Еј супер се овие, може да почнеш со бизнис тука ги нема. Само што ова е супер додека си дома, а надвор мораш влошки ) еве јас овие си ги имам и супер се http://ekopeleni.mk/prodavnica/влошки-за-гради-од-бамбус/
Ednas prasuvav za sobiranje mleko sega pak... Dali mozam u tekot na denot nekolku pati vo isto sise da stavam. Primer: vo 11h se molzam i ostavam na sobna temperatura, pa vo 2 pak se molzam i pak vo istoto sise doturam?
Можеш, но да е млекото на собна темература до 26степени и да е 4 часа на собна најмногу. Доколку видиш дека е повеќе од 3 часа на собна стави го во фрижидер. Во фрижидер млекото стои свежо до 4 дена. Кога ќе се измолзиш во 11 на пр стави го во пластично шишенце за мокрача(тие се стерилни) потоа кога ќе се измолзиш во 2 ќе земеш друго шишенце и во тоа ќе ставиш.Нема да ги мешаш одма, ќе почекаш до моментот кога ќе планираш да го даваш.
Почекај, кај некои доаѓа и 3,4ти ден. А па кај никој првиот ден не се случило да дојде. Стимулација со бебето само.. Мене и двата пораѓаи 3,4тиден убаво ми надојде и тоа тон млеко. Честитки патем, нека е живо и здраво
Живо и здраво да е бебето. Стимулација бебе на цице нон стоп, мојава 24/7беше додека бев во болница. А после чај лактамикс многу ми помогна дома.
со првото па утрото се породив вечерта градите камен не знаев што да правам почна само да тече,сега исто чекав иста ден да дојде ама јок, еве дури после 2 дена гледам дека од едната града ми затекнува млеко, другата ми е како во грч и болна брадавица бебе ја искина тргајќи
Здраво, се породив пред 16 дена, до понедалникот имам премногу млеко, последниве два дена наеднаш ми допре, се молзам, повеќе од 40,50мл не можам да извадам. оваа количина на млеко не и стига на малата, да ми препорачате храна или било што од што надоаѓа млекото.
Здраво мајки, ве молам ако може еден совет од вас. Во моментов сум 6ти месец бремена со втора бременост. Со првата бременост имав проблеми со доење, кај моите гради брадавиците не е испакнати, ги немам, тоа и првично беше проблем за доeње, башка ми се погоди зверче кое воопшто не сакаше ни да проба да цица, не знам полесно и одеше со шприц, а после веќе и со шише. Купив 3 вида на вештачки брадавици со сите пробав, ама неуспешно беше,врескање и не сакаше ни да помисли да ја ставам на града. Да на крај веќе кренав раце се измолував и така и давав од шише да пие. После веќе снемав млеко (најверојатно од неправилно измолзување- не знам) и се префрливме на адаптирано. Бидејки се измолзував со пумпица, едно време брадавиците ми излегоа, меѓутоа после тоа, се повлекоа повторно назад. Сега со вторава бременост многууу сакам да успејам да дојам, прашањето до вас ми е,дали знаете некој начин на кој би можела уште сега да стимулирам да излезат повторно брадавиците, медицински или бабински сеедно би пробала се. Ама сакам да успејам барем малку да ги извлечам пред да дојде моментот за доење. И да се надевам дека второво повеќе ќе соработува и дека ќе воспоставиме контакт полесен. Се надевам бев јасна
За успешно доење е најважен првиот месец и правилните совети. Јас би ти препорачала да се јавиш во Астарта да разговараш со Даница која е советничка за доење и многу може да ти помогне уште пд сега. Инаку за стимулирање и испакнување на брадавиците може да се прави масажи под туш топла вода, потоа да се стави АД капки за да зацврстат и најважно од се е бебе на града 24\7 посебно првата недела.
Пумпата не ти е мерило колку млеко имаш. Јас до ден денес скоро година време од доење не можам ни 49мл да извадам а бебе цица и вади многу. Така да совет: бебе да цица првите два месеци буквално на секој саат и ќе ти стимулира добра лактација, многу вода и супи и тоа е тоа, без откажување и давање вештачко млеко.Со тоа само ќе си го изгубиш твоето...со лесно
Женски, дали некоја од вас имала пецкање во градата? Денеска имам чудно пецкање на едната града, па ме интересира дали некоја знае што е?
Имав пецкање до 3м и тоа некогаш многу јако и болеше, битно ќе помине, а што е нека каже некој друг јас незнам
и јас со првото можев млеко да продавам ама не влечеше не фаќаше као демек мали брадавици. Е сега со истите тие мали брадавици влече бебчето без силиконски без пумпа без ништо. Само што сега е обратно слабо млеко имам почна да надоаѓа ама повеќе болка сеќавам одколку бебе да цица
Во последно време многу бавно ми надоаѓа млеко, односно беба влече влече и требаат 3-4мин да дојде млеко и почнува да се тегне и плаче, од што би можело вака?
Пиј повеќе течности. Некогаш и мене ми се случува така, да бебо влече и после минут две веќе слушам како голта. Можеби и првите влечења од бебо не се толку јаки
До вчера прашував што за доење сега имам друго прашање,ми надојде млеко бебе влече цица,по 3-4 саати сме на гради. Градите топки што да ви кажувам,дома здравје со пумпа ќе одмолзувам ама до кога ли олку тврди ќе ми бидат?