@marchi-cool мојава уште малку година ќе прави па уште некогаш так.прави.Само нејзе и е 4алармот. 5,6,7 и така. Припишувам.на заби, на скок во развој. Зашто гладна.не е, јаде убави три оброци. Ќе помине. Сега таа ако не се разбуди во 4јас сум кукурек. Колку ниви можев да.ископам ехее.
Здраво мами, 3 месеци сме и знам дека не фака скок ме интересира ваше искуство, последниве денови многу нервозно цица фати пушти со плачење нишкање за да се доцица некогаш едвај 10 минути а кога мирен 15-20 мин, цица на 2-3 часа преку ден навечер еднаш се буди окулу 3-4 часот, до сега супер напредуваше. На колку време цицаат вашите бебушки и по колку ,да напоменам и поголемата истото ми го правеше и покрај мојата упорнпст се одби од града и сега ме фаќа паника
Е заради вакво цицање се чудам на коментарите за доење во јавност "Се знае бебе кога цица, ќе си го надоиш дома, ќе излезеш и следно цицање кога ќе се вратиш дома". Кај нас беше цица дома, бара во кола пак. Стигаме и пред да излеземе му давам пак. Во тие два саати шетање сигурно уште еднаш, два пати, во кола пак и дома одма . Ќе се навикнеш, што да ти кажам
Така се манифестира тој скок, мачно е да го задржиш на града ама биди упорна и не давај никако ад. Не е гладно @Minnie-e од вакви коментари вадам цицка на сред пат и и давам да цица. Се знае бебе кога цица-кога оно сака. Се замарав пред тоа сега на кој му смета нека си а заврте главата, моето дете нема да трпи.
истото,само мене крај 11 ми заспива убаво до крај 3 во 5-5ипол ќе стане и од тогаш секој сат. И не да цица.. гњави.. да ждригне да го кренеш да подзаспие поубаво... Јас поспана не знам што му е што му се дешава...И додека му го фатам редот тоа заспало јас сум се расонила. Фатило веќе 9 сатот. со првото ич немав мака,првиот месец 2 пати стануваше вториот еднаш и од третиот ич. Ама на ад млекото беше. Е сега нека се здрави живи. Ќе пораснат па после полесно ќе ни е на цицање не се знае кога. Како му знаат тие што така коментирале авал да им е. Сакав да прашам уште нешто,до кога ли ќе бњуцкаат и повраќаат?
Мајки ќе ве замолам вие што замрзнувате млеко, ако можете да ми кажете дали е нормално кога ќе го ставам во фрижидер нели за да се изедначи темп пред да го замрзнам млекото да фати како корувче или како и да се вика не знам. Го расклатив шишенцето малку, го снема скроз, ама страв ми е да не е расипано. Како ќе знам дали е расипано млекото? После молзење скоро одма го ставив во фрижидер. Стоеше 5-6 часа од прилика.
Да нормално е така да се направи на површината густо. Баш читав дека не треба да се протресува туку со округли движења да се размати тоа. Инаку во ред е да се користи, слободно замрзни го.
Тоа се млечните масти што се одделуваат на површината и е сосема нормално. Пред да го измешаш со друго или пред да го дадеш протреси го убаво за да не ти остане налепено по ѕидовите на шишето оти тоа е најхранливото од млекото.
Кеси за замрзнување од Авент. Ако ми треба за следниот ден го чувам во обичен фрижидер во шишето од пумпата зошто имам капаче за него.
Секако не би ставила сода, пошто сакам да го чувам млекото. И така не ја користам содата воопшто, во никоја намена.
5 минути да врие, само да стои нема поента, одма паѓа температурата на водата. Треба да е 100 степена (да врие) за да има ефект. Цуцлите, шишињата, пумпата, се ставам во едно тенџере.
Да прашам вчера измолзено млеко може да се смеша со денешно? Ние сме 32 дена стари и сигурно сме во скок. Вчера бебе не сакаше цицка да види, ја плукаше, плачеше... Ноќеска нормално цицаше, а денес само трга на празно. Гладна е а не цица. Па и немам млеко бидејќи не трга. И дадов АД после пола час го повратила. Како ги пребродувате овие периоди?
Се мешаат само да се на иста температура. Не брои подои, може минува низ скок, не давај ад, не давај шише биди упорна за цицка и остави сама да побара, може денеска ќе цица помалку, утре ќе надокнаде.