешко мене.А затега у пм ,рекоа на визита да ми донесат маст ,ама на кого овде ќе речат .Ниедна не доаѓа. Заклучок: Најбољи персонал е на патолошка
Значи катастрофа персонал. Тие се оние кои треба да ти покажат како да се наместеш, прво дете ти е од каде да знаеш сама . Плачењето си е нормална работа после породување, тоа дека не си добра мајка сите го минеме. Ќе си одиш дома, ќе помине раната и ќе биде подобро. Обезбеди си помош дома да има кој да ја држи и да ти ја подава малата а и ти да можеш да одмориш.
@srekice кога ќе ти ја донесат перници стави перница ме научија да дојам како близначко доење ќе ти ставам слика значи само со горниот дел ќе се свртиш малце не со газот. Јас не знам поинаку да го наместам се со перница се шетам и тоа перница за спиење не од тие за доење. И прво ќе ја стиснеш градата и од тоа шти ќе излезе ќе ја намачкаш цела ареола. И со 4 прста ја држиш градата доле со палчо горе. Фајќаш со другата рака главчето на бебушка и ја прилепуваш држи пола минутка малце посилно. Бидејќи сте малечки и заспива штипкај ја за газе или скубнија за коса. Ќе си фати не се секирај
Па и ја бутам у уста ко хамбургерче да и давам и ќе фати.Цица ама најмногу 10 мин со потсетување и заспива после.
Исто се чувствувавме сите. Нормална си Убаво цица малото чешкај го кај обравчето доле во линијата накај увото за да продолжи да цица. На почеток спие и цица доволно му е толкаво му е желудничето.
Ехе како будала плачев дека заспива,го држи во уста а тоа толку му е силата. Ние 7 и пол недели сме уште заспива повејќе од 10 мин не цица а си напредува најнормално. Си влечат тие не се секирај. И да не ја будиш дома за цицање си знаат тие да станат кога се гладни.
Мами не знам кај да го сместам прашањето. За време доење без дојден циклус сеуште,може ли да се забремени? И за време доење каква контрацепција може да се користи?
Можеш да забремениш иако не ти е дојден циклусот. За контрацепција или кондоми или вадење на време. Ние го практикуваме второто. За пилули не сум сигурна, треба да прашаш гинеколог.
И ние второто.Веќе 2 дена ме боли стомак и гради кога цица,се молам да ми дојде,зошто секогаш постои место за сомнеж
Најверојатно ќе ти дојде, затоа и болките. Ако е сигурен мт дека не направил белја тогаш нема што да се секираш. Ние сме заедно 11 години и само на почеток од врска користевме кондоми, после продолживме со пазење и беше успешно. И двата пати кога забременив беше од прв обид. Едит: Леле се надевам нема да се подречам со кажаново, уште тоа ми фали.