Со второво бебе и мене ме болеа бравиците на почетокот за една недела фати темпо и омекнаа од подој на подој тоа е мое искуство а со првото ставав Ад капки некое време.Млеко ми надојде 2 -3 ден .Честитки на новата улога и среќно !
Ви благодарам на честитките и одговорот. Ја ставам на подој. Сеуште само колострум има. Знам ќе попуштат со време. Туку @Ygritte праќај рецепт од филипинката. Пијам по 1.5 -2 Л вода 1 Л сок, 2-3 чаши јогурт, 1л чај за доилки. А сеуште сме во Плодност Се надевам ќе дојде. Среќа малата е мирна.
Женски што смее да се јаде за време на доењето, во смисла да не му ствара грчеви на малото , а и сепак да не предизвикува цврста столица.
Јади си супи, манџи со компир, ориз, мевце, зеленчук комбинирај нешто, за полесно "да излезеш" во вц јади компот од сливи, праски, млеко со шеќер
Сѐ што ти душа сака - сѐ додека не забележиш дека нешто смета, не тргај од мени. Цитруси би препорачала да внимаваш заради пеленски осип кај бебето. Друго ништо.
Cestitki majka. Jas za gradite se mackav so Medela i nema potreba da se mie pred cicanje i mnogu mi pomogna. Plus koristev i selikonsli bradavici na medela i do den denes uste gi koristime. Za mleko posle 2, 3 dena ke ti dojde, neka e bebe pocesto na grada.
е и јад пишав за ова во тема дневно мени за доилки. Очекував активност барем слично како и мени за трудници.
Навечер на колку време е нормално да јадат новороденчињата ? Моето е недела дена , последно јадеше во 02:30, а скоро 7 ч е. ептен има потерано , се мислам дали дс го будам да му давам да јаде
Брадавиците ми се крв значи бебе ме искасапи. Ставав ланолин уште пред пораѓај,џабе.Сега земав силиконски на медела. Подобро е. Од вчера вечерта до сега само на цице е. Ама после саати цицање он пак е гладен,никако не се смирува,па му давам 30мл ад и после тоа е ок. Млеко имам,ама најверојатно уште е малце,денес е 4ти ден. Не знам што да направам да биде сит од цице,многу ми е мака што му давам ад
Мене силиконските ме спасија, јас уште така и давам да цица. И секако ланолин после секој подој. Пробај да не даваш ад и мерите се почесто, ако добро напредува нема потреба од ад. На почеток знаат да цицаат и со саати и затоа мислиме дека се гладни. Всушност се мали и заспиваат, се галат, бараат топлина од мама.
Драги мами, Кратко инфо како поддршка - нормално е бебе во првиот период по раѓање да не се двои од цице. Не бара да цица само од глад. Со оглед на тоа што нема многу начини да го восприеми светот надвор од мешето, туку го има само цицањето како поврзување со мајката, нормално е да бара да цица и кога не е гладно, туку кога му треба утеха, допир, сигурност, смирување. Затоа не бројте, не гледајте на саат, давајте да цица цело време. Тоа е и одличен и најефикасен начин да се поттикне производство на млеко и регулирање на количината кај мајката. Не е до чајот, не е до апчињата, ако нема стимулација, нема млеко. Сфатете го тоа како механизам преку кој бебето сигнализира кај мајката колку млеко му треба. И да отспие подолго време - не се паничете. Но, бидете претпазливи. Две опции се во игра - спиење кај бебе кое преку дента си ги "добило" потребните количини на млеко, и преку ден надокнадува за спиењето. Кај оваа опција мајката треба да биде сигурна и дека лактацијата е воспоставена и дека непразнењето на градите навечер не влијае на вкупната количина преку ден. Обично бебето тоа го "подесува" со дневните подои кои се почести. Но, на почетокот измолзување како стимулација нема да е наштети - како превентивна мерка. Или уште подобро - доење во спиење (dream feed). Не се буди бебето, туку само се зема и му се нуди директ градата. Функционира одлично. Вториот момент е дека бебето има физиолошка жолтица (сите бебиња ја имаат) но е поизразена, па спие заради истата. Тоа значи дека пропушта подои кои му требаат за да напредува. Бидете внимателни. Видете према мерење на бебето како е со напредок. До првото мерење кое јас би рекла е меродавно после 2 недели, гледајте ги пелените. Бебето треба да полни пелени преку денот. Не мора да кака (столицата кај бебињата е многу мека и не прави притисок на цревата па бебето може да не се кака и до 10 дена). Ако е мешето меко, нема причина за паника. Дури и да плаче бебето, и да изгледа ко да се грчи. И памтете, грчевите се нормална работа и секое бебе ги има. Некое поизразени, некое поблаги. Сѐ што треба е често доење, контакт кожа на кожа со мајката, галење и мнооогу трпение. Со лесно!!
Многу упорно ланолин. Ќе помогне ама треба време. Млеко не се става секогаш - особено не во случај ако се работи за кандида, затоа што кандидата се размножува во млечна средина (блага средина) и може да направи големи проблеми со вазоспазми. @day.dreamer
Едно прашање, другарка моја имаше денеска интервенција со анестезија и не треба да си го дои бебето до утре. Проблем е што малото не фаќа никако шише, и не сака АД ниту со лажичка, шприц, чашка. Дали можам јас да му дадам да цица еден подој? Цел ден е само на неколку лажички домашен сок од морков. Кај мене моето уште цица, ама веројатно нема да смета и на двете бебиња ако им дадам? Нејзиното е 5+ и е само на доење, моето е 8+ и е на доење + 3 оброци.
До вчера прашував како до млеко,како со стврднати гради и сл. Сега е друга ситуација,бебе денес си цицка цел ден на секој сат по 20тина до 40 мин. Градиве сега ги чуствувам празни. дали навистина може да се или ќе си се излачи млеко пак? леле човек да не знае кај да се заврти. Кај и да е паника и за ова ќе ме фати,морам да си прашам