Некоја што дои и пие еутирокс? Негде по темиве причитав по апчето два часа да не се дои, а двајца педијатри прашав рекоа дека нема врска. Да прашам ендокринолог? Некоја што пие и дои со искусво?
Јас пијам еутирокс од 50 мКг, и дојам веќе 10 месеци и не чекам по 2 часа. Според мојот ендокринолог нема никаква штета и ризик по здравјето на бебето. Можеш и овде да си провериш http://www.e-lactancia.org/breastfeeding/eutirox/tradename/
Здраво мамички, денеска осетив болка под едната града и малку тврдо, 3+ сме ова ни на почетокот не ми се деси што мислите до што може да е? Некоја со слично искуство и како да си помогнам? Многу е болно поготово кога цица од неа
За количина на млеко за доење не мора да се пијат сокови... Ниту пак млеко. Може да се пие само вода и да се има доволно млеко. Важно е човек да е добро хидриран. И искрено пред сокови би препорачала цедени сокови или уште подобра варијанта - чај за доење. Но и на цело пиење течности - најважно е бебе често на гради за стимулација. Без директна стимулација ништо не бива.
Веднаш измолзувај. Јас двапати фатив мастит и тоа додека осетив болка веднаш и температура качив. Среќа со брзо делување за еден ден се повлече. Одмолзувај и ставај бебе да цица колку и да боли.
Најпрво наполни шише со жешка вода и држи го кај грутката некое време. Потоа со цела сила масирај накај брадавицата. Болно е но мораш да издржеш. Кога ќе опуштат малку каналите, давај одма на бебе да цица од таа града. Мене само ова ми помага.
Мајки дали по секој подој ги исправате децата да ждригнат? Јас едвај така го успивам ако го исправам ќе се разбуди и ништо од спиењето.
Јас не ја исправав бидејќи не и беше оформено капачето на желудникот и ако ја исправев цел подој и се враќаше назад.
Мајкии, незнам дали е за тука прашањево ама ај да си прашам. Дали е нормално тоа што толку рано добив менструација а ја дојам? Еве веќе бебка ќе полни 3 месеци уште една недела, а јас добив . Слушам тие што дојат покасно добиваат или нема врска?
Мајки бебето во одредени периоди од денот ми е некако нервозно на града, се мава во града, го врти главчето брзо лево десно, како да е прегладно, неможе да ја фати дојката едвај му да пикам (а инаку супер си фаќа) кенка, и сака и не сака да цица, незнам што му е гладно ли е, му се спие ли па е нервозно. Си велам малку му е моето млекце па му давам ад 60мл ќе се сжири 10мин и иста песна, обично се случува навечер, инаку сме 18дена.
Ние сме 22 дена. Истото се случува и до моето. Еднаш два пати тоа го прави на града, а инаку си е Супер. И јас на почетокот дадов 2-4 пати АД мислејќи дека е гладна, но по совети од неколку членки тука дека имам млеко И тоа што Супер си напредува последниве 2 недели само со мајчино исфрлив АД. Пробај малку со шетање додека фати. Или измолзи се малку пред цицање. Јас заклучив дека од шприцање на млекото така се врти и е нервозна.
Имам една тема околу доењето па да не отварам нова тема ќе спомнам овде но доколку има или модераторите решат дека може да има нека отворат дискусија. Понекогаш слушам и читам за тоа дека една мајка кога во моментот не е во можност да дои нејзиното бебе може да се даде на друга мајка да го надои. Што мислите вие за тоа? Дали би дозволиле и дале свое бебе друга жена да го надои?
Баш скоро дискутиравме на оваа тема кога @happygirl го надои бепчето на другарка, само не знам во која тема беше. Јас со задоволство би надоила туѓо бепче, а исто би го дала и моето да го надојат ако јас не сум во можност. Со синко кога доев во маалото бевме 3 доилки и се зафркававме дека не е страшно да ги оставиме бебињата оти може било која од нас да ги надои... сепак немаше потреба од тоа па немам лично искусено.