1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Scorpion91

    Scorpion91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    207
    Пол:
    Женски
    Мајки вие што бебињата ви беа "залепени" за града како се справувавте кога требаше да излезете надвор? На пример пред некој ден го носев на педијатар уште коа стигнавме во чекална почна да вришти за цице, цуцла не сака ја плука, среќа му имав измолзено 60мл па му ги дадов, додека пиеше супер, штом го испи иста песна. Сега сме 22 дена. До кога ќе трае ова? Се плашам дека нема да можам да го шеткам после 40дена како сите што ги шеткаат бебињата. Тој не дека е само гладен, сака цице во усте за утеха, блискост со мама
     
    На Girl-Rabbit и koritsaki им се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    секогаш бебето може да исцица повеќе одколку што со пумпа можеме да измолзиме. И јас сум измолзувала околу 80-100мл исто така имав млеко што само течеше цуреше сега не,и по тоа знам дека е намалено. Сва среќа бебињата што напредуваат ама некогаш кога сме ние во ваква состојба делуваат нервозни и гладни
     
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    ќе си го доиш кога и да посака. Јас кога одам некаде без бебе морам да оставам АД ако сум излезена со него си го дојам
    @Yowannty мислам имаше вакво искуство
     
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.991
    Пол:
    Женски
    Јас ја дојам на едната града, чекам да се опушти и смири, па ќе ја легнам на кревет, во меѓувреме најбрзо што можам спремам торбица, се спремам јас, и менувам пелена и ја облакам неа и ја ставам на другата града и кога веќе е поспана ја ставам во количка и шибаме надвор или на педијатар. На педијатар секогаш ми плаче ама почнува во моментот кога педијатарот почнува со прегледи и тука не можам ништо. Кога завршуваме со преглед, ако во чекална нема други деца пак ја ставам на града да се смири малку, или на клупа во парк одма има под зградата, па пак во количка и одиме на шетање.

    Не мораш да чекаш 40 дена, почни по малку да ја вадиш надвор да се привикне. Ја мојата ја шетам од 7миот ден. Обожава надвор. Вчера дур шетавме ич не заспа, цело време разбудена беше си гледаше наоколу и гугаше.
     
    На Mia Fuentes, marlonbrando69, happygirl и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.763
    Допаѓања:
    7.266
    Пол:
    Женски
    Градите постојано се полнат, не се окупирај со тоа. Тоа што ти се меки не значи дека нема млеко. Опушти се и уживај ;)
    Јас дојам тандем и овој пат не почувствував тврди гради (реално нема кога да се преполнат до толку :D).
    Едноставно. Кога почнал да плаче си требала да му дадеш цице.
    За шетање нормално дека ќе го шеташ, со тоа што штом побара цице ти ќе си седнеш и ќе му дадеш.(Во ситуација кај што нема кај да седнеш ќе му дадеш и стоечки ;)). Верувај првите неколку пати ќе ти е непријатно, после ќе ти биде сосема нормално.
     
    На srekice, Girl-Rabbit, koritsaki и 2 други им се допаѓа ова.
  6. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.549
    Пол:
    Женски
    Читам сега во тема Враќање во форма по породување (од пуста досада на бед рест веќе не знам што да исчитам...) и ме потсетија муабетите таму, па сакам да прашам нешто. Како влијае доењето на килажата на мајката?

    Се сеќавам уште од времето имаше една епизода на Очајни домаќинки кога една дои големко дете, околу 3 ипол или 4 години и кажува демек доела толку долго зашто така одржувала линија, јадам што сакам и све оди кај детето - па отсекогаш ме интересирало дали е тоа некоја глупост од филм или има дел вистина. Во темава Враќање во форма по породување жениве гледам пишуваат дека сите се мн стрвни и јадат многу благо дур дојат. Една моја другарка дур беше трудна се поправи само 7-8 кила, а после дур доеше (и тоа не мн долго, снема млеко) се здебели уште 4-5 мислам. Какво е вашето искуство со ова?
     
  7. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.620
    Пол:
    Женски
    Јас додека бев бремена се поправив 11кг, после бременост - 17кг, доам и мислам дека има тоа голема врска. Телото не ми е исти пропорции и имам кожа ама сум послаба
     
    На EvieBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    јас стартував со 60 кг до пораѓај 69 2недели после пораѓај 59. Се здебелив 9 а ослабев 10 кг.
    За тоа со доењето не Знам колку е точно, гледајќи според мама,од ко се породи со сестра ми 3 години ја цицаше си остана дебела исто како пред да се породи,со стомак од 9 месеци. Значи не е точно. А од други па имам слушано дека демек ако дојат ќе ослабат.
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.991
    Пол:
    Женски
    Доењето троши доста калории. Ама што дека кога дојам седната/легната 100 пати на ден, јадам набрзина од нозе зошто толку ми дозволува времето и седнувам да дојам. А јадам што имам при рака и додека дојам секако се лепи за мене. Лично не верувам дека доењето има некоја поголема улога. Ама ако некој знае нешто повеќе би сакала да прочитам и јас.

    И јас во бременост се попраив 8-9 кила. Ама немам вага и се немам мерено воопшто месецов како стојам со килажа откако се породив. Со тоа што уште само едни панталонки ме собираат се ми отишло во гз и нозе. :tmi:
     
    На koritsaki и EvieBabe им се допаѓа ова.
  10. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    За време на бременоста имав хемороиди. Матичната ми даде едни апчиња да пијам кои беа мн ефикасни. Флебодија. Прашањетоми е дали да ги пијам додека дојам.?Логиката е дека штом сум гу пиела во бременост можам и во тек на доење. Што мислите?
     
  11. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.058
    Допаѓања:
    72.323
    Пол:
    Женски
    И ја се водам по таа логика обично ама прашај за сваки случај. Кај беше лани со ефикасни апчиња за хемороиди... едвај се спасив.
     
  12. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.763
    Допаѓања:
    7.266
    Пол:
    Женски
    Доењето троши многу калории, плус и неспиењето... е сега зависи и колку внесуваш, а дефинитивно е различно и од човек до човек. Јас секогаш имам навика да си јадам благо па не си бранам :D. Еве сега ретко имам време за јадење и како број на оброци и количина а го дојам и бебето и поголемото бебе (мене уште ми е бебе :D)... ме замисливте, одам да се мерам :)
     
    На srekice, hello-kitty.90 и EvieBabe им се допаѓа ова.
  13. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Ништо. Ги купив ама во упатство пишува строго забрането за време на лактација.
     
  14. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    23.761
    Пол:
    Женски
    Очен преглед за време на доење ок е? Ваљда не е ништо штетно.:wasntme:
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.620
    Пол:
    Женски
    Не е проблем, бев и јас. Ми напомнаа дека после бременост знае од хормони видот да се оштети, по извесен период да се врати назад. Како и да е кај мене бше зголемен диоптерот и за една недела пак се зголеми. Но не мењам и чекам да се врати мжна старо.
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    23.761
    Пол:
    Женски
    Ја си осеќам дека ми е зголемен диоптерот,дури почна и да ми смета.Може ќе се намали понатака,ама морам да одам и сега ептен не гледам.
    Фала ти.
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SaNJaAaaAaa

    SaNJaAaaAaa Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.466
    Кажаа ли кога би требало да се врати во “нормала” од пред бременост? Да знам дали уште да чекам или да земам да ги мењам?
     
  18. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.620
    Пол:
    Женски
    Може и до година. Зависи како ќе се 'средат' хормоните. Лошо е што ако земеш поголем диоптер тешко назад, барем во мој случај.
     
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    Добро,можно е ноќта убаво да си ја поминеме амаа а чукне 5 сатот наутро кошмари.. па стануваме во 5 па во 6 па во 7 па во 8 па во 9.... Ни заспана ни расонета ни па можам нешто друго да направам во период од 5 до 9 сатот па и 10 - 11 не фаќа. Какво се тоа цицање секој саат ??? ;(
     
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.991
    Пол:
    Женски
    Аиии тебе вака ако ти почнува од 5 што да речам ја што вака од 2 ми почнува? Ми смени навечер скроз. Заспива од 9 и поврзува до 1 и толку е. После тоа на секој саат сме будни. А не дека цица. Градиве камен ми се. Еве ја легнав во креветче во 7 и 10, во 8 плачеше па ја земав, цицна 2 мин и еве ми спие во раце.
     
    На marchi-cool и koritsaki им се допаѓа ова.