Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.650
    Не се решава, тоаа се хормоните.
     
    На Someday му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Да така и мене ми викаат, ама јас знам дека не е така, се осеќам.. упм....
     
    На Girl-Rabbit и BabyT* им се допаѓа ова.
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    денес бев на педијатар за да го ѕирнат папучето,синоќа падна ама чудно ми е местото. Е сега покрај контрола го мереше и ми кажа дека во килажа е 2870 од отпуштање напреднувал по 25 грама на ден. Рече ок било. Да дојам ама млеко да имам прирака како дохрана. Послем си викам добро бе ако стагнира или не напредува во килажа оти да давам ад.. (facepalm) еве саботатс неделата и понеделникот поминавме по 12 сата на гради и без капка ад млеко. Неделата вечерта и понеделникот се доевме последно крај 11 саато вечерта по 20-30 мин и го држеше околу 3 саати. Потоа уште еднаш од 20 мин и пак го држеше уште 3 саати. Лесно ги поминавме ноќите со 2 будења и цело време спиење без плачки. Денес беше многу нервозен па дадов еден оброк ад млеко и веќе решив дојам и во меѓувреме се молзам. За понатака ќе видиме. Поучена од првото дете решив по секоја цена да дојам сега колку што ќе можам.
    *а кај вас што доите по колку килажа напреднале бебушките?
     
  4. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.122
    Допаѓања:
    1.489
    Пол:
    Женски
    Јас го носев на контрола кога имаше две недели, го мереше 4200, а пуштен од болница со 3750, за 12дена 450грама и ми рече океј било. Сега наредна контрола на месец па ќе видиме тогаш колку напреднал:D
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  5. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    4.995
    Од 20 до 30 грама е просечно дневно. Одлично напредува. Битно е да мочка и полни пелени. На почеток цицаат мноооогу.
    Без грижи, ако не ти се свиѓа што збори педијатарот, смени го.
    Не значи дека е нервозен само за глад.
     
    На Kaetana и marchi-cool им се допаѓа ова.
  6. Еме 22

    Еме 22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2016
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    167
    Пол:
    Женски
    Денес многу се исплашив .Вчера и денес не чувствувам во градите да ми наидува млеко оноа како да боцка и си викам детево не му стасува млеко гладно е 100 % .Кога да ја стиснам градава едвај 1 капка .Отидов на педијатар ме стисна имаш млеко го ставив бебушко ми вика,,Види што убаво цица"И вика сега е поголем ја празни градата до крај .Килажа ок ќе го мерат за 2 дена пак .Некој слично искуство ?(извинете за долгиот пост)
     
  7. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Нормално е, кога ќе се воспостави лактацијата веќе нема да боцка и да ти бидат цврсти градите, биди само упорна и не мисли дека немаш млеко, ако качува килажа и ако полне пелени супер сте.
     
    На Еме 22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Еме 22

    Еме 22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2016
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    167
    Пол:
    Женски
    Фала ти. Сега за сега килажата ок 200 гр неделно во просек .
     
    На Turna и BabyT* им се допаѓа ова.
  9. Turna

    Turna Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    И мене истово ме мачи, незнам што да правам , бебе плаче не спие многу и сите ми викаат ама да не ти е слабо мелкото да не не и е доволно или да не не и е доволно млеко може не се најадува затоа се буди плаче, пробај давај и друго млеко. А ваму кога ја носам на педијатар не кажува ништо добра е напредува за месец 1 кило и незнам ни јас:(
     
    На Еме 22 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Еме 22

    Еме 22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2016
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    167
    Пол:
    Женски
    Истото и кај мене он е плачко ептен не знам јас од што е дали од глад ама и во раце сме научени нон стоп
     
  11. Turna

    Turna Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    И ние со нишање заспиваме , ако не се нишаме плачеме:|. Де во раце де во колевка на нозе на сите можни начини но да се нишаме.!
     
    На Еме 22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. day.dreamer

    day.dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    361
    Допаѓања:
    900
    Женски, имам проблем со доењето на едната града, колку и да е гладен не ја фаќа на убаво и ми ја влече и сега имам рана, каде дури и ми фали дел од брадавицата. Се мачкам со ланолин ама нема ефект. Некој нешто слично да имал и да ми каже што да ставам за побрзо да ми помине?
     
  13. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Не слушај тетки,баби,свекрва,мајка. Штом бебе напредува убаво,а 1 кг е супер значи дека не е гладно и нема потреба од дохрана. Некои бебиња повеќе спијат,некои помалку,за плачење може има грчеви,а може и такво е бебето. Моето беше плачко,имаше грчеви,преку ден многу малку спиеше,постојано беше на града и качуваше по 1,400 кг.

    За заспивање постојано менуваат. Некој период само ќе цица и ќе заспива,па ќе сака да го нишкаш,па ќе сака само да го држиш во раце,па да лежите на кревет...

    Ставај го да ја фати целата ареола,а не само брадавката. Одмивај ја почесто и мачкај после секое цицање ланолин. Мести го убаво,најди положба и за неколку дена ќе помине.
     
    На Еме 22 и Turna им се допаѓа ова.
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    леле.... Јас со првото многу мака видов,плачливо дома не можевме крај да му најдеме па сите можни нишкања ги испробавме. И до 2ипол години со нишкање заспивавме. Со второво фала богу да не подрекувам не е толку плачливо станува на цицкање малку враце и пак на спиење. Мене искрено ми е жал само да лежи ама ако го заучам враце после мака ќе си имам. А сакам да поминам време со него гушнати во раце ама сеуште не можам заради царскиот.
    и мене педијатриве ми велеа не само брадавицата ставај цела ареола. Ама како што му е мало устето не може да ја фати цела.
     
    На Turna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Turna

    Turna Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Еве точно два месеца напрајвме и уште плачка е овие дена од кај 17,18ч не спие како што треба заспива се буди и плаче и тоа трае така до кај 22,23ч.
     
    На Еме 22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Женски
    Се селиме од кај мешињата кај бебињата.
    Породена сум пред нецели 20 часа. Природно и многу лесно. Веднаш ми ја ставија беба на гради и веднаш фати да трга. Од тогаш ја ставам на гради скоро на 1-2 часа колку да воспостави контакт. Но млеко сеуште немам.
    После колку време од пораѓај ви надојде млеко.
    Исто и мака мачкам со брадавиците. Мали ми се и додека фати умирам од болка. Мачкам ланолин, но не помага. А лакома е беба и толку е мала ама цела авеола ја фаќа.
    Некој совет. ..
     
    На Еме 22, Ygritte и thinkerbell им се допаѓа ова.
  17. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Честитки мајка! Нека е жива и здрава малата, голема да расте!!! :sun: :f: :l:
    За млеко е рано, првите неколку дена тече колострум, жолтеникава течност полна со антитела, од значителна важност за бебето е да го прими целиот колострум. После 3-4 дена ќе ти надојде млеко ако бебето редовно ја стимулира градата. Супер што фаќа убаво и влече, брадавиците ќе болат, ама ќе отрпнат, мачкај ги редовно со ланолин и со Д3 и оставај ги градите да ти се луфтираат. Ако ја фаќа цела ареола ко што велиш тогаш така е правилно и не ги требало да ти се разранат. Со лесно!
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    2.138
    Пол:
    Женски
    Мајкички здраво, стари сме 12 дена и секој ден нешто ново доживуваме. Беба ми е на мајчино, по потреба и пумпам имав проблем со брадавици и млеко првите денови. Малата убаво си цицаше, е сега три ноќи со ред си спие повеќе, само еднаш или двапати станва за цицање. Од кога преспива ноќе, дење ми цица почесто, на пола саат, ми заспива на града ... Дали е ова нормално? Ми е страв да не нема доволно млеко штом бара набрзо.
    Хелп :worried:
     
  19. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.449
    Пол:
    Женски
    Нека е здраво и живо да ве направи горди родители :inlove: вака сега, мачкај ланолин обавезно :D не е штетно за бебка, нуди ја почесто да влече, ќе те боли дури да извлече млеко и самоте брадавици, пиј повеќе течности, вода, јогурт и сок од јаболка (кај мене функционира еве веќе 6 месеци) потоа може да јадеш чорба од лосос и телешка чорба, рецепт од една Филипинка, мене ми надојде млеко после 3 дена, исто природно породена.... Не можев да престигнам од многу млеко :D јас многу мака видов со вовлечени брадавици па давав првите неколку пати со силиконски да ги извлече брадавиците..... Со среќа (fingers) :inlove:
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    истово и јас сакав да го прашам. Ноќеска цицашр накај 1 сатот потоа 4 и во 8 денес да не речам цел ден е на цицка. Дадов еднаш ад млеко реков да не не се најадело добро ама пак иста песна. Од 14 часот досега заспа само 3 пати по 10тина мин а цели 3ипол сати на гради.
     
    На Еме 22 и Mia Fuentes им се допаѓа ова.