Топол туш и масирај, молзи, па ладни облоги со зелка или ациди борици. 2 дена имав тт, помина, ќе помине. Пиј си парацетамол.
Ве молам за помош Мајкии вака прво имав проблем со едната града ептем ми отече бебе не можеше да фаќа да цица од неа само од едната и тоа пак не баш добро да се најаде со плачки дека е мало или не е доволно голема брадавицата незнам затоа што се кратки, е сега ми се средија се молзев со пумпа и исто бев и на лекар сестрите ми ја измолзија кога се молзев и го давав од шише и викам да не се научила така па затоа нејке од мене дирекно купив силиконска на чико и си фаќа си цица ем се израдував ем ми се плаче цицаќи се засркнува и се полни силиконската со многу млеко и ептен ме плаши што да правам ? Или ли некој некаков предлог за подобри силикони овие на чико што ги земав ептен широки и долги тамам убаво си фаќа ама проблем се полнат и два отвори имаат големи . Вчера пробував без силикон ми рече докторката така да пробувам дека може да се помодри и да ме уплаши виде и она дека ми се засркна и давав плаче се врти ќе ја фати ќе поцица и толку не се најадуваше доволно и спиеше подолго ама синоќа бебе без прекин плачеше гладно му дадов со силиконската пак и си цицаше ама пусти страв на секое цицање ми засркнува ве молам искусните нека ми кажат што да правам се извинувам за долг пост.
Не се плаши мајка, ако се засркне само сврти го на страна и потчукни го по грпчето. Јак млаз имаш и не може да постигне бебето да голтне, затоа пред да му дадеш да цица измолзи малку да омекне градата така ќе се намали и млазот. На Чико силиконските не знам какви се, ама ако мислиш дека не одговараат земи си на Медела, многу се добри.
Мислам дека @monik55 имаше пишувано, па да ја означам што понатаму се случи да пише. За една недела малата ќе праве 5месеци. Веќе една недела сака да јаде многу често. Ќе цица ама не многу време. Стискам има млеко. Ќе поцица од двете гради и пак не е дојадена. Се одмолзувам и и го давам тоа. Ми треба неколку саати да ми, надојде, пак млеко за она да влече(цица), во спротивно премеки гради и едвај ќе одмолзам 70-90мл. А претходно 3часа ако имаше поминато ма набабрени гради, тврди.А на неа и се јаде, ќе виде малку млеко и тече и пушта. Штом измолзам се, давам и ад. Вчера незнам колку изеде. Ја доев, одмолзував, ад, ма се... Моник, што правеше ти? Комбинираше ад со доење? Таман си се врати пак на града ми се намали количината или на неа побарувачката и е зголемена. Многу сакам да ја доам, мислам ќе се поболам. А од почетокот кога се роди до сега сум постаната и многу нервозна личност.
Мислам дека настинувам. Цела сум омалаксана и ме боли глава и сите коски. А ја дојам малата, месец ипол е. Смеам ли нешто од лекарства да се напијам. И ц витамин смеам ли да не и направи проблем со мешето? Има ли некој искуство со ова? Ме фаќа страв да не е грип оти така нагло малаксав
Здраво мајки, скоро породена си дојдов дома бебиња останаа малку во болница. Почнав да се измолзувам од денес но слабо ми оде вадам по многу малку. Колострумот го извадив и сега веќе си тече млеко. Сакам да замрзнувам и кога ќе си ги донесам дома да давам. Дали може ј колострумот да го замрзнам да го дадам или ? Совети плус за полесно одмолзување. 4 ден сум породена
Фала ама изгледа е почеток на мастит. Качив 38 тт и градата почна да ме боли кај брадавицата. Грутки не осеќам баш ама се напив парацетамол се одмолзив и ставам облози. Него да прашам за колку време ќе се повлече тт од кога ќе прекине да боли градата и ќе се намалат грутките???
Зависи од ситуацијата со градите. Ако не пиеш ништо може и неколку часа. Јас тогаш кога фатив и со парацетамол и со измолзени гради 2 ч па заспав.
Мајки, од кога бебињата почнуваат да цицаат на подолг временски интервал? Ние уште цицаме на 2 саати кога спие, а кога е буден на 1 или 1.5 саати.
Од 3 месеци до сега (7 месеци) на 2 саата денски и ни минута повеќе,а ноќе зависи на 4 или 3.Сега заби ја мачат па се буди почесто.Истиов распоред е од 3 месеци а давам и дохрана доручек и ручек. Како сака бебе така прави.
Мајки да ве прашам моето сонче не цица од левата страна само пд десната веке 11 месеци е денес видов и од левата имам млеко околу 30 мл но жолто дали да се измолзам скроз од таа страна па да пробам да му дадам после да цица дали ке биде пак жолто тоа што ке се излачи и дали е тоа проблем
Мајки бебе цица на 2-3 часа, кога како. Ама на секое ново цицање мене ми се прават грутки на градите, се стискам додека цицка и омекнуваат. На наредно доење пак исто. Каде грешам?? И што со брадавициве, многу болат?? Мачкам ланолин.
Незнам која е најдобра, јас ја имам на медела и сум многу задоволна, други не сум пробала. @cinderella5 пробај со силиконнски брадавици, мене на почетокот ми беа цели рани, многу болеше па со силиконските се спасив. Инаку за грутките мене знае да ми се направат од прслук, ако лежам на една страна исто, но со цицање поминуваат, се разбиваат. Ти си уште на почеток, не ти е воспоставена ни лактацијата сеуште, ќе се стабилизира со тек на време.