Синчето мое цицаше до 14 месеци и никогаш не бил на града повеќе од 10 минути. Ако голта активно веројатно му е доволно.
Значи, мислев овој пат ќе одбегнам тт,ама не ме узмина. Можно ли е од градите да кревам на 4/6 саати? Пијам парацетамол, облоги зелка, ацодиборици, туширам со топла и молзам. 38.6. Да не е нешто друго,не чувствувам никаде дека има грутки, можно е без грутки да ми надошло мн млеко. Градите се големи. Кажете уште некој совет...
Исто и на мене ми се случи. После една недела од пораѓај, само што не пуштија дома, од никаде качив 38 тт, а не се чувствував воопшто омалаксано како за таа температура. Градите ми жежеа многу само, а немав ни грутки, ни некое црвенило. Ми кажаа дека е од млекото што надоаѓа. Пиј си парацетамол само.
Млеко имаш доволно ивче не мисли на дохрана. Јас исто како тебе првите две недели се прашував дали имам млеко бидејќи од града не се иставаше навечер. Еве ја 4+ уште си спие на града. Сега само унапредено и си воздивнува. Едноставно таква ти била среќата. Може ќе смени, а може и не.
Штом ги осеќаш набрекнати, топли и болни почетна фаза е на мастит кој мораш веднаш да го решиш. Јас се туширам со потопла вода и наведната молзам колку тече само. Потоа во шише ставам топла вода колку што може да поднесам и ги масирам со шише молзам од сите страни и ќе си видиш кај имаш најмногу тврдо. Обавезно после тоа ставам ладни облоги да се затворат келиите. Најубаво ладна зелка ама јас на два пати ставав патлиџан зашто немав зелка (неисечен само така го користев топчест и мазна форма) детето може многу да ти помогне, почесто да цица и колку и да се нервира јас го форсирам што повеќе да влече.
Малку ко да му е сменет ден и ноќ што е нормално за новороденче. Мене патронажната ме советуваше да го будам преку ден на 2 ч а ноќе да го оставам колку сака да спие. Скрати му го дневното па може ќе се измори и ќе врзува повеќе навечер а со тоа и ќе ти бара помалку да цица. Издржи, штом имаш млеко никако АД
Кај мене беше вирус после 2 недели од пораѓај вака 3 дена со висока тт. И јас прво реков градите, ама не. А како ти е другата општа состојба? Апетит имаш, болки осеќаш во телото? Малаксаност? Градите големи ги осеќаш како полни? Види дали ќе помогнат топол туш, облоги и молзење. Ако не помагаат, ако се уште имаш тт, а градите се нормални нема грутки нема набрекнатост и нема болки, најверојатно е вирус. А би требало да се провери и раната ако си сечена, јас бев и неа да ја видам.
Како да отпуштам каналче кое веројатно е затворено. Значи малава има седум месеци и почна ноќе да врзува повеќе сати сон ама за сметка н тоа едната града од која цицаше ноќе повеќе ме боли, ми.жежи. Вчера беше страшно, се молзев бев на лекар ме видоа, ставав облоги па исцица конечно. Но кога ќе се молзам не ми тече од сите незз како да се изразам, канали веројатно зашто инаку дур цицаше та од една од друга ми течеше млеко и така се олеснував. Денес не е толку страшно ама да не се исконплицира. Има совет некој? Топол туш облоги се правам
Тоа е, топол туш и облоги ама јас земам шише топла вода и го масирам местото со шише а потоа со рачна масажа. Имав и јас запушено каналче и така го разработив. Потоа ладно да се затворат да не надојде многу наеднаш пак.
@Ive13 и мојата среќа е таква 6+ месеци цела ноќ е на града, се помалку спие не е гладно, такво е бебето, дај боже да ти смени, ако не здравје, ќе си се помириш и ќе се навикниш, ева јас жива ненаспана сум 6 месеци ама бебе е здраво, досега ниту еднаш нема настинато.
Фала ти мила еве денес цел ден ќе го применувам твојов совет да го држам малку будно.и јас мислам дека му се измешани ден и ноќ сношти исто од еден до шест беше будно и бараше само да цица а прејадено беше.не сакам.ад да воведам ама страв ми беше да не ми е млеково нешто си викам пак дење убаво е се цица спие а ноќе млеково не се менува ама се надевам период е
Да се помирам викаш лепотица моја.како и да е само сакам да ја дојам несакам да воведам ад зошто имам млеко ама вака дека прави навечер страв ме фати затоа ви пишав ама ете не сум била сама имало и други со иста ситуација
Хелп, бебе влече како лудо од старт, мене во рок од еден час градите камен и грутки имам. Купив пумпа, како да ги разбијам. Почнувам температура да кревам.
Измолзувај ама не до крај, колку да ти олесни. Пошо ако измолзуваш до крај му праќаш сигнали на телото повеќе млеко да лачи.