Глупо прашање ама тоа е. Малата цица,3 месеци уште малце ќе праиме.Градиве ми се премногу меки,ко пифтии да не речам нели убави ,пуни треба да се.Во почетокот такви беа
Кога ќе се воспостави лактација градите веќе не се тврди ( не се преполнуваат ) . Значи кога ќе е потрошувачката колку што е побарувачката се лачи млеко колку на бебе/дете му е потребно. Последните месеци пред да го одбијам ( на 21мес го одбив ) беа бетер издишани
Воспоставена е лактацијата и затоа се меки. Немај гајле, тоа значи дека имаш млеко колку шо си бара бебе
Се прецицува и вишокот го бљуцнува. Нормално е новороденче да е нон стоп на града. Не е само дека е гладно, сака близина, така се смирува, мирисот на мајката и топлината им дава смиреност. Полека како расте и ќе осознава околу себе, ќе се намали тоа висење на града. Ако има и грчеви тогаш и тоа висење на града го смирува бебе. Кога плаче многу, има грчеви, немирно спие и тн. практикувај кожа со кожа метод. Соблечи бебе само по пелена и ти од половина нагоре да си гола и стај бебе над тебе свртено со стомачето, нека цица или нека спие така. Подвиткај му ноџиња нежно како во фетус положба и ќе му се намалат грчеви и ќе се осеќа посигурно и мирно.
Ако бебе полни пелени, накачува во грамажа ( месечно мерено ) немаш простор на грижа. 21мес доев, бебе напредуваше над просек. Тродуплираше родилна ( 3,330гр ) уште на 6мес, а никогаш немав измолзено повеќе од 20мл ( неколку пати пробав за да видам колку ќе измолзам ) и градите ми беа како памук уште после 2риот месец . Да знаеш дека и сега негде 3ти месец им е нај лошиот скок во развој, кога има периоди да нејќе да цица, да плаче како да е гладно, а фати цице да плаче или на сред цицање да вришти итн. Тоа е период кога многу мајки мислеле дека бебе е гладно или дека немаат млеко и почнале со дохрана и се одбиле од цицање. Подетално за ова имаш на гугле многу статии за овој скок. Имаш и на фб група Подршка на доењето. Мој совет на фб да го имаш, да му ги читнеш статии и совети и на : https://www.facebook.com/DrJackNewman/ Најпознатиот доктор и советник за лактација во светот. За све поврзано со доењето ќе најдеш одговор соодветен во неговите извадоци од книгите, статии и совети.
мене па преку ден ми се исто "пифтија" ама навечер па ко ќе си легнам до сабајле пак ми се стврднуваат. Не толку колку на почетокот од доењето. и кај нас е така преку ден одкако ќе стане некаде крај 10 часот се до околу 4-6 попладне ми е на гради и во раце. Ми викаат ау не го учи така ова она... А сирото малечко е греота ми е додека е будно да го оставам само да лежи во кревет и нешто да набљудува тажно. Па нели сака гушкање ги подава рачињата се тутка се тегне.... не се штедете женички бебињата ќе пораснат после ќе речете оти сега не можам да го држам во раце,утре ќе пораснат толку што ни за рака нема да сакаат да ги водите а вас ќе ви недостига тој момент.
Здраво да ве прашам ако трета керкичка ми е прв пат дојам наскоро прави 2месеци ме интересира постојано ли ќе тече млеко од градиве цело време дома по 100 пати миење, цица од едната од другата до коленици мокра кога треба да испаѓаме некаде ми се плаче додека се натокмам потекле пак ставам такви влошки пуштаат пак а градиве така големи сеа уште повеќе не се фалам ги мразам, размислувам како ќе ме биде на работа кога ке треба да се вратам, некоја искуство?
Најактивни сме тука. 8 дена денес полни бебе, до вчера имав проблем со преполни гради а денес градите ми се папушки, баш пифтија. Како да немам доволно млеко. И бебе трга трга па голта и бара почесто доење. А јадам пијам течности. И со пумпата кога се измолзувам после подој само по 20 мл излегува. Синоќа дури паника меѓу фати, не знаев што да правам. Ајде генерацио, пукајте совети.
Многу е мало бебето за толку чести мерења.. знам затоа што истото го правев за ќерката, на 3 дена одев на мерење, и те имаше намалено, те едвај качено. Лактацијата обично се воспоставува во првите 2-3 недели (па и до 5-6). Доено дете не се мери на 3 дена. Нормално е да не качи, па во следните 3 да качи 200 грама. Не качуваат по просекот стварно на дневна база. Затоа е просек. Ама просек на 3 дена е тешко дека ќе биде изводлив. Истите мерења ги имав со малата, нерви кинев и рикав и се фрустрирав. Зачестено доење ако немате мака со фатот. Макар и да е на 40 минути. Навечер на макс. 2.5 саати. Напредок 20-30 грама дневно. Но барем би причекала 10 дена за мерење, во кои пелените треба да се полни (помочани). За тоа дека прашуваат луѓе, ќе прашуваат, и ќе фрустрира. Но, не обрнувај внимание. Ти си знаеш колку нерви имаш на располагање. Повеќе од тоа воопшто не вложувај. Твоите мачкај ги со ланолин интензивно во секој момент во кој се "слободни". Кај сите на почетокот се истите проблеми, или болки при доење кои се нормални дури и при добра позиција на бебето (додека се навикнат брадавиците на често "гњавење").. а доволно е еднаш бебето да фати лоша позиција и после денови да треба да се рехабилитираат градите. Ама мора упорно мачкање. И јас немав проблем со градите. Никогаш не ми беа болни, ниту пак претерано стврднати (само насабајле и во болница). Не е тоа никаков знак за немање млеко. Колку молзиш со пумпа не е знак колку млеко имаш. Нормално е да ти се омекнати градите, тоа и се бара кај жени доилки како "нормална" состојба. Без гајле. Бебето почесто што бара е знак дека веќе има потреба од поголема количина млеко. Но, тоа не значи дека немаш млеко, туку дека бебето си дава сигнали до градите дека треба да зголемат лактација. Сѐ е во ред сѐ додека напредокот е во граници.
@Kaetana @maja1511 ви благодарам. Мајка ми е медицинско лице кое работи кај вакцините во диспанзер, ми вели добра е бидејки секое преслекување пелената е полна со мочка и Кака жолтозлатна. Ако нема млеко ќе нема често полнење пелени. Ама само се мислам. Мајка. @Yowannty со брадавиците биди упорна со ланолин, и трпи Мила. Дали се измолзуваш? Јас првите 4-5 дена си ги видов сите светци од болка, крварење на брадавиците, рагади, дури и гној. Но упорно ставав бебе да цица. Сега 2-3 дена прво со пумпата Измолзувамдодека не почне да тече млеко па ставам бебе на града, така полесно трга и брадавиците ми се извлечени и не боли до толку
Колку почесто го доите бебето толку се полнат градите со млеко. Јас како што се сеќавам , првите недели ми беа тврди градите , потоа почнаа да омекнуваат ама пак си имав млеко и ќерка ми ја доев до 11 месеца. Кога се полнеа со млеко , чувствував како некое скокоткање од внатре Со измолзувањето не знам како е , ама бебето знае колку му треба млеко кога го доите , а тоа што повраќа е нормално ако се прејадува се исфрла вишокот млеко. Ќерка ми до 6ти месец повраќаше по самиот подој само вагата ќе потврди колку напредуваат месечно , не се водете по тоа колку мл измолзувате - толку млеко имате
Здраво и јас бев исто како тебе ние и се дохрануваме купив пумпа дадов 2000ден за неа 3пати ја искористив само исто по малку ми испаѓаме млеко патронажната ми рече дека не е исто пумпата само влече а бебе кога цица и притиска и влече значи од пумпа ти испаднало 20мл тогаш бебе 40вади кога цица биди упорна малечко е сака и да се гали кај мене ке ја лапне и ќе заспие на неа, пиј си чајчиња за лактација и опушти се без нервози ние ке правиме 2месеци не дека е мн голема ама не е веќе така мала додека трепнеш оп они растат
Мајки да прашам, се измолзувам на 2-3 саати, не цицаме, вчера ме фати треска и температура и едната града ме боли и ми е стврдната. Совет? Какви облоги да ставам да помине сето ова?
2 mesecno bebe....mi treba iskustvo za noknite podoi.....do sega stanuvame noke za cicanje....ako epten e zaspana ja budam za cicanjje.....ne znam dali da ja ostavam da spie i da cica sama koga.ke bara....inaku noke ne placi za jadenje samo preta ☺
Остави ја да спие ке ја надоиш кога ке стане, искористи го овој период додека спие за да се одмоиш кратко трае, по некое време пак ке почне да станува да јаде на 2ч, уживај сега
Топли облоги пред подој и ладни после подој. Туширај со топла вода и масажи за да ти се отпушат каналите. Ако многу те боли и не можеш сама, побарај помош од сопругот. И ако имаш темп можеш да се напиеш парацетомол.
Да ве прашам мамички до кога ќе болат градиве неможам веќе после цицање многу ме болат дури и позади на грбов осеќам болка
Здраво, Јас имам проблем со грутки во градите, имам 2 месечни близначиња кои цицаат обилно и добро напредуваат. Но мене тој проблем до сега ми се случува многу често 7-8 пати откако се породив. Навистина е многу болно качувам и температура, отоците ги средувам со облози од зелка и масажа. Знаете ли отприлика до кога се јавуваат овие проблеми, кога каналите убаво би се отвориле?